Точно. Знаеш што најмногу ме нервира кај таквите луѓе? Не е проблем, ќе ги ислушам еднаш двапати десетпати, ќе им кажам мое мислење што да сменат (за работата која им ствара анксиозност), тие пак по старо. Добивам впечаток како на некои луѓе да им е убаво само да се жалат.
Првиот “паничен напад” ми се случи пред три недели. Почна со трпки на левата рака, трпки по телото и ми беше тешко да дишам. Многу бев исплашена што помислив дека доживувам срцев удар. Бев на брза помош направивме секакви испитувања од ЕКГ, ехо, крвна слика. Се беше во ред инфузија само примав. Од тогаш наваму пак ми се случуваат такви мали “напади” само што сега чувствувам гад, вртоглавица и неубаво чувство. Матичната ми кажа дека е на стресна база ама ни сум под стрес ни па имам за што да паничам. Ве молам искуства и што да правам понатаму, ми е страв да не стане секојдневие.
Те разбирам апсолутно. Се е само леле леле, а кога конкретно ќе им кажеш што да направат како во зид да удираш..
Mi se ima sluceno da mi trni levata strqna na liceto i isto ekstremiteti od anksioznosta.....koga gi ignorirav gi snema
Јас сум веќе 3 недела со нерамнотежа при одење, чувство на несигурност и вртоглавици. Таман ќе речам дека е подобро, знае за кратко да ми стане полошо. Ми препишаа Betaserc 2x1 и ми кажаа дека вртоглавицата не поминува толку брзо, дека треба можеби и еден месец за да се врати сѐ во нормала. Препорачаа да се пие и магнезиум и Б-витамини (Neuro-vit). Дали некој од вас поминал ваков период со вртоглавици и нерамнотежа и за колку време се подобрило? Дали пиеш некакви лекови? Доста луѓе се жалат од вртоглавици периодов, од нигде никаде се појавија кај мене.
На мене матичната ми даде магнезуим со витамин б6 и ц. Се препиша на топлото време (промените) и рече дека несигурноста е од тоа и од вратот, а другите симптоми се од паника
Мене ова истото ми се случуваше и баш убаво ти кажала ќе те држи еден месец и ќе ти помине... Јас едвај на нога стоев мислев ќе паднам многу лошо ми беше. Еве сега пред два дена доживеав стресен момент и пак анксиозноста се враќа, мора да се намали стресот за да не дојде до "напади".
Тие шо сте под терапија подолго време дали имате периоди пример цело време сте ок и наеднаш тонете? Значи осеќам страшна нервоза, се лутам безврска,си плачам безврска, неам елан за ништо ..се плашам да не ми се врати некоја од претходните состојби...
Mene mi se slucuva da mi e taka izrazeno 10 dena pred dobivanje i celo vreme dur da dobijam trae a sega znam drka e toa i polesno go podnesuvam inacr se plasev i za najmalo nesto...
Zdravo devojki, zapocnav so terapija pred 10 dena, deprosel polovinka piev 6 dena, a potoa po celo, a heleks po edno nautro I navecer.Imam macnini, vrtoglavica.Dali imate vakvo iskustvo.
Jas osven helex nisto ne pijam ama takvi simptomi nemam da ne e od deproselot vidi vo nesakani dejstva na lekot...
Se izvinuvam, greska sum pisala, paroxetin pijam.Da, vidov vo nus pojavi deka moze macnini da se pojavat. Doktorkata mi e na odmor, ke se konsultiram sekako.
Ќе се навикнеш ќе научиш да го контролираш. Го имам 3 години може периодично иде, не мора да имаш доживеано стрес во моментот, од после се појавува. Кога ти е така гледај да се занимаваш со нешто прави муабет со некој излези или јави се, пушти музика што знам врти на интернет и ќе видиш ко ќе се задлабочиш ќе исчезне. Ја не пијам лекови бидејќи научив од што ми е и го контролирам, обиди се да можеш да се смируваш без лекарства ако не бива оди посоветувај се со лекар за нешто на природна база ако има. Б6 и магнезум зимај си редовно , секој ден ако можеш.
Веќе ми рече 50мг Занфекса на сабалје, шо најчесто Ја пијам кај 11,пошто одам втора смена, кошмари имам едвај во 10 се будам и 50мг кај 4 или 5 пијам. Аклонил 1/4 само навечер секој ден, и нз еднаш, да еднаш се напив 1/2 пред спиење