Паничен напад е тоа,не се плаши,ама башш ништо нема да ти биде. Напиј се хелекс,оди истуширај се со вода,потоа свари си еден чај,чајот го смирува желудникот. Од нане поготово. И пиши ни дали ти е подобро.
Да ве прашам дали ви се случило после некој разговор со некој во живо кога ќе дојдете дома да се преиспитувате дали сте кажале добро или лошо? Мене ми е смачено од ова. Не знаете колку исцрпува психички ова
Overthinking. Ова ми било секогаш вака, откако знам за себе, со анксиозноста само уште повеќе ми се влоши. Ама сега го надминувам за тие што не ми значат.
Дефинитивно ми се случува, некогаш дури и после минутка од разговорот, баш си помислувам "зошто се изнадрндав сево ова?". И се осеќам чудно, ко да сум си погазила некој битен принцип. Ама си простувам брзо, си простувам на дрндањето, па си простувам што лошо сум се осеќала после дрндањето, зошто нема потреба, човек сум, ништо страшно не сум напраила. Како беше она, само нежно кон себе. Ова е тоа грдото: Јебига, живот. ¯\_(ツ)_/¯
Знаеме. Особено со нови луѓе. Ама, како што поминуваше времето, така и тоа преиспитување ми се намали. Треба да се научиш да го исклучуваш тоа. Набљудувај и проценувај луѓе. Ако луѓето се лоши, нема зошто да ти биде криво ако си им се обратила лошо. Третман според заслуга. Потоа ќе ти стане полесно да си кажеш што мислиш.
Добро како да се одвикнам од тоа да не мерам пулс на секоја минута буквално Цело време се фаќам за срце и мерам пулс…Сто пати имам направено ехо и екг , лани правев и стрес тест и холтер носев и во ред беше се. Цело време мислсм дека срцето не ми работи како што треба, на моменти како да се мачи да работи..дири и апликација симнав за пулс да мерам…Па грбот од позади ќе ме стегне и така во круг секој ден.. Навечер кога ќе легнам абе мислиш готово ќе престане да чука.. дали од што ми е во мисла цело време и вака ми се дешава
Да, штом сите испитувања се океј, така ти е од што цело време мислиш. Се убедуваш сама себе дека срцето не ти е добро. Пробај обратно, на секоја таква мисла вели си: "не, срцето ми е добро, здрава сум, ништо нема лошо да се случи", вдишувај и издишувај споро додека не се смириш. И батали мерење, фрли апаратот.
Тоа е затоа што мислиш дека ти си помалку вредна од другите, не се сакаш доволно и немаш самодоверба. Битно е да си ти тоа што си. Ако некој понатака не сака да комуницира со тебе само затоа што си кажала нешто што не му се допаѓа, не ти ни треба. Не си ти таа што треба да бидеш инаква, односно онаква како што некој ја замислува за себе. Мене ова страшно ме нервира, особено со луѓе што очекуваат ти да го водиш разговорот. И почнуваш да тресеш глупости. А уствари тој е глуп што не знае муабет да направи. Никој не е подобар од тебе. Тоа запамти го.
Еве, сабота навечер и немам со кој да излезам, веќе ми е смачено од сите. Само молење, само прва му ѕвонам, а бе 2 недели никој нема да ме побара еј.... Јас за се иницијатор. Буквално, цел свет го мразев а и истото го осеќам некогаш. Порано за ова многу плачев, се нервирав. Од коа ставив КРАЈ на пријателства, што мислев ми се блиски и драги, а бе ги нема еј. Му кажав последно, ѕвонете, пишете, јавете се. Никој нема. Искрено, не знам кое лице го имаат, кое срце.. Имаше период кај што сум зафатена со работа и не замарав, пошо како шо идев само втор смена од 13:30 до 9:30.... Никој не ми веруваше дека немам време за себе, сакав само мир и глаата на перница да ја стаам. И наредниот ден исто... Сфатив, луѓето немаат осет, ц, само за нив си гледаат, ептен се ретки што се грижат за вас. Неемпатични. Особено, ми падна толку чудно, што еден другар бил во контакт со колега негов, му било тешко, он му се исповедал... И од шо му било тешко му рекол не сакам да живеам, сакам да се фрлам под кола.... Другаров, ми рече се исплашив и не ни му вратив, го ислушав и му дадов совети. Нз дали оттогаш се слушнаа. Ама, јас би му се јавила. И после слушаме за депресии и мн полоши работи. Да си помагаме луѓе....
Zdravoooo Da ve prasam ako sakate da spodelite dali imate odeno na Endokrinolog da ispitate hormoni(onie koi doveduvaat do vakvi problemi)bezvolnost,postojana taga,strav i slicno. Ve molam dokolku znae nekoj kazete.
Здраво дали може малку повеќе за искуството со мирзатенот,,ги пијам 8 месеца и се повеќе запаѓам,и што да преземам
Постојат тироидни и репродуктивни хормони, сите ги испитав на 3 ден од менструација. Сите беа сосема во ред кај мене, дополнително бев и на ендокринолог, и на ехо на тироидна жлезда, кај мене беше се во најдобар ред.