1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Не си мала,млада си,а кај младите обично е најзастапена анксиозноста за жал. Прво можеш да отидеш кај психолог,да си поразговараш,да ти олесни малку од малку..ќе ти даде некои совети и вештини кои ќе ти помогнат при страв и лоши мисли.До тогаш скренувај мисли. Пешачи дружи се,нема ништо да ти се случи. Дури и луѓето кои имаат кардиоваскуларни проблеми не мислат на срцев удар,ама ние кои сме здрави прави мислиме на такви рабори иако немаме причина..тоа е уствари анксиозноста. Ти посакувам среќа за да се избориш и да си најдеш некој добар психолог кој ќе ти помогне.
     
    На Mumoftwo30 и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Ај тука ќе прашам за време на циклус сега чуствувам нервоза, стрес нешто ми се треси цело тело, не можам да седам на едно место, посебно надоле на кај стомакот мала болка шо ме живцира, на моменти се нервирам на моменти ми се плачи, главно мислите не можам да ги приберам и сум општо лута, шо можи да се напијам.
     
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.506
    Пол:
    Женски
    Пиеш нешо за смирување? Како дијазепам, хелекс...
    Ако не, дупла дозс Б6, па види како ќе е. Чај пробај маточина или еден релакс се вика, и тој е убав.

    За болка стандард можеш нешто, бруфен, налгесин...
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    24.177
    Животот има крај, нема да живееш бесконечно. Штом имаш проверено и потврдено ти е дека си здрава, прифати го тоа и биди среќна и благодарна. Твое е како времето во овој краток живот ќе го поминеш, во ходници на болници упорно проверувајќи ги истите нешта, или надвор, во парк, во ресторан, со пријатели, сама, правејќи разни работи, уживајќи.
    Не знам која возраст си и какво ти е секојдневието, ама зацртај си цел нема идење по доктори и болници (доколку немаш вистинска потреба, пример настинеш). Смисли си еден вид на распоред што ќе правиш во текот на неделата, издвој време за пешачење, време со некого да излезеш да се видиш, време дома да читаш книга, време да отидеш во кино на филм, време да зготвиш нешто ново, и слично.

    Да научиш да не ги сфаќаш работите лично е најголемата слобода.
    Посветив многу време да се истренирам во ова и можам искрено да кажам дека веќе долго време природно ми доаѓа да не ги сфаќам работите лично. И сум раат. Ретко нешто ме вознемирува. Верувам дека на луѓето им делувам ладнокрвно, ама многу ми е гајле, битен ми е спокојот. Животот никогаш не ми бил поубав откако престанав да ги сфаќам работите лично.
     
    На ForeverME, GirlLove, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.506
    Пол:
    Женски
    До пола сум стигната со ова, и со пола па можам да кажам дека ми е топ, тек 100% да достогнам :rofl:

    Многу е лошо кога ова со емпатична личност (како мене), е споено у едно.:sweat:
     
    На ForeverME и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. *snowflake

    *snowflake Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski.. kako se spravuvate so anksioznosta pred menstruacija?
     
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Иначе, стварно нема луѓе за шетање, ако се јавам јас прва арно, ако не никој нема.

    Ми се смачи веќе, од глумење дами, принцези и господа.

    Иако, некои знаат дека за состојбава ми треба друштво и подршка.

    Реков, грл, батали.

    Ако некој те поштува и сака да да те праша како си и ако сака да те дружи ќе те побара.

    Молење на Господ.

    Точак и сама возев до едно место, во природа, првин имав мисли како сите ми се потсмеваат, ме гледаат сама си велат оваа не е уопште тачна, па гледавме школски некои со деца и избегнав муабет пошо знам, одма со прашања : Ти, не си мажена, м? Оф лел, ајде ајде годините врват, сам не бива.

    И едно 2 саати сама отепав, со велосипед, на сонце, на трева.

    Леле, колку луѓе имаше, стари, млади...

    Еден човек, валјда бивш фудбалер, во поодминати години си шутираше на празен гол и си ојде после со точакот.


    Ееее животе..... Љепи.
     
  8. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    На почетокот кога анксиозноста ми беше на највисок ранг,кога ќе ми кажеше дека некој ќе ми дојде на гости,одма паничен ме фаќаше. Како на игли седав додека да си отиде.Престрашни симптоми имав
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    24.177
    Дали стварно секој шо ќе те сретне те прашува за брак, деца и ти збори да се омажиш и да родиш деца? Или тоа се твои лични комплекси, па пренесуваш така тука? Некако нонстоп само за тоа зборуваш, и што луѓето ќе ти кажат во врска со таа тема.
    Да не мислиш те напаѓам, само разговарам со тебе. Пошо искрено чудно ми е баш секој, во секоја пригода, дали те сретне после сто години на улица, или сте се нашле на нечиј роденден, пак истите прашања и истиот муабет демек ти го праат.
    Како и да е, ти си знаеш.
    Само сакам да ти кажам вака искрено дека апсолутно не е битно дали си во брак и дали имаш деца. Тебе тоа може само да ти е битно. Па не си троши време на тумачење што другите мислат за твојот живот.

