Како од што? Од затворен простор, од тоа да си заглавен у еден мал дел, да се гушиш и да немаш воздух, и почнува нападот тука.
Ако немаш искуство со близок, или ти лично, тешко да разбереш, верувај. Не знае што да прави, ја фаќа паника, бара излез или помош во тој момент, после извесно време се соочуваш со стравот само така го надминуваш проблемот.
Имам лично искуство, па прашувам дали е исто тоа што и јас сум го правел тогаш. Имам идеја, може ќе фане, може не - кај мене делуваше.
Мене вака ми се случува кога сум во гужва. Без разлика дали е во некоја просторија, по улица, било каде што има многу народ околу мене ми ствара паничен напад, се гушам и ми се врти. Гледам максимално да избегнувам такви ситуации колку што можам. Друго решение не знам. Имав случка во една институција, имаше толку многу гужви, буткања, ама морав да завршам работа. Ме фати мала паника и не можев да излезам надвор од народот пошто е без осет и култура и се онесвестив. Среќа не бев сама па за брзо ме вратија во нормала и вработените гледаа побрзо да ми завршат работа. И тоа кога бев на ред ми се случи тоа.
Не се проблем луѓето, па и до некаде се, така се осеќам затворено некако, потешко се дише, и одма почнува да ми се врти, да ми станува жешко, да се препотувам. Некако чувствувам дека како поминува времето ќе ми биде се полошо, а не можам да излезам надвор на воздух бидејќи сум заглавена меѓу луѓето, плус автобуските се на големо растојание. Исто така страв од несвестица, некако сите ќе те гледаат... Не ми сметаат гужвите освен ако знам дека во секој момент можам да излезам од нив, еве како кафичи, дискотеки... па и на места кај што има прозорци, буквално во двоспратрн автобус на скали стојам без проблем во најголемите гужви...
Два дена супер, два дена крш, ќе пројде ли оваа чума. Се живо и диво на моменти ми смета, се пребродев освен симптомите со срцето.
Немам причина а се чувствувам недобро, како во loop некој. Ми доаѓаат бранови од емоции (тага), ќе си поплачам, па сум подобра, па ќе си речам има и полошо. ќе се утешам, се до другиот ден, и така во круг..
Нз веќе, де синусите, де забот, огромни главоболки, апчиња многу испиени, ме боли желудник, ми се плачи. Нз веќе од што ме боли главата. Премн стрес, премн. Само ми се плачи. Еве и пмс почна да ме дрма, уште 12 дена и да добијам. На една колешка и се развикав пред сите и не ми е галје кој беше околу мене... Еј в лице ми се потсмеваше.... Е така, и не мислам да си собирам внатре поќе јас, не менаџер кој сака нека е околу мене.. Плус, добив удар од еден пријател, како мене ништо не ми чинело, само сум менувала работи, само нешто ми фалело во секоја работа, сум се жалела, мене ништо не ми се погодувало. Е таква поддршка, добив. Поарно сама ќе си бидам отколу ова да го слушам, од некој што 10 години не е излезен од фабрика и не гледа за нови можности. И така ќе плачам и ќе помини
Мене ме носи удолу, со овој нискиов притисок хаос сум. Само на спиење, комотно може на 12-13 часа да ме снема.
Дали само јас ја имам оваа фобија ? Рак на дојка....значи како улава секој ден се чепкам , се тресам на секоја болка или нешто што ке напипам....а лани бев на прегледи во февруари па на крај година во ноември. Ме излудува.. ..месец два после прегледот сум мирна и после пак почнува агонија . ..
Јас сум таква со други симптоми, кога ќе направам преглед се смирувам, после точно пак продолжуваат симптомите. Како се справувате со притисок во гради, кога ми е така плус покачен ми е притисокот, сфаќам колку е моќен мозокот, ние место да го користиме за позитивни и среќни работи ние спротивно. Пробувам да не мислам ама неуспешно.