Не е соодветно некој од тука да ти препорача бидејќи не те познава и не знае детали за твојата состојба. Треба да одиш кај психијатар кој ќе те процени дали си за антидепресив и кој е за тебе.
Ти помогна да спиеш убаво? Обично помага за несоница, затоа и навечер се зема мислам. Има седативно дејство. Некој дијагностициран со пост трауматски синдром а сте се влечеле со анксиозност дијагноза цело време? Би ми значело споделување искуства и лечење во порака, благодарам.
Ауу, многу лошо се чувстував откако испив едно апче, ми требаа два дена да се опраам, одма го оставив,никогаш повторно не би се напил од нив
Дали сум премногу цепидлака? Му кажав на еден другар, дека баба ми мож имаше мозочен, не знам, нз шо се деси цела недела. Во хаос сме сите. Му кажувам на еден другар, и ми вели колку години има? Јас: 90 Тој : што сакаш ти? Си го изживеал животот. Се навредив. А чекав како поддршка емоционална. Како утеха нешто.
Можеш да го сфатиш како навреда, ама можеш и да го прифатиш како потсетување на реалноста. За жал, смртни битија сме. Не знаеме колку ни е рокот. Некој умира на 9 месеци или години, некој на 90+/100+. Полесно се справуваат оние кои го прифаќаат тоа. И треба да прифатиш дека нема секој да те поддржува и теши.
Точно, не секој е емоционално интелегентен. Очекував ос него поинаква реакција, ама ако така ги учиме луѓето какви се.
Ете пак почна... Мислам дека кога ќе зборувам со луѓе сум поинаква личност, како друга да сум, како јас да не сум јас. Зар другарките не ме гледаат дека ми се случува нешто? Премн сум ќутлива и мислам дека со животот идам наназад. Наместо нанапред. Чекам одговор од психотерапевтот....не бива вака поќе.. Дали сум во ред се прашувам.. Знаете како се осеќам ко да не знам да се снајдам во ниту една социјална и фамилијарна ситуација.
Извини, може мојот одговор да биде малку остар. Но, треба и ти да ги сфатиш другите. И јас имам другарка која постојано само се жали нешто и кога и велам да смени нешто одма почнува негатива. Сакам да кажам дека и трпението на другите луѓе е ограничено. Работи на себе, опушти се, медитирај, практикувај ги вежбите што ти ги дава психотерпаевтот. Многу важно: кај тебе нема ништо да се смени, се додека ти не почнеш да работиш на себе и да сакаш да се промениш.
Здраво. Читав во групата ама не наидов на проблем како мојот па ако некоја членка има искуство/решение нека ми пиши. Од пред неколку месеци имам како некоја анксиозност, мислам ќе се онесвестам ако не излезам на чист воздух, и тоа ми се случува само во кафичи/кафеани кај што се пуши. Веќе многу почна да ми смета состојбава и ми влијае и на социјалниот живот. Не можам да излезам никаде ако отидам 15,20мин и толку, почнува да ми се лоши, да ми се повраќа. Инаку на други места, дома, надвор или на места кај што не се пуши немам проблем.
Здраво нова сум овде и ми треба ваша помош. 8 дена пиев зепира по половинка значи по 5 мг. Вчера дојде ред за цело 10 мг. така ми кажа лекарот една недела пиловинки потоа цели, вчера почнав да чувствувам првин потење на дланките прв пат до сега ми се нема случено, потоа топлина и потење на стапалата, па почна како топлотен бран по цело тело најмногу во градите и почнав да се тресам, отидив на лекар ми кажаа дека НЕ е од зепирата дека ми е паничен напад, ама ваков паничен напад не сум имала. Ми требаа саати за пулсит да ми се стабилизира. И секако ми кажаа да продолжам со зепира. Денес утринава испив половина, цел ден ми се тресат нозете како да објаснам како треперење кога се движам. Отидов до продавница се симнав по скалите на зградата ама едвај се симнав едвај се качив, ми се тресат колената. Сум имала панични напади ама знам дека ова не е паничен напад. Не чувствувам страв, пулсот ми е околу 100 ама нозете како да се откажуват од мене. Какви се вашите искуства со зепира? Дали ви се има случено ова. И имам бедоксин дома, Б6, дали да се напијам едно? Сте пиеле ли бедоксин со зепира? Многу ќе ви бидам бладорна ако ми одговорите се осеќљм за никаде.
Јас со зепира завршив поради мојата хипохондрија и сега мака мачам... Мислам дека по смирена бев со лошите сценарија за болести отколку сега со овие антидепресиви што ме прават депресивна. Во претходниот коментар пишав што ми се случува..
Од Елицеа ми има исто дојдено ама мислам тоа е нормално на почетокот од терапијата. И при спиење исто топлотни сензации. Зборувај со психијатарот , ама не плаши се, не е нешто невообичаено. Треба време додека се прилагоди терапијата. А ја пиеш само неа без седатив?
Само неа, но мислам подобра бев пред да почнам да пијам отколку сега. Дури и чувствата ми се измешени се осеќам овие два дена празно ни ми се јаде ни ми се зборува ништо... Вчера тоа некако не можам да прифатам дека беше паничен напад се тресев и раце и нозе вака никогаш не ми било. Денес како пресечена во нозете...
Исто ми беше целосно. И ги прекинав и полошо си направив. Биди упорна и комуницирај со психијатарот. Може да ти вметне и седатив на почеток за да ги одбегнеш овие нес.ефекти. После некое време ќе бидеш како нова.