Прво округот на луѓе да си го смениш под итно. Анксиозноста не е болест туку е состојба. Секој втор поминува низ нејзе во животот, кај некој е поизразено кај некој не. Во глобала е битка, битка сам против себе и затоа е најтешка. Најтешко е кога се бориш со себе. Ама на крај ќе сфатиш дека е прелесно, зашто како ти што се познаваш самата, никој не те познава. Убаво е да си почнеш на психолог, разговор со стручно лице многу олеснува. Тебе ти останува да мислиш позитивно, да се храниш позитивно и да веруваш во себе.
Моментално немам ни книга, на одмор сме. Едвај чекам да се вратиме. Да земам пак магнезиум прашок и б6? До колку на ден смеам? Неубавото ми е што ноќва ми е само за одмор, преку ден ќе нема кога да одморам. Веѓи очи ме болат од умор а не заспивам и уште детево стана мамо мамо. И од што не можам да заспијам, ми се ствара како гушење, топлина, не можам темново да го трпам. Како не си зедов дијазепам
@elenaklasik побарај мелатонин лента што се растопува, обично е со одреден вкус (да не е таблета). Има побрз ефект.
Луѓе, на крштевка сум и уште од денес ме фаќа, шо кско ќе биди, па да не, не знам да се однесувам, немам одено на такви свечености со гооодини. Па ќе бидам со еден пар со две деца, и неубо ми е оти немам никој и секакви прашања ќе има. Други гости, ни знам ни ништо. Ко ќе зборувам со луѓе се тресам
Не гледам причина зашто мислиш дека треба да му се објаснуваш на некој што и како. Си идеш, go with the flow, лабаво и си поминуваш типтоп. Немаш потреба зашто уште од сега да преразмислуваш што и како. Идеш со мисла дека топ ќе си поминеш и готово.
Ако со сигурност знаеш дека пола и повеќе од времето ќе те замараат со непотребни прашања, сум за да не одиш. А одговор не должиш никому за твој живот @GirlLove
Подобро баш да иде, за да научи да се носи со анксиозноста која и' се јавува пред некаков настан. Од анксиозност стравува какви прашања ќе ја прашуваат, што ќе кажела, како ќе се однесувала. Јас не сум поборник за форсирано излегување од зоната на удобност, меѓутоа кога се појавуваат прилики, да. Иначе никогаш нема да научи како да се справува со анксиозноста. Во ваков случај јас вака правам (а редовно ми се јавува соц. анкс.): најпрво си потврдувам на себе си дека ја осеќам анксиозноста, не ја игнорирам ниту потклекнувам да се осеќам слабо поради неа; потоа си потврдувам зошто ја осеќам, поради фактот дека ќе бидам опколена со луѓе, кои луѓе, зошто, итн.; потоа разглабам дали да одам, но се држам до тоа да бидам реална, односно за пример како во случајов, станува збор за нечија крштевка, јас сум само гостин, одам да се забавувам, врз мене нема никаков притисок; решавам дека нема причина зошто да не одам и уште од дома зацртувам позитивна перспектива, одам да се забавувам, не одам на испит, што не сакам да споделам, нема, со кој не сакам да комуницирам, нема, едноставно ќе правам што јас сакам, без разлика на другите луѓе и нивното однесување. И слични мисли имам за време на настанот, штом ме фати анксиозност, ја прифаќам, дишам длабоко и смирено, ги бркам негативните мисли исто како да се карам со некој "па што ако ме прашува некој тоа и тоа, голема работа... па што ако не знам никој, ме заболе... не, не, НЕ, ништо нема да ми биде, океј е, анксиозна сум и што дека", итн. А ако на сред настан се решам дека боље ќе беше да останев дома, одма си праам планови што ќе правам после и си спремам екстра релаксирачки активности.
@MissChievous па добро, ваљда нема секое место да го избегнува заради анксиозноста (не ми беше во тој контекст мислењето). Ама некогаш стварно не вреди ако знае дека ќе е со луѓе што ја претеруваат.
И „поткована“ да е, пак некогаш е мирот најбитен. И може пример да отиде на скроз друго место и направи замена на луѓето и настанот.
Секако, мирот е целта. Ама ако сме реални, girllove често слично пишува, па оттука мислам дека за неа е подобро да не бега постојано. Колку повеќе искуство, толку полесно ќе се справува со анксиозноста. Пошо луѓето се такви какви што се, големи се шансите дека често ќе налетува на слични карактери. Секако, ако мисли дека не е спремна, може и да одложи прилика за "потковување".
Страшно е,престрашно да не можеш да се опуштитш во својот ум и тело. Само луѓе кои го поминале тоа знаат како е,другите мирот си го нашле
Сето се учи, совладува и постигнува. Кога ќе забележуваш ситни работи околу тебе, ќе бидеш благодарна што едноставно си присутна во моментот многу менува. Ама тоа си бара константен напор, пренасочување на мислите, фокусираност, дишење. Тука ќе го ставам делумно и медитирањето.