За да е мигрена мора да има повеќе параметри, башка мигрената е појака болка, мојава е слаба. Зборувано со невролог уште многу одамна за ова.
@desperate15 uh, obicno levo ili desno retko pozadi, sega na levo se zadrza, osekav malce i ko bolka vo leva nozdra i blaga zatnatost, i otidov na orl ( imam ordinacija odma blizu i se znaeme so doktorot pa me primi) i si dobiv sumamed, sprej za nos, decortin. Ne znam strucni nazivi sto mi kaza ali veli mozno e bolkata da e od toa, pa ke vidime dali ke popusti so terapijata.
Како сте денес со главоболка женски? Јас приметувам дека преку ден сум ок, и ме фаќа попладне после 16 часот негде
Уште ми стои, немам пробано o.O По странски форуми викаат дека има. Со тоа што, имаат достапни таблети такви.
Сите ме напнаа, опушти се, ќе се разболиш, чудно ти е се, оти не се дружиш со луѓе, оди шетај, а немам никој за шетање. Молам за излегување и никој не ме разбира. Пак почнав во плодни денови да крварам и плачам, кризи огромни имам, џабе и психотерапии.... Се во вода паѓа.
jas sum denes da cuknam vo drvo kaj kaj podobro, dali sumamedot pocna da deluva ili pak sinoka sto se napiv kafetin ne znam , bitno podobro e mnogu, se nadevam zasekogas si zamina glupavata bolka.
Не се плаши кога имаш болки во грбот не е поврзано со срцето ако имаш проблеми со срцето кје почуствуваш тахикардија и тако далје иди на масасажа кје ти помогне.
Дали се осеќате како се да ви е ново надвор ко ќе излезете? Некако ко се осеќам ко слабо, дали до крвта е, нз. Како уште да не сум разбудена. Бев на кафе и така се осеќав Еднаш така бев анемична и еден другар ми кажа како нивни вработен се онесвестил од што бил анемичен и готово јас. Страв ми е да не паднам и паничам Живо сонвам
Па на секој може да му се случи да се онесвести од нешто. Братучедка ми се има онесвестено при возење во лифт. Од тогаш кога и да влезе во лифт и паѓа лошо и се губи. А инаку тоа и мене ми се има случено,како да сонувам,ама мислев дека тоа е фактички вртоглавица ама изгледа некој друг термин на изговор е. Сонување сигурно не е А инаку имам страв од несвестица и тоа премногу.
,,,jas pijam Dali dodeka piese mirtazapin ,piese i paroksetin,jas piev mirtazapin 30 mg i epten se vlosiv,sega se vrativ na 15 mg i podobro e, no so 15 mirt mi prepisaa i 20 mg paroksetin vo isto vreme
Не знам зошто но, речиси постојано ми надоаѓаат мисли со луѓе од минатото. Не знам зошто но, со тие луѓе сме се разиделе секој продолжил по својот пат. Има и такви односно познавам луѓе коишто се дружат од деца и се уште се дружат во времето возрасни години. Јас и не сум до толку дружељубива личност од аспект што луѓето ми се здодевни. Повеќе задоволство наоѓам во работата и трудољубивоста. Но, ете така со некои луѓе не се дружам но, ми наидуваат во мисла нивните лица како се уште да се со мене и тоа ме страшно вознемирува...мирот кај мене е на пиедестал. Знам да заобиколам и да не се нервирам кога некој се обидува да ме вознемирува.
Ова ми личи на дереализација, ти имам кажано еднаш, мислам дека си на некој почетен стадиум. Не смееш да се затвараш дома со дереализација, некогаш знае да преиде и во деперсонализација. За крвта, мене ми е често слаба, и лани паѓав 2 пати од слабо железо и низок притисок, може да се случи, ама не треба да мислиш на тоа. Имам и јас главоболки, ама сега се поретки и послаби, од минатата недела, и не пијам ништо за болка кога се вака послаби, може чај или некој витамин.
Имав порано проблеми со анксиозност и бев океј, евр сега пак Се плашам од се и сешто, близок во фамилијата два дена има висок крвен притисок и јас умирам од грижа, срцето ми чука забрзано и неможам да се смирам. Се на најлошо помислувам
Па, таков ти е карактерот а, карактерот најтешко се менува. Што велат старите "волкот влакно менува, ќуд не". Нели можеш на пример нешто да помогнеш во ситуацијата да го потпрашаш како се чувствува болесникот дали му е добро да му дадеш чаша вода, да свариш кафе или да му дадеш Кока-Кола едноставно да покажеш малку повеќе храброст во ситуацијата. Или едноставно да претпоставиш што се случува и да помогнеш со тоа што напишав погоре.
Кока кола и кафе на човек со висок притисок не се дава. Знам како е чувството..и јас сум иста само што ќе ми каже мм или некој близок дека го болело нешто или не му било добро. Веднаш ги менам сите бои на лицето.
Кофеинот нели го снижува притисокот? Така сум слушнала. Или можеби е индивидуално. Мене додуша не ме ни интересира. Јас така функционирам.