    И уште нешто, ова као некој кој намерно бара да биде сам; не сме ние улави ако шетаме сами, или возиме точак сами, или јадеме или пиеме кафе некаде сами. Нема ништо улаво или глупаво или ненормално во врска со тоа. Ти проектираш некои твои стравови, кои само за тебе се реални, зошто самата така се имаш убедена. Апсолутно тачна си ако праиш било што сама.

    И многу битно: скоро никој не мисли на тебе, зошто секој воглавно мисли само на себе. А и некој нешо да помисли за тебе, знаеш - може и да е нешто убаво и позитивно.
     
    На LUCI 99, Dancewere, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    11.907
    Пол:
    Женски
    @MissChievous не мислам дека преувеличува. Таков е народот, прост и злобен. Зашто најчесто знаат дека таквото прашање повредува. Иако треба и @GirlLove да ги пресече, кога ќе реплицира поагресивно нема вака да ѝ прават. Испробано.
     
    На NoirSerpentine, Tanjamm, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Не се чудете што ја дразнат со глупости. Мене инкасатор од ЕВН ми дојде дома да ми чита струјомер, ми постави куп приватни прашања на кои па и не сакам да одговарам и што има потреба некој непознат да знае детали за мене? Не се чудете, народов е за секоја осуда. Колку пати ми се случило непознат човек на јавно место да ми се уфрли во муабет, да ме праша колкава плата земам и дали сум мажена? Сакаат да влегуваат во анализи и тоа за непознати луѓе, да имаат тема на муабет. Закоравени до даска. Дури и ако почнеш да превртуваш со очи, оти не сакаш да одговараш, не ти се прави муабет, не бе, напорни и понапорни стануваат. Едноставно народ без емотивна интелигенција.
     
    На NoirSerpentine, LUCI 99, Aschenputtel и 4 други им се допаѓа ова.
  12. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Мислење за др.Драгомир Јанков и дали иматр искуство со тикови??
     
  13. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Јас немам искустви,а што се тикови? Како се манифестираат?
     
    На The.E.T. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Pa povtorlivi dvizenja onaka ne mozes bas da se kontroliras nitu da prestanes koga sakas osekjas nekoj nagon prosto...
     
  15. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Искрено немам слушнато,а можеби некогаш и сум ги имала,ама немам приметено..којзнае
     
    На The.E.T. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. *snowflake

    *snowflake Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ubav den na site
    Dali od heleksot moze da se namali apetitot i cuvstvo na gadenje?
    Mesec dena go piam, apetit nemam voopsto, namaleni 10kg
     
  17. Miroslava12

    Miroslava12 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Imam bolka vo levata raka I cudno custvo kaj prestige custvuvam kako da mi se fakaat da se grcat ili da ne gi custvuvam ne znam dali e xo ankcioznosta ili
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Мислам дека "пешачи" е најклише и најповторуван совет за ментално здравје и помага единствено ако немаш ама баш ништо сериозно и ти треба да ги размрдаш нозете ако цел ден седиш.
    Од друга страна "пробај активност што никогаш не си мислел/а дека би ја правел/а и која што малку те плаши" е многу по helpful, барем според мене.
     
    На GirlLove, SekojDen_poseben, The.E.T. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Како се лечи агорафобија? До степен каде што избегнувам обврски само да не испаднам. Некој добар терапевт за тоа?
     
    На I shto sega му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Se leci taka sto ke izleguvas od doma sekoj den po potreba i bez potreba,mene licno mi pomagalo ako bidam sredena ,nasminkana,lakirana taka imas vo start samodoverba da se soocis so luge.Namerno izlozuvanje na situacii kaj sto ima luge da bides nadvor od komfor zona.Terapevtite se dobri ,mozes da smenis i 4 ili 5 nekoj ke se pogodi ama treba redovno odenje i rabota nad sebe.Krajno ako ne pomaga terapevt ,i rabotava e premnogu zaglibena vo pesok se odi na psihijar pies lekovi plus odis i na psiholog.Se razbira se ova ako se ima zelba vistinska da se opravis. i ti smeta .Jas imav.
     
    Последна измена: 15 октомври 2024
    На NoirSerpentine, GirlLove, LoveRain и 2 други им се допаѓа ова.