Само алкохол не смее.. друго со се може да пиете. Само нека ви текне дека на пациенти кои не соработуваат им ги ставаат во храна издробени. Не си правете непотребни стресови. Само алкохол категорично не!!
Дали имате проблем со спиењето? Дали апчињата ве тераат да спиете повеќе? Јас од што ми се спие ништо не можам да постигнам да направам. Ми паѓа главата.
На почетокот кога ми ги даде докторот апчињата ме предупреди дека ќе ми се спие. Ама ова е претерано. Можам цел ден да го преспијам. И ништо не можам да направам од обврските што ги имам. А оваа терапија не ми е лоша. Не знам што ќе правам вака.
Вака ептен ми одговара. Само сабајле апчето што го пиев го сменив навечер. За да не спијам преку ден. Ама пак не оди. Иначе лепонекс се викаат моите апчиња. Овие осеќам дека делуваат како заластата. Слични ми се. И мн се поправив. Моите апчиња се антипсихотици. Не АД. Ама ми рекоа дека за анскз ми требале вакви. Не сфатив зашто. За тоа и прашував претходно во темава. Рекоа може ако има и психоза. А не дека неам нарушена перцепција Ама стравот е поголем. Сега се трудам да ги разберам состојбите. И мислам дека моето е класична анксз. Ама сепак доктор знае ваљда што прави. Иако и тие знаат да згрешат. Не знам, се надевам ќе помине..
Психијатарот на крај ми кажа ,,извини немам како да ти помогнам " Тоа ти е... За моите проблеми нема решение.
Кој антипсихотици ги пиеш ? И јас пиев и многу ми се спиеше, буквално цел ден лежев... па ми направија мн проблеми и ми ги отфрлија од терапијата
Бев кај 6 психијатри. И ми се смачи веќе од нив. Од ново пак да раскажувам се како било немам живци. Ќе се препуштам на времето. Само тоа е некое решение според мене. Една пријателка ми рече дека со време ќе научиш да контролираш паничен напад сама. Ќе видиме. Ќе почекам некоја година. Од доктори ми е мака веќе искрено. На крај тоа си го добив за одговор. Лепонекс се викаат тие што ги пијам. Не сум способна сеуште сама и знам свесна сум. Ќе почекам уште некоја година. Зашто 6 години се борам со ова чудо. И ќе видиме.
Мене на почеток ми беше супер си спиев мирно одлично, а сега навечер не можам да спијам.Кај мене проблем е стравот, и прашањето што ако ???? Се ми е јасно позитивни мисли, оставање на времето,уживање во мигот ама потсвесно ми е стравот дали ќе се јави симптом, несигурност во одење ... Ми се затната ушите и мене одма ми оди паметот на најлошо. Кога ја немав анксиозноста нормално одма знаев се затначе уши од настинка, промаја, клима, сега одам во крајности на сценарија....
Се препотив цела. Ми се спие ми се плаче. Неможам да заспијам. Се измив со ладна вода, не помогна. Кога легнам во кревет ми доаѓаат мисли и само се измачувам
Probaj okolu 10h dobar tus, zemi melatonin, caj od matocina, magnezium i kako bebce ke spies. Previse si fokusirana na spienjeto, i kolku mislis na son tolku toj bega od tebe.