Готово ме уби анксиозноста, веќе неколку дена осеќам желудникот како ми е преосетлив, ми се гади дури и пред некој ден имав повраќање и пролив… цело време буквално цело време мислам дека нешто лошо ќе му се случи на некој од мојата фамилија, губам концетрација и дури се замислувам и се губам во просторот… па и утре сестра ми оди на патување, јас наместо да и посакам убав помин, јас се стресирам како ќе помини цел пат, дали се ќе биде во ред и помислувам на најлошото.. не знам како да си помогнам самата себеси, седам дома тажна и како животот да ми пропаднал Инаку не земам терапија, ова ми се случува еднаш-два пати во годината..
Јас не сум имала, ама прво вака како совет ми оди, да земалце Б6 и магнезиум ќе ви се опушти телото. Би ви препорачала ашваганда исто. Штом на лекар ви рекле не ништо, верувајте и. Може само под некој стрес сте биле, па сега вака се манифестира.
Добро што си го препознала како анксиозност. Само прифати го моментот дека ти се случува, освести ги мислите (јас некогаш и си запишувам). Значи мозокот што се е способен да смисли, страшно нешто..
Раце ми се тресат, тахикардија, висок ми е притисокот и си правам најлоши сценарија во глава како можи најлошо да не снајди како фамилија, помислувам дали се претчуства ама се надевам не се.. туку се е во мојата глава
Што е тоа што мислиш дека може да ти се случи во сон па да се оставиш без спиење? Секако дека е поизразена вознемиреноста кога на телото му треба одмор, а не го добива па троши резерви кои не се полнат.