Мислев дека е тоа на почеток но се појавуваше само кога има магла и кога беше многу облачно времето, кога е вака сончево беше се во ред. Но како помина зимата почна секогаш така да ми се случува но не цело време. Еве ке излезам од дома за искачање навечер и додека одам до автобуска ќе ми се појават сите тие симптоми и додека чекам да дојде автобусот. Штом видам дека иде и се качам веќе ништо не ми е, ми поминува, само осрќам како мала загриженост и ништо повеќе. Или сега на одмор, првиот пола саат кога ќе искочам за на плажа ми се појавуваат сите тие симптоми (и ако видам доволно храбра да не се вратам назад) ми поминува
Здраво, здраво.Едно прашање.Трет ден како сум со зголемена доза на елицеа од 5 на 7.5 мг и некако многу ми се спие. Некои вакви искуства ?
Не е баш unpopular opinion. Голем број од нарушувањата знаат да извадат себичност од луѓето бидејќи се опседнати со нивните симптоми. Затоа е важно да се ислушуваат но и да се вртат темите кон нешто поразлично. Исто, размислете колку работи им се случуваат на луѓето па да можат да размислуваат на нешто друго. Дури и луѓе без нарушувања не излегуваат никаде, немаат каде да одат и тоа резултира со опседнување со болести.
Прави го она на телото шо му годи, на психата, не навлегувај во моменти каде ќе се чувствуваш непријатно, не се терај со сила дека треба да се излези, само постепено кога ќе добиеш сила, смени мисли ако ти дојде така, за некои работи треба и храброст но само со позитивна мисла дека ништо нема да ти се случи.
При зголемување на доза на АД, нагони за повраќање и главоболка ?Искуства ? Втор ден ми е како ја зголемуваме дозата и денес баш ме боли глава и сум со нагони за повраќање.
Сабајле ли ја пиеш?Да пробаш навечер пред легнување да пиеш за да се навикне организмот на поголема доза?
Психијатарот ми вика сабајле до 9.00 да испијам.Постепено зголемуваме, недела 2,5, недела 5, три дена 7,5 и еве втор ден 10мг.Другиве дози дали дека помали не ми даваа вакви симптоми сега со нагони е за повраќање баш е заникаде.
Обично препорачуваат барем една недела навечер да се пијат додека се навикне организмот на нив. А потоа се продолжуваат насабајле
Лошо си правиш ако го мислиш секој симптом. Прави како што ти е кажано. Ако продолжи да ти се случува, ќе побараш да ти го сменат лекот.
Освен поспаност не сум имала ништо, и сега ова со нагони за повраќање и главоболка ме изненади, не го следам туку баш ми е мака, затоа прашав дали е очекувано. Она мене ми рече дека со многу мала доза почнала требало со 5 мг и до сега да стигнеме до 10 затоа што немав никакво подобрување тие две недели.
Имаат и психијатрите некои нереални очекувања од сам почеток. Прво треба организмот да се навикне, па тек после да има некој видлив резултат. Они се водат по принципот дај појачи, па подобро ќе биде. Слушај си го телото, ако видиш дека не е тоа-тоа нека ти смени.
Тоа со 5 мг.е доза за одвикнување и почетна,10 е стандардна доза на пиење.Навечер не пиј,како ти кажале така прави штом одиш на контрола супер си.Препорака -немој да читај упатства ,за да не ги добиеш сите симптоми додека не почне да ти делува,следи си го докторот.Ако му веруваш дека на убав начин те води ,не прашувај никој,во спротивно има други лекари.