Во ред, фала. Сакав да ги научам. Значи има седатив, антидепресив и антипсихотик. Дијазепамот е седатив?
Јас пијам затоа и сум љубопитна што пијам. Лекарот не ми објаснувал никогаш само маката ќе ја кажам и според тоа одредува терапија.
прочитај ги упатствата на лековите што ти ги дава, ке имаш појасна слика што пиеш, само биди сигурна дека не ти дава нешто штетно. тоа се само лекови
А дали сите лекови маваат на килажа? Откако почнав со терапија за месец дена качив килажа. И сите до сега што сум ги пиела по малку ме здебелувале. Не се работи само за отварање апетит. Во принцип не јадам многу ама сеа килажата што ја имам страв ми е и да ја кажам...
Ќе го прашаш докторот да ти објасни за лековите. Можеш и сама да си истражиш на интернет. Само не се опседнувај со тоа. Лековите секако се за да ти биде подобро.
Добро тоа е логично. Затоа и идеме на доктори за да ни биде подобро. Ама секако дека сакам да знам што со себе... Само што не дознавам ништо од разговор со докторот за тоа.Затоа и прашувам тука и барам по интернет.
Јас бев многу слаба така да ми одговара што се здебелив, не знам како би го контролирала, провери си и тироидна жлезда
Проверив уште на почетокот. Се ми е во ред со тироидната. Тебе можеби ти биднало добро, но кај мене е катастрофална работата. И не само за изгледот туку и кичма ме боли и некогаш се гушам од кога ќе јадам. Ме стега. Не знам што да правам. Ми се чини како да нема чаре.