Дали покрај терапијата од психијатар, земаш суплементи од теретана? Јас прв пат слушам и покрај водење здрав живот, да имаш анксиозност......
Прво, зимам само витамини за коса и тие не ми отвараат апетит. Испробани се од порано. Секогаш се грижам за мојата коса. Второ, никогаш не сум користела суплементи за во теретана. Трето, можно е и здрав живот и анскиозност. Јас сум пример за тоа. Секогаш нешто тренирам.
Прв пат слушаш, ама многу анксиозни водат здрав живот. Тоа не им помага на сите. Можеме сешто да пробаме, но сè ќе е џабе додека не се решиме да се ослободиме од кочницата во главата.
И не само ова. Туку и многу интелигентни луѓе не се добри со паметот. Како што секаде пишува дека најголемите математичари се шизофреничари. Сигурно сте го сретнале тоа некаде. Нема правило кој може да има психолошки проблем.