Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
  2. Рутерче-Нена

    Рутерче-Нена Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2023
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Nikoj ne mi napisa znaci jas samo ova go custvuvam nekoja bolest li e
     
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    2.302
    Пол:
    Женски
    Овие симптоми треба да ги кажеш на лекарот, може да бидат и од комбинацијата која ја земаш. Консултирај се и види што ќе ти каже.
     
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    15.806
    Пол:
    Женски
    Занфекса 50 мг се напив пред пола саат, е сега ме фати заб и одма се напив Ефрдол.
    Дали има интеракција?
    Паника ме фати.
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    6.536
    Не, не се грижи. Само немој да пиеш повеќе од еден Ефридол, а и општо би ти препорачала да земаш некој друг лек против болки, а не nimesulide.
     
    На theowndemon, GirlLove и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  6. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    Не,од анксиозноста ни е.
    И јас сум иста...потогово кога се менува времето или ќе се смени во наредните 48 часа...јас сум тогаш баш ваква како што опиша.

    Инаку после 3 дена поминати добро,мислејќи "светот е мој" денес сум без грам сила.Очекувајте промена на време...
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Не знам како да кажам, а да не бидам груба, ама луѓе ко луѓе сè нешто нè боли, чудно ни е, ни смета. Не викам дека е нормално, никој нејќе да го боли и да пати, и логично е секој да си бара чаре, НО не е изводливо совршено добри да сме. Тоа треба да се укапира.

    Еве секој втор ден ме боли главата, понекогаш ме боли и по неколку денови по ред иако пијам Аналгин и ибупрофен (пошо ми е фатен и нерв под едното рамо, што дополнително ме боли и грб и врат) и магнезиум, и пак ме боли. Зошто? Зошто добри 6 саати зјапам у екран на работа. 6 саати седам на столче. Времето константно се менува. Некогаш може сум дехидрирала на момент. Повеќето денови од понеделник до петок не сум доволно наспана.

    Ако не спиеш доволно, ако не пиеш вода доволно, ако прегладнуваш на периоди и дополнително не јадеш доволно зеленчук и овошје, ако немаш никаква активност, не се растегнуваш, не се препотуваш, ако немаш пракса покрај психолог што те смирува и ти намалува стрес во секојдневието, епа како да не си здрвен, да не те боли глава, да имаш нормална циркулација, да не ти се врти, да имаш енергија, да немаш константен немир и ред други работи??

    Као, нормално е да провериш дали си безбеден, да се осигураш дали имаш некоја болест, ама што фајде од "паѓање у несвест" еве дошол крајот, на секоја болка и сензација.

    Знам дека не сум секад утешителна подршка, ама дај бидете реални.
     
    На NoirSerpentine, Tarantulla, lolipoppp и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    Па анксиозноста е далеку од тоа да те боли глава од фатен нерв.
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Да, и?
     
  10. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    И нека ти е со помин.
    Си знаеш од што ти е.
    Анксиозноста и паничните се сосем нешто друго за кое појма немаш,и среќа па е така.
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Оф леле.
    Препрочитај што пишав, еве ако не е јасно која ми е поентата, ќе објаснам: сите зборат ме боли глава, ме боли врат, што ми е, итн, така? Значи сите нè боли нешо, не значи дека секоја болка е добиена од анксиозност и панични, туку најчесто е од сите причини што ги набројав погоре. Пошо луѓе сме, нè болат делови од телото.

    Патем, игнорантски ти е коментаров, пошо не ме знаеш, па да тврдиш дека не знам што е анксиозност и панични. Ги имам и двете, но среќа научив делумно да ги контролирам за да ми се разретчат и кога ми се дешаваат некако да ги пребродрам полесно.

    Али пак тоа нема врска со поентата што пробувам да ја кажам. Секој треба да се преиспитува подетално и од разни аспекти за да увиди што му е, па соодветно да си најде чаре.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    Патем во таква тема почнуваш со реченицата (не знам како да кажам,а да не бидам груба) во што бе девојко да си груба? И оваа тема ли ќе ја осакатите со вашите "реални коментари"

    Те разбрав и анксиозните личности скоро па секој ден со во болница за да испитаат тоа што ти го наведе погоре,и за наше чудо се ни е во ред,ама психата НЕ Е.
    Тоа е нешто што не се лечи со аналгин.
    Ако ти си ја пребродила и ги пребродуваш паничните напди,некој друг не може толку лесно,ни со лекови ни со психолог. Затоа не знам од каде таква дрскост спрема сите членови тука кои наместо да си поддршка и да кажеш нешто што ти помогнало при панични,анксиозност итн,ти пишуваш за тоа дека сите ги болело нешто секој ден.
    Да знаеме,и баба ми 86 години ја боли кичма секој ден,ама нема проследено панични напди од нешто што и се менува во организмот или ако осетила болка.
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    125.594
    Пол:
    Женски
    Членката е во право. А и секој кој има пишано поназад во темава дека не може секоја болка да се препишува на анксиозност.
    Треба да се послуша советот секој прво да си испита на едно или две места дали болките му се од физичка причина, а потоа ако физички сè му е во ред, да отиде на проценка за анксиозност.
    Ради кукања од нешто што може да е физички проблем (а, си има посебни теми за тоа), чисто анксиозни не доаѓаат на ред да си пишат и побараат совет.
    Малку да ви притекне дека форумов го читаат и лица кои се паничари и хипохондрици. Со мислењата за симптомите можете да им ја зголемите паниката. Патем постои посебна тема за панични напади.
    Никој не ви брани да споделувате, но бидете со осет спрема насловот на темава и потребите на другите.
     
    На NoirSerpentine, Tarantulla, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    Не,не е ништо.
    Се надевам ти помина забот :f:
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Не сум јас од вчера, сум пишувала и ќе продолжам да пишувам за како јас ги пребродрувам. Сè во свое време, кога јас сметам дека треба.

    Всушност, и моето мислење погоре со најкраток заклучок дека многу болки и сензации произлегуваат од сите нешта кои ги набројав Е совет како да ја надминеш анксиозноста. Пошо некогаш советот е "дај олабави, од недоволно сон ти е" (на пример, де). И така одеднаш се смируваш и ти проаѓа анксиозност во моментот. И превземаш работи за во иднина.

    А иначе ако сметаш дека сум дрска зошто дадов реално мислење но од поинаква перспектива што претпоставувам не ти се допаѓа (пошо сметаш дека сум дрска, а уствари воопшто не сум), тоа искрено е твој проблем. Мој совет е да си го намалиш егото, така поголеми се шансите дека мислења од поинаква перспектива нема да ги осеќаш дрско.
     
    На Tarantulla, velfi, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.239
    Пол:
    Женски
    Така е! :handshake:
     
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    8.369
    Пол:
    Женски
    Едни исти луѓе пишувааат во темава со години, скоро сите се знаеме што сме и какви сме, околу анксиозноста зборам.
    Некој само седи во место, чека симптоми да му се појават, и да пише тука, притоа ништо околу тоа не се превзема! Како сакате да ви е добро кога со години стоите во "мртва точка" секој совет кој што некој пробал да ви го даде не го почитувате, не посетувате психолоф, не водоте грижа за себе итн. Некогаш многу работи зависат само од нас, пробајте и потрудете се да смените нешто во вашето секојдневие, ако не одете на психијатар да ви ја променат терапијата. Тешко е да, ама не и невозможно.
     
    На NoirSerpentine, nextredstyle, lolipoppp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Зошто ги препишуваат лорезепам кога нигде ги нема,кажете ми има ли некој да знае негде случано да не ги продаваат сеуште?
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.304
    Допаѓања:
    113.846
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум со години со анкисозност, и под терапија. И не, не се потресувам над секоја болка. Порано а сега не. Што кажа членката не е се знак за умирање. Олабавете си ги мислите малку. И јас бев со вртоглавици, сменав перница врат помина се помина. Ај со здравје. Ми појача анкс, не ми беше баш пријатно ама не се потресов нешто. Ќе помине. Пред некое време ме укопа во земја анкс не можев чекор да направам.. помина и тоа. Ако само тоа мислам ќе се скренам. да знам како е и што е ама само од кукање и пишување нема да ти помине. Нема никогаш да ти помине. Научи се да живееш со тоа или најди си мир за да се излечиш.. До следниот тригер...
     
    На Tarantulla, lolipoppp, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.080
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа како полесно е, се да се препише на анксиозност,отколку да се прифати реалноста дека човек некогаш е стварно болен или неарен од Х причини.
     
    На Mumoftwo30, nena2010, Tarantulla и 1 друга личност им се допаѓа ова.