Јас имам и анксиозност, и спондилоза и синуси, и баш докторката ми има кажано дека од сите 3 може да биде. Но кај анксиозноста е само како непријатно чувство, кај спондилозата може да биде проследено со благи болки или притегање во главата. И мене ми е така од понеделникот, се тешам дека е од жештиниве
Охххх, веќе не знам дали да одам на доктор или да терам и да препишувам се на анксиозност и спондилоза.Јака комбинација се....кога ќе се стегне врат од стрес, ми се јавуваат несигурности во одот, од тоа се зголемува стравот и анксиозноста.Дополнително сега и вилица и затнати уши....Верувам се ќе помине....
И јас сум истата, најчесто кога излегувам, не знам дали е фобија од отворен простор или од спондилозата ама како да не си го осекјам телото, најмногу нозете, а осеќам голем притисок во вратот. За болката користам спреј за нос и ибупрофен. И преспивање помага
Мене ми рекоа физикална два пати годишно, масажи на врат еднаш до два пати месечно и вежби ми дадоа за дома.
Леле Ја мислам некогаш дека ќе паднам така. Значи од анскз е Само што мене не ми даваат класични апчиња ад за анксз... туку антипсихотици. Зашто и психоза иам.. Неколку пати им побарав и ми рекоа не може. Знаеш некој да ми ги предложиш да прашам за нив дали смеам?
Мене единствен доминантен и непроменлив симптом од анксиозноста ми беше несигурност во одот, до степен да мислам дека не можам неколку чекори за направам, станував со сила да одам ама на пола пат застанував и се враќав, стравот си го прави своето.Кога се движам како да лебдам некоја несигурност.Од таа причина бев нормално по доктори и на психијатар ми дадоа зепира.
Ќе прашам пак. Ќе побарам. Вака не оди. Може и они грешат со дијагнозата. Не знам. Ама како да тапкам у место. Сепак фала ти.
Во меѓувреме одам и кај семеен советник, која работи особено со анксиозност, трауми, стравови.И од таму применувам техники, методи, прекрасни совети.
Да ве прашам. Осеќам нервоза, трепет во стомак некое време. Како да се смирам? И дали ви се случува вам со анксиозност да ви горчи на јазикот? Како неубаво чувство на пецкање, на не знам ...
На природна база земи нешто. Еве пример седатон за пред спијање, а за преку ден и диазепам можеш да се напиеш,б6,магнезиум и да правиш нешто шо ќе те опушти во моментот ко ќе се почувствуваш по нервозна, дај си време за себе, туш или некоја серија да гледаш. Или прошетка во природа. Поврзано е со стомакот, апетитот, горчина во устата, пијај многу вода, касни овошје, нешто благо..
Дали е ова знак за анксиозност.? Неможам воздух да земам и како да имам ставено трака околу грлото неможам да дишам?
Чуствувам како да ми е подуен долниот ден од вратот, а ко се погледнав во огледало,всушност немам ништо,ко цела нервоза во тој дел да ми е собрана. А и многу напнато се чуствувам последниве денови.
Сега пак. Почна да ми трни левата рака и осеќам дека ќе ме фати. Испаднав на тараса на воздух и почнав да си пуштам мисли, се е во твојата глава смири се ништо не ти е. Малку се смирив ама осеќам пак некоја тежина. Да пијам валеријана. Веќе зависна станав, ќе почне да не ми делува
Кока кола и дијазепам? Моментално се напив пола кока кола. Немам вода и дали смеам дијазепам да се напијам. Многу се тресам.