1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Е добро де,ништо страшно,зошто се извинуваш на членка која не коментира ништо на темава туку сака само да одржува "куќен ред" а не е никаков администратор.

    @FlowerMarija и ти имаш прашано пред некој ден едно мислење за кое има посебна тема,во друга тема,така да немора да се тупи темата со нелогичности,си знаеме ние тука кои си пишуваме скоро секојдневно што се дешава. :)
     
  2. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Од култура се извинив. Ептен се потресе:D:D:D:D не сакам да ја вознемирувам.
    Иначе ај да не се расправаме. Тука сме сите за поддршка, утеха, мислења, искуства и сл.
    Имајте сите убав ден без паничи напади и анксиозност :inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, Cutiepie1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    112.202
    Пол:
    Женски
    Значи периодов после не знам колку време ме мава таква анксиозност, напнатост, вртоглавици, главоболки.. дали од загаденово, дали од времево.. ама невозможно е. Денес масажа си закажав, зашто и на работа турбо морам да сум 100% фокус и се заедно.. ужас.
     
    На eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Може да си ствараш и потсвесно притисок и ти се афектира со анксиозност. Дека рече мора да си турбо на работа. Најверојатно ти е од потсвеста
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    112.202
    Пол:
    Женски
    Ќе помине..
     
  6. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Вчера мислев ќе цркнам,денес троа подобро ама ќе видиме како ќе течи денот......
    убав ден на сите,ви праќам позитива :l:
     
    На Mumoftwo30 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  7. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    И јас сакав да одам,ама бремени жени не смееле на масажи и такви работи,и ништо....ќе оставам после пораѓај да ме прекршат :D
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Значи ти луѓево на форумов ги делиш на главни администратори и неважни луѓе за извинување ?
    Каде е тоа мое мислење погрешно напишано кажи ми да се поправам ?
    Ги збунивте луѓето со мислењата за скриен шеќер тоа беше главна цел за мислењето што нема никаква поврзаност со анксиозност.
    За тоа е форумов за да си даваме поддршка.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Тебе те делам да,си имаш пријави мислење и модераторите ќе средат. Ќе префрлат мислења во соодветна тема. може да се врати назад страна две,и да се прочита зошто е дојдено од анксиозност до скриен шеќер,за мене беше поврзано. Така ја праам кога ќе се најдам во некоја тема за едно нешто,а се пишува друго,па не дигам фама туку културно си извртувам поназад и прочитувам што е муабетот.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    112.202
    Пол:
    Женски
    Зашто да не смееш? Има масажи за бремени жени.. освен доктор ако не ти забранил. Другарка ми си одеше на масажа прилагодена за бременост. Во Америка братучетка ми 7 месец болка во ккчма на киропрактичар беше.
     
    На SummerGirl, ForeverME и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Па прашав една тука има салон близу мене кај што живеам,и ми вика извини ама не масирам бремени жени и на друго место немам прашано..мислев да не е исто кај секого,а ужасно ми треба масажа,цела сум здрвена.
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    112.202
    Пол:
    Женски
    Имаш во Рефлекс студио и во Спа центарот во ТЦЦ плаза кај Веро 2.
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Фала ти ќе знам за пријавувањето, прочитав. Нема смисла да бараме по темите мислења од пред 2- 3 страни. Сега оставам во темава членовите што навистина имаат мака да пишат.
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Сега мислев да напишам...дека денот ми почна ок ама сега веќе осеќам стегање на глава,слепоочници,болки во вратот,вртоглавици некои чудни,итн...
    Мислам дека ми е од вратот нешто..немам страв и не е анксиозност,ниту панични напади,ама ова со главава ми пореметува се живо и диво. И расположение и се се ама баш се. Си легнав,се надевам ќе помине
     
  15. Miroslava12

    Miroslava12 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
     
  16. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    2.289
    Пол:
    Женски
    Читам чести жалења околу вратот. Пред некое време во разговор со една членка се сетив на едно испитување поврзано со тие симптоми.
    Постојаното (намерно не пишувам често бидејќи не е веќе често туку стана постојано) седење во наведната положба за да гледаме во телефоните предизвикува проблеми. На страна што сега сите деца се со такви проблеми туку и возрасните со веќе оформена положба на телото го имаат тој проблем. Дополнително е што многу малку се троши време на вежбање.
    А сега за испитувањето: постојаното седење на телефоните и таквата положба на вратот придонесувале за зголемување на аксиозноста. Заради што доаѓа до тоа не запаметив точно, беше поврзано со некакви течности ама не е лошо да направиме напори и да се обидеме или да избегнуваме толку често користење на телефоните (што би било во секој случај плус бидејќи тој период може да се искористи на пример вежби за вратот и што уште не) или да ја подобриме положбата на телото.
     
    На eliesaab, lolipoppp и FlowerMarija им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.035
    Допаѓања:
    124.451
    Пол:
    Женски
    Понапната сум и гледам да не сум цел ден дома без разлика на времето.
    Започнав со Асентра. Се надевам дека нема да осетам негативен ефект.
     
  18. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Имаш пиено некогаш ад?
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.035
    Допаѓања:
    124.451
    Пол:
    Женски
    Да, Елицеа. Огромна грешка поради која и од други АД ми е страв.
    Ми правеше јака и неподнослива главоболка.
     
  20. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Ајде види како ќе си на асентра па пиши,јас ја пиев и ми беше ок
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.