Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Neptun's fog

    Neptun's fog Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Ве молам искуства со несоница?
    Не е дека не ми се спие, него имам чувство на опасност дури и тогаш.
    Ми се спие многу ама се чувствувам толку несигурно и опасно во сопственото тело до степен што ќе ми се расипе и сонот после сите оние адреналински напливи од стравот и толку од спиењето.
    А дури и ми е страв да заспијам како да ви опишам, ми се чини ќе ми се случи нешто дури и во сонот.
    Преживувам со многу малку сон веќе подолго време а клучен е за состојбава и здравјето воопшто.
    Пробав мелатонин многу лошо се чувствувам следниот ден а имам и кошмари.
    Докторот ми вели да земам седативи а мене ми е многу страв да не станам зависен од нив.
    Би ми значеле ваши начини за справување со ова.
     
  2. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    4.887
    Пол:
    Женски
    Совет и консултација прво со психотерапевт,ако нема напредок потоа ќе консултираш психијатар, ако треба седативи ќе пиеш, ако се користат според упатство и под надзор нема да станеш зависник, тоа доктор одредува дозирање и начин на користење.
     
    На Neptun's fog му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Женски
    За здравјето е многу важен добриот сон. Според мене е само еден потежок период којшто ќе го поминеш придржувајќи се до препишаната терапија како што кажа членката пред мене.
     
    На Neptun's fog му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Neptun's fog

    Neptun's fog Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Никако да најдам добар психотерапевт специјализиран за овој тип на фобија.
    Одев кај неколку и воопшто не сум задоволен, дури повеќе ме исфрустрираа него помогнаа.
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Психијатар ќе ти помогне. Не значи дека веднаш ќе ти даде лекови. Може ќе ти каже дека може да се реши со психотерапија.
     
  6. Neptun's fog

    Neptun's fog Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Бев, ми рече да се исцрпувам со работа и воопшто активности.
    И да пробам да ја прифатам анксиозноста како нешто природно овој период. Да не се борам туку да ја прифатам и да ги бркам сите други обврски..
    Ама тешко ми оди.
    За секој случај ми препиша Зепира и Аклонил. Зепира зедов само еден ден и прекинав. Потешко ми беше и имав кошмари со потење цела вечер.