1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Како анксиозна особа, можам да кажам барем за мене дека Хелексот ме прероди.
    Го пијам барем 3 пати во неделата од 0,25, ја сум претеран хипохондричар и тоа мислам и доживотно ќе ми оди. Одам на лекар од интернист до кардиолог до крвна слика до хормони на секои 6 месеци да ми е мирна душава, се навикнувам да бидам послободна да не паничнам толку оти не знам колку пати мислев дека имам само тумор на мозок, срцев удар и што уште не.
    Реално да не потресувам и други но долку нешто сметате дека не е во ред физички , да не се мислите дома одете налекар барем лекар да ви потврди ако нешто треба да се прави или пак се е во ред, мене така главата ми е помирна.
    Анксиозноста кај секој се манифестира различно пулсот секогаш ми беше во нормала но мене ме стегаше меѓу гради постојано некогаш и со денови се обидував многу пати да го контролирам сама ама некогаш не делува, и кога веќе не делува да не се мачам кркни апчето и тоа е.
    Поддршката од членките и искуствата во оваа тема исто се од голема помош и секој кој ќе упадне овде има шанса да најде барем некој совет чаре или пак утеха.
    Чувајте се, и верувам дека на сите ќе ни е подобро со тек на време.
     
    На Adidas888, FriendOfDorothy и desperate15 им се допаѓа ова.
  2. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    449
    Пол:
    Женски
    Супер си напиша,ова веќе не е тема за анкс, сите болести ги опфатиа ,стана ординација за совети, од скриен шеќер,бременост, до, (ме боли ноктето на малото прсте)
     
    На Neptun's fog, nextredstyle и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. desperate15

    desperate15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    996
    Пол:
    Женски
    И јас сум хипохондрик откако знам за себе, но со годините се промени нешто и не сакам да одам по лекари повеке, одолговлекувам се, крвна слика немав проверено повеке од 2 години, проверив завчера откако мајка ми ми свика да проверам пошто се сум без енергија. После година ипол закажав за наредна недела и на гинеколог.
    Јас си знам дека многу болки ми се од мислите, иако работам, сум со обврски мене тие ми се мислите, тие ми се стравовите и тоа е се помирив. Јас знам дека жив човек ке го боли некад нешто, ама не може на 30 години мене секој ден да ме боли нешто, секој ден нов симптом, и знам дека ми е од анксиозноста и лошите мисли, ретко пишувам во темава ама кога ќе пишам некогаш и видам дека не сум сама многу подобро се осекам.
     
    На Skorpija12, Paula123, ToksycznaReakcja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Рутерче-Нена

    Рутерче-Нена Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2023
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Na lekari vise skisnav ginekoloski nekoj hormonalen dizbalans krvarenja imav i kiretaza
     
  5. Unknow888

    Unknow888 Нов член

    Се зачлени на:
    6 март 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Последните денови се соочувам со прескокнување на срце на некој моменти а најчесто кога ке се најадам. Пред скоро година имам правено екг и крвна слика се ми беше во ред.. Дали е ова од стресот и некој совет?
     
  6. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Јас цело време се соочувам со такихардии ,едно време кога почнав во теретана пулсот ми беше 58:D и јас се соочував со прескоци. Ептен бев успаничена ама многу читав по нет и се распрашував по стручни лица, ми викаа да не се загрижувам, нема простор за паника. Ми се средија со тек на време.

    Сега понекогаш знае да ми се деси ,знам Ептен е гадно и непријатно чувство ама го игнорирам заш знам дека не е опасно.
    На многу им се дешаваат прескоци, опуштисе
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Премореност, психичка, од лоши мисли, лоши сценарија што си ги правиме, од секојдневните стресови.


    Појди си на интернист од мисла и психотерапевт.
     
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.183
    Штом си правел екг брзо и сѐ било во ред, ништо страшно. Јас низ слично имам поминато, висок пулс со недели, правев испитување, сѐ беше океј, докторот ми рече дека сум под стрес. Ми препорачаа лунерба таблети, тие ти се додаток во исхрана, имаш магнезиум, витамин Б6, маточина, билки. Често знам да пијам чај од нане исто, ме смирува. А ако веќе сакаш да бидеш ептен сигурен и смирен, оди пак на лекар.
     
    Последна измена: 15 декември 2024
  9. Skorpija12

    Skorpija12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2022
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Од стрес најчесто и страда желудникот, штом е приметено дека прескоците се после оброк најверојатно тоа е причината желудникот. Гледај да не се прејадуваш, често да се јаде а мали оброци, да не се легнува после оброк, бидејќи желудникот и срцето се блиску и често знае после оброк да се јават прескоци.
     
    На theowndemon и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    Proveri go zeludnikot cim e posle obrok, i gastritis i hrrnijata znaat da pravat taka. Mene mi se slucuvase istoto koga imav gastritis posle so terapija mi se sredi.
     
  11. Alexdesosa123

    Alexdesosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    И јас се соочувам често со прескоци, сега скоро до пред некој ден имав буквално на ден по 10тина пати правев екг се беше добро. Јас сум моментално со зуење во ушите,многу непријатно чувство.
     
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alexdesosa123

    Alexdesosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Луѓе имам многу јак пничен напад ве молам некој ако е онлајн да ми пише
     
  14. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    So ekg od dve sekundi nisto ne pravis, pobaraj holter da ti stavat , najcesto se bezalezni ama ete za tvoja sigurnost i da ne mislis.
     
  15. Miroslava12

    Miroslava12 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    I jas sum istata bolka vo levata raka I bolka vo sijata I gusenje edvaj goltam kako stegnatost osekam
     
  16. Alexdesosa123

    Alexdesosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Носев холтер не покажа ништо ама од време на време ми се качува притисокот
     
  17. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    Pritisokot moze i od panika da ti se kacuva. No ete za mirna da si posto znam kako e otidi si na internist za detalen pregled na srce i bubrezi , neka ti stavat holter za pritisok i ke vidat dali i koga se kacuva.
    So terapija ke se regulira.
    Jas otkako pijam terapija ( mala doza na betablokator).za preskocite ( i kaj mene ne se fakaa na holter oti bea retki) podobro se osekam i pomirna sum.
     
  18. Alexdesosa123

    Alexdesosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Ќе одам секако, јас зимам по потреба терапија за притисок ама очигледно не помага, плус паника плус триста чуда многу лошо
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Neptun's fog

    Neptun's fog Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите.
    Ова си дрма не се смирува за жал.
    Ме дрма 24/7 веќе недела дена, освен во оние малку саати кога ќе подзаспијам.
    Како да ви опишам едноставно се чувствувам како пред смртна казна веќе цела недела. Мозокот не ми наоѓа мир и благосостојба ни на минута. Страв од страв, страв од себе и сите тие мисли ужасни. Место не ме бере. Сопствениот дом ми стана туѓ и не ме смирува. Отидов кај пријател да спијам, да сменам, исто.
    Самоубиствени мисли немам воопшто, напротив сакам да живеам премногу и да се спасам од ова. Стварно не знам како дојдов до ова за олку кратко време.
    Природни алтернативи малку физички ме смируваат ама мозокот си дрма понатаму со истото.
    Многу сакам да се изборам без терапија ама се плашам дека не ќе можам.
    Ваши искуства со терапија?
    Ви помогнала?
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Машки
    Правец кај психолог, па кај психијатар.
    Психологот се обидува да разреши ситуација без таблети, додека психијатарот има овластување да препише и таблети. Јави се веднаш и закажи си термин затоа што се чека и по месец дена на приватно.