Луѓе помагајте Бев да правам нокти и левата рака ми се тресеше. Дадов се од себе да не се примети. И се чуствував ко да сум паднала од марс. Бев како изгубена. Ми се смачи од ова. Не знам уште да го контролирам. Што да правам? Ни дома затворен не оди
Јас мислам дека оти поголем дел од времето го поминуваме дома па затоа ни се случуваат вакви работи кога ќе испаднеме надвор меѓу луѓе. Осет за дружба, осет за одење изгубив... ми се врти, паники ме фаќаат и јас пробувам да не се примети но почна се почесто и почесто да биде посилно од мене. Не пијам никаква терапија освен дијазепам по потреба. А да ме праша некој оти паничиш, зошто ти се врти, зошто се гушам во гужва немам одговор на тоа незнам ни јас сега ни е тешко ајде можеби за некоја година ќе си се смееме на сами себе за сите испади што сме си ги правеле
Дома се си е најнормално. И кога мислам дека можам ми се појавуваат паничните. Како да сакаат да ме потсетат дека сеуште се тука. Вака не знам како би полагала испит. Се ќе заборавам што сум учела кога ќе бидам на факс од страв. Се напив и дијазепам ама џабе. Тоа е посилно од мојот ум. Не можам да го контролирам сеуште, за жал.
Те разбирам потполно, домот ни е како засолниште и како најбезбедно место, затоа дома ни е најдобро. Ама многу е лошо кога ќе се затвориш, нема цел живот дома да го поминем. Претпоставувм и ти си млада особа живото е пред нас мора да најдеме начин сами да си помагаме. Колки време ова ти се случува, да откриеш која е причината да направиш некоја промена и најбитно е да имаш барем една особа која би ја осеќала блиска и би ти давала поддрша во овие времиња да не си сама.
Поголем дел од луѓето надвор што ќе приметат (дали за конкретнава или друга ситуација) до утре веќе нема да (те) памтат, така да само опушти се.
Не знам дали ова моево е анксиозност, веќе неколку недели се чувствувам постојано вознемирено без конкретна причина, срцето на моменти ми забрзува, спијам со прекини и се чувствувам како некој близок да ми умрел. Бев на лекар, ми рече депресија и ми препиша 5-HTP. Ги земав ама сега почнав да ги пијам, па не знам што да очекувам.
Имам уште нешто да кажам. Порано добив еден совет ама не го применив.Сега размислувам за тоа па ми треба и ваше мислење. За да бидам опуштена кога ќе полагам испит да се напијам чаша пиво. Што мислите? Дали така ќе се смалат паничните? Зашто дијазепам не помага многу.
Апсолутно не. Алкохолот ќе ти ги намали когнитивните способности. Најдобро е психолошки да го промениш ставот кон полагањето испит. Мора да развиеш еден став на „ме боли гајле“ ако паднам. Твоја одговорност е да научиш колку можеш и да се појавиш на испит. А дали ќе ти текне се, или дали ќе напишеш најдобро, тоа не е во твоја контрола. И мора да се ослободиш од тие нереални очекувања од себе. Планетата ќе продолжи да врти околу сонцето и ако падне некој испит. Ти велам затоа што мора да го решиш овој проблем во корен, иначе ќе ти се повторува во разни стресни ситуации. И ако пиеш пиво на секоја од нив, ќе фатиш цироза или сл
Девојчето опиша како што е. Значи изгледа е тоа што викаш ти. Сум слушнала за соц анксз ама не знам многу за тоа. Знам дека е страв од луѓе. И самотијата ти годи. Пијам и други освен дијазепам. Ама не може да се сопрат паничните. Чуствувам грижа на совест што го развлечкав волку факсот. Сакав се на време да биде. Ама животов имал поинакви планови.
2 месеци не бев дома, а воопшто не ми недостасуваше местото (дека тука имам обврски, а Берово кај баба сум слободна) и сега кога се вративме еве една недела помина не можам да се навикнам, ми се плаче, се осеќам како да ќе се деси нешто лошо, како веќе никогаш нема да отидам таму. Сега и дома се осеќам несигурно. Можно е толкава носталгија да е предизвикана од анксиозноста? Како сте вие во вакви ситуации
Знам да, сепак е еден вид анксиозност и ми смета во секојдневието. Освен кога ке ја преминам границата тогаш сум друг човек ни паника ме фаќа ни бутур Секој различно еве мое мислење воедно и го практикувам тоа кога треба да одам на некоја прослава каде што ќе има гужва и галама знам да се напијам пиво пред одење за да се опуштам. А за испит неможам да ти кажам пошто тогаш ова го немав. Ама можеш да пробаш да смениш мисла медитирај, пушти на јутуб некое видео смири си ги мислите да се опуштиш, вежбај дома пушти музика и тоа уште сега да почниш со ова за додека дојде време да идеш на испит мозокот да ти се рестартира и во меѓувреме учи си. Насочи се на позитивни работи стресот да излезе од тебе. Сепак ти најубаво си знаеш ако ти е влезено во глава дека со пиво ќе ти биде по добро напиј се, да не претераш само мала шала
Б6 ми се мене ко пез бонбончиња Иначе да прашам јас сега пијам само Асентра 200мг на ден пиев и хелекс од два пати на ден ама веќе не го пијам 3/4 месеци ..Е сеа ме интресира шо можам + да се напијам коа осеќам вознемираност,немир, нервоза, треперење на раце итн ?
Хелексот едвај го одвикнав...мислев без хелекс нема да можам да функционирам. И сеа ми е страв пак хелекс да земам или диезапам ,а ми треба нешто за подсмирување периодов.
Мене, пошто дијазепам ни од 2,нк од 5 не ми функционираше, доктората ми даде АКЛОНИЛ од 2мг, по потреба да ги пијам по 1/4 или 1/2. Овие може матичната да ти ги препише.. Изгледа се мн јаки. Јас пиев лоразепам по 1/2 порано секој ден скоро...... Ама ги нема сега
Да, јаки се мн алконилот, мора со др. @tinkerbell22 да видиш за дијазепам или демитрин, како нешто послабо од седатививе, мора со др. секако.
Не знам дали е од зголемената доза, еве станав сабалјево, мака ми е, само ми се лежи, не ми се зборува со никој, нит па ми се излегува сама негде.... Де едно ми се прави, де друго, де ми се лежи. Сега зборнав со еден другар, ми кажа ми се скарал пошто еден период не сум кажувала смешки и сум била негативна. Макар што, он знаеше дека сум и анксиозна и депресивна. И на апчиња. И му реков, баш во такви ситуации треба човек да го разбериш и да му помогнеш колку можеш. И ми рече, морав себе да се заштитам. Не знам веќе пријателствово како да го дефинирам.