Па мене после бременост кога ми се качуваше притисок, првата недела океј после веќе беше на психичка база.
Исто, се живо ми е месецов, бев на 450 доктори, по 4 мислења, главата ќе ме шекне. Сега ново ми е дека нешто со главата имам, па ме боли, па ми се гади, немам апетит.... стресот одма ме мава на немање апетит или гадење и болки во стомак. Ќе препукнам со вакви мисли, од почеток на месецов ме прифатија будалите, на 4 др. бев да снимам гради, сега ова со главава, плсле нешто трето... преуморна сум од глупостиве. @Misskirova
Па не е само интернетот што ги мачи. Многу работи можат да влијаат. Нека одат на кеј или во парк да џогираат, нека пешачат, слушалките со музика обавезно. Музиката опушта.
Некој за чат со проблем анксиозност околу спиење.. Страв од неспиење и страв од спиење. Ако не спијам паничам, а при заспивање исто ми е страв да не ми се случи нешто во сон. Мозокот на fight or flight веќе месеци. После ваква ноќна тортура следниот ден уште поизразена анксиозност од се'. И како го решивте ако сте го имале ова?
Да, ама претераното гуглање не чини. Нека го прават тоа што го предлагаш. Човек треба да си ги трга мислите, не да се опседнува со непотребни.
И природата исто. Да. Ама паничам зошто немам доволно време за сон и одмор а сабајлето треба рано да станам. Ем ненадпана ем анксиозна ем испаничена. Пребродувам со Б6, магнезиум и ашваганда. Некогаш и валеријана чај/капки и многу тивка музика за медитација. Некако проаѓа.