Јас луѓенца не можам веќе Не можам Немам сили за борба Ми доаѓа некогаш да си го сјебам животот на макс,не сакам ваков живот
Терапија и психотерапија и ке се средиш,тука сме луѓе што сме на терапија повеќе од 10 години,и живееме нормално
Гледај да пиеш помалку кафе, затоа што тоа те држи долго време будна Особено навечер немој кафе да пиеш никако
Луѓе, за 2 дена сум на роденден (полнолетство) е сега проблем е што забавата ќе биде на викендица во некое село во Паланка за да може да се прави забава и со музика и со се и на никој да не му смета, но проблем е што во близина нема ни продавница, а камо ли амбуланта или нешто слично што ме плаши искрено. Плус таму ќе треба да преспиеме дека никој нема возачка, а и да има не смеат навечер да возат. Што да правам, многу ми е страв. Мислам дека ќе се угушам таму
kaj mene custvoto e veke 2 meseca, Psihologot mi rece deka e normalno, toa e napnatost na muskulite, ama nekako mi e sube posto sekoj den go imam toa custvo. Veke ne znam so mi e realen so mi e lazen simptom.
@Peppa Pig Јас сум многу против таблети како дијазепами, хелекс, лоразепами затоа што само ги лекуваат симптомите не причината плус прават толеранција и по одреден период зависност. Ок се само додека се чека термин кај специјалист и после се работи на причината за појава на анксиозноста и план како ќе оди терапијата. Ама не се прекинуваат наеднаш да не ме разбереш по грешка , направи го тоа во договор со специјалист. Прочитав дека симптомите ти се појавуваат при пазарување што е доста често. Ова се решава со експозиција. Колку интензивно ќе се оди зависи од твојот договор со психотерапевтот. Не се очекува дека ќе ги немаш симптомите ама полека со вежбање ќе се намали нивниот интензитет. Ако не се работи на проблемот се развива со тек на време депресија.
Ти верувам затоа што најверојатно долго го пиеш и си навикната на неговото дејство. Ама со него нема смисла експозиционата терапија така да треба да гледаш долгорочно што ќе ти користи.
Еве ме и мене и покрај терапијата наутро мозоков ми е хаос лоши мисли страв напнатост вознемиреност како да ги тргнам мислите
Мене ми беше најтешко одење во маркет. Леле какви напади добивав. А не дека пред тоа не сум одела па сега ново. И полека полека се решив да одам со слушалки на уво и да си слушам некоја музика која ме релаксира. Сфатив дека мене м итригира анкс светлата и гласовите и гужвата. И затоа одев со наочари за сонце ( ме заболе кој што мисли и ме гледа) и со слушалки на уво и музика. Шише со вода до мене. И полека. Прво издржав 5 мин. и така секој ден, после една недела 15 минути, и така се додека не се олабавив и сега ми е убаво. Пак знае когаш да ме дрмне, ама свесна сум дека е од светлото дека е од гласовите од гужвата и го игнорирам поминува. Така да @Peppa Pig само упорност. Имала немала потреба оди, изложувај се. Ова од искуство ти кажувам. Само да се наполнам. Немој да мислиш дека само тебе ти е така во тој момент. Ја ти гарантирам дека има бар 10 души таму кои се со некаква фобија, паника или што и да е. Не си сама, не си единствена, и ако не можеш да доседиш не се форсирај, не е срамно да оставиш количка и да излезеш. Само полека. Се ќе се среди.
Секако одам инаку нема кој,мора јас Да и мене премногу ми смета метеж,викање,силни звуци. Пример ако излезам у диско,другиот ден сум како во транс. Заникаде ми е главата,како да сум испила 5 шишиња алкохол. Зошто така немам појма Ќе го пробам твојот метод,ми се чини дека ќе ми е од корист Ти благодарам
Затоа што сме посензитивни на јаки звуци. Затоа. Јас на состанок еден кај што викаа не можев да издржам излