здраво, знам дека е после многу години, но се надевам дека си уште активна на форумот. прашањето ми е дали успеа да се откажеш целосно од бета блокаторот и ако да, како ти успеа?
Здраво, може не е за тука но би сакала да слушнам и ваше мислење во последно време не спијам навечер добивам често напади да не можам да дишам да се тресам цела и главоболки да имам, почнав да имам страв да седнам со луѓе да разговорам зошто одма после тоа не можам да дишам или да се тресам. Па би сакала да слушнам ваше мислење како вие се справувате во такви случаеви? Ви благодарам
Некој со заматена глава освен јас,плус благи вртоглавици и што ви помогнало? Не пиам ништо,поради бременост
Mene denovive mi e matna glavata i imam cudni glavobolki i kako da mi se vrti malku pa lezam samo. Inaku nisto ne pijam ni jas.
Јас веќе неколку дена, зашеметеност, вртоглавици, нерамнотежа и чувство дека ми тежи главата само што ќе се исправам. Првите 2 дена и гадење и повраќање. Крвна слика уредна, апчиња Betaserc ми препишаа. Требало подолго време да помине за ефект. Се надевам сѐ ќе биде океј.
Дечки јас имам проблем со премногу спиење... Пијам флунисан и хелекс од 0.25 само наутро. Дополнително пијам витамини д, ц, магнезиум. Се осеќам ко воз да ме згазил особено попладне енергија 0. Можам да се влечам како полжав од дневна до кујна. Периодов и психички сум добра, не можам да се пожалам...
Покрај тоа што ми тежи главата имам чуство и како да снемувам воздух. И некогаш ме стега срцето. Чуствувам како да ќе ми излета низ уста. И за срцето што ме стега пијам верапамил. Тие ми ги дадоа баш за тоа се. Дали некој има сличен проблем? Или можеби некој разбира што е проблемов?
Спишти син ми, ми го сецна сонот, само што задремав. Ми се стресе телово, траумата од претходните вриштења си работи. Не можам да заспијам, мозокот не ми спие а сум уморна. Зедов Дијазепам, се надевам ќе ме заспие бар тоа.
Ништо во животов мислам не ми создава толку многу анксиозност како патување. Ужасно многу мразам да патувам, пред сè мразам летање, ама не сакам ни возење. Ми се повраќа само од помислата, ко што се ближи денот за патување почнува да ме фаќа несоница, почнуваат негативни мисли, чувство на небезбедност, страв од најлошото. Некој кој мене да советува како се снаоѓа? Сите едвај чекаат да одат на одмор, само јас едвај чекам да помине.