Mn mi znacat vakvi poraki ((( momenatalno sakam da sum dobra za sebe ali najmnogu za moeto bebence... bas sega koga go dobiv toa sto go sakav mi se sluci ova pak...
Не се обвинувај себе. Прифати ја анксиозноста. Секој човек ја има до одреден степен. Ама за да ја надминеш треба свесен труд, да се трудиш.
Navistina treba mnogu trud... mnogu trpenie ... koga ja pobediv bev mnogu posilna od kova i da e . So poragajot se pocna od novo ... ama imam nadez deka mozam da ja pobedam pak...
Дечки хелп, па овие мисли немаат престан, ми се увртело се околу срцето аман, само што ќе помислам одма ме стегаат градите и тежина чувствувам лај срцето, дури сон не ме фаќа од тоа, друг некој со исти мисли, треба утеха, хелп.
Од паника си правиш автосугестија и автоматски го тераш организмот да мисли дека вистински се случува нешто и ствара симптоми. Верувам дека се ти е испитано, исто ми беше. Со Анксиозноста ми беше тоа највеќе страв, срцето. 100 пати истото поминато заради таа автосугетстија од паника. Само опуштено, нема ништо.
✌️Еве иста сум и јас, таман се смирив еден период пак почна. Цело време си го мерам пулсот, се мислам дека нешто не ми е во ред срцето, а милион пати ми е проверено…Јас немам стегање во гради, ама цело време си мислам дека не ми работи како што треба ♀️
Kaj mene namesto srce pritisokot mi e strav.. celo vrmee se osekam loso mislejki deka e visok.. da go.meram imam isto strav.. a sreda sledi 24 sati merenje na pritisok od doktor prepisano deka mi bese pokacen na vozbuda... znaci sve si pravime sami ama nikako da svatime toa .... jas ednas ja imam pobedeno anksioznosta istite simptomi gi imav... i svesnasum ama mn mi e tesko da veruvam deka se e oke ....
Јас од тоа си почнав редовна терапија за притисок, не знам дали иницирана од анксиозноста или наследен фактор, фазите со притисок и пулс ги хендлам ама ова е тешко.
Дали се осеќате чудно на времево. Како без енергија, ви се чини сега ќе се онесвестите? И тешко онака некако загушливо? Можно е да е од анскиозноста или промена на време
Осеќам умор, ама не се фокусирам на тоа. При ПМС и промена на времето, нормално е да се осеќаме понервозни и со помала енергија. И глава да нè заболи. Ако нешто не ви поминува, ќе се обратите на доктор и толку. Само не си правете филмови во главата. Свртете ги мислите на нешто друго. Нешто што ве орасположува.
Јас мака си мачам со затнати уши, со чувство на притисок во ушите, баш чудно.Матичната докторка вика од настинка ќе помине.Стоматологот вика од осмиците заби е да ги вадам.Физијатар вика од вратот е од спондилоза. Психијатар вика од зепирата е ќе помине.... Навистина не знам од што е и што да правам....
Мене загушливо ми беше, сите изнаоблечени ги гледав, а самата се препотував. Ама во ПМС сум, од лева полева и така. Тешко мене, тешко другите.
Анксиозноста покрај психички симптоми има и физички. Така што таа тахикардија и слични соматски симптоми се присутни кај анксиозност. Важно е да се научат техниките за опуштање.
Осеќам како нешто одвнатре да ми се тресе, како снагата што се тресе. Ручав, каснав благо, пиев вода ама џабе. Уште осеќам така. Јас мислев да не е од глад или паднат шеќер. Дали анксиозноста ствара такви симптоми само да не сум раат Иначе да напоменам, 11 недела сум бремена
И мене, до вчера глава ме искина, со вртоглавици, ама не давав на значење. Иначе, исто многу ми се јаде..
Лошо. Не ни помислив дека може да е тоа проблемот дур докторката не ми кажа. Со терапија, одмор, и трепение на околината за мене.
Здраво на сите, Се соочувам со анксиозност веќе 2 год. Порано живеев нормален живот,а сега само со некој притисок и страв во мене.Имам прееемногу црни мисли,нервоза,и некоја загриженост.Разговарајќи со луѓе во мојата околина за темата анкскозност повеќето ги вадат таквите личности како "забегани со умот", "луди" , "откачени жички во глава" и мене ми ствара уште толку страв да не сум забегала,а нема кој да ми каже. Искрено смачено ми е. Мислам дека ќе полудам или ќе изгубам поим у вези реалност. Ве прочитав,и согледувам дека не сум само јас во овој круг на пеколот. Едноставно сакам да ми се врати душевниот мир кој одамна ми го нема. Ако има некој за разговор ќе ми е од полза. Благодарам