Дада сум, 1год и 2 месеци, ама еве како сега знаат да ми се појават симптоми, валда не исчезнуваат сосема, бев добра долг период, се подреков изгледа, не знам. Така ми ги давале искрено.
Да, ги даваат, не мора рецепта за нив. Ама преку фондот одат, матичниот може да ги препише и така се поевтини дупло
Можно е, јас не сум ги земала со рецепт, ќе ми кажел др на приватно кога сум одела, и ќе си ги купам само.
Ќе му кажеш на матичниот да ти ги препише и со матичниот број во аптека ќе си ги земеш. Зошто да ги плаќаш на приватно
Мене прашањето ми беше дали само на рецепт одат, зошто некои лекови ги даваат само со рецепт. Ама ок, разбрав, може да се купат и приватно без рецепт. Не прашувам за мене.
Не постои психолошка утопија со или без терапија... Мислам дека кај многумина од нас проблемот лежи во нашите нереални очекувања и интензивни реакции кон истите. Сите луѓе на светот во текот на денот имаат анксиозни моменти, лоши мисли и ткн, научно е докажано дека од околу 60000 мисли во текот на еден ден, -90/95% биле негативни во просек кај сите, ама разликата е во реакциите. Некои луѓе ги прелистуваат без поголеми потреси, а други знаат да направат цела драма. Дали ние имаме некои биолошки абнормалности во мозокот, кој знае, но знам дека реконструкција на мајндсет со прифаќање дека ќе имаме и лоши денови и периоди како и сите луѓе, може да помогне.
Така си е се, во право си и јас истото си го знам. Многу бев подобра, долго време бев супер, се до пред некој ден кога од болка отидов на др, ме гледаше на ехо и ми вика ако не помине болката ќе правиме гастроскопија. Како го слушнав тоа, така уште повеќе почна да ме боли, да ми лупа срце, да се препотувам, се изгубив за момент од таа реченица.. дома веќе почнав да плачам, не знаев што со себе, ме удри тежок паничен напад и прелоши мисли, тотално нејќев да отворам уста за јадење сабајле, и одма филмови дека ќе ми биде како лани ситуацијата со апетитот, помина некој саат, се смирив, се стабилизирав, едвај дојдов на работа на жешково, пак не ми се ставаше ништо во уста.. некој тригери се уште не можам да си ги прифатам, штом дојдат или се близу, почнуваат безвезе мисли...
Тука лежи клучот. И да се вратат, пак ќе ги преживееш, кога еднаш веќе ги преживеа. Знам досадно е и мачно, ама животот генерално е таков. Горе долу потребите, мислите и кризите се тие. Само како реков некои ги прелистуваат побрзо, некои не. Дури и оние за кои мислиме дека живеат фантастично и ништо психолошки не ги мачи, воопшто не е така, само имаат поголем праг на толеранција или не кажуваат дека им е лошо. Јас бев изненадена кога докторот последно ми кажа дека ги има истите мисли како и јас и најголем дел од луѓето -егзистенцијални , страшни, бизарни, неповрзани, бесмислени, поретко убави и надежни, ама токму тој мал дел не' држи да продолжиме и да очекуваме подобро утре. И сите горе долу ги имаат тие мисли оти амигдалата си го прави своето. Човек е свесен за своето ограничено постоење, и не може да нема такви мисли ми рече, ама разликата е во реакциите. Пробај да си кажеш дека и ако ти се вратат пак ќе ги преживееш, и дека е многу веројатно уште илјада пати да дојдат и заминат како и се' друго во животов. Пробај наместо да им се плашиш и замислуваш како невозможна мисија, да си ги визуелизираш како нешто нормално и минливо, оти всушност тоа и се. Нашите реакции ги прават многу пострашни него што навистина се...
Точно, така совладував се многу долг период, сега ме уништи ова, страшно ми беше, ептен лош напад имав сабајле, ама помина и тоа. Ќе пробам пак да применувам исто, се надевам ќе пребрпдувам се како до сега.
Zdravo na sote....dali vi se slucilo da vi mrdaat nervite na nozete i stapalata,da vi igraat muskulite,posebno navecer koga ke legnam kako ziicki da mi setaat po nozete,ne mozam ni da spijam...Vi blagodaram
Здраво, здраво.Дали сте имале симптом болка во вилици.Неколки дена ме болат вилиците и ми се затнуваат повремено ушите, не знам дали да препишам како симптом на анксиозност, вратна спондилоза или нешто ново ?