Ништо не е. Од промена на времето е. Баш слушав дека во лето на овие температури анксиозноста и нападите на паника се многу честа појава.
А бе ма работа бев, ме стегаше главата, побледев, внатре се ми клокотеше и сега еве, ко дезиорентирана се осеќав, ми се плачеше секој момент, кошмари живи имав овие два дена. Дојдов дома поплакав поарно ми е... И се само лошо мисли....
Дали ќе можиш да направиш магнетна на глава, те молам, ова мора да произлегува од нешто, ај направи.. Оти може има врска, се надевам ќе ти помине.
Зошто да направи магнетна? Овие симптоми секој втор со анксиозност ги има, посебно кога е вакво времето тешко...
Дајте бе што ви е... Сите имаме главоболки, баш имав иста таква болка и плус желудник ме болеше. Едноставно времето е тешко, спарно, сонце удира во глава, не мора одма со филмови дека е тумор..
Психијатрите ќе те тераат да пиеш лекови, но ако правиш муабет со невропсихијатар ќе ти укаже од каде може да имаш вакви промени или симптоми и прво ќе сака да исклучи дека се е во ред со глава, ништо не губиш да провериш и да си бидеш на чисто, години се бориш со ова.. Како сакаш, јас сакам да ти помогнам, дека анксиозноста е симптом и на некои промени во глава.. Чупето многу време се бори со ова, не е период, и не случајно има вакви различни промени во однесување, некогаш вистина нема ништо и се констатира само како анксиозност, но во последниве години тумури во глава е зачестено нешто, тоа да може да е причина а анксиозност, депресија, психоза како симптоми.
Види, можда и ти у право си сеа коа ќе размислам поубаво, да напраи па да види, чисто да си е мирна но и можеби би ја открила вистинската причина поради што се осеќа вака па би и дале соодветна терапија која ќе и помогне. Се измачува со години. @GirlLove не паничи одма па и ти, и одма со најцрни сценарија. Директно ти кажа членката и отворено но немој одма со страв ти.
Ништо не е за плашење, се се решава само додека да се стигне до целта односно причината и ќе одиш низ лавиринти ќе имаш мака, од многу луѓе шо поминало со ова е заклучено пример тумори во глава и тоа е главната причина, се се решава само да се сака, но не да вртиш во круг некогаш треба и прашување и барање и други доктори, различни мислења да чуеш за да дознаеш од каде произлегува..
Одвај се довлечкав од работа од глава што ме боли и имам гадење. Не туку прави филмови не е ништо страшно. И аман тргни се од темава.. јас не знам што мислиш да постигиниш со цело време анализирање на секоја сензација на телото, па секој циклус, па леле вака па леле така.. не постои апче ни доктор кој ќе те оправи ако сама не сакаш. А ти очигледно не сакаш. Ја користиш анксиозноста како некоја алатка да привлекуваш внимание на себе. Не си дете соземи се. Не знам што уште да ти напишам да те свестам. До сега ако беше болна од нешто страшно сега ќе ти палевме свеќи а не на форум да пишуваш. @Lisandra ај полека со дијагнози поставување. Класични мигренозни болки кои се јавуваат и пред и по циклус и во овулација. Какви тумори какви бакрачи
Ма ајде од страв да не умре не го живее животот.. и само анализира: трепка ми падна, шо ми е, леле циклусот, леле ова, леле она. Па јас ако секој ден анализирам што ми е како ми е треба да легнам, да не мрднам и да чекам Св. Петар по мене да дојде.
Епа,можеби и треба една снимка на глава. За тумор нема туморрр,ама може има епи или некое друго пореметување
Времето ти влијае. Како и на секој човек. На топлово нема некој кој се осеќа супер. Да не ти лета паметот во негатива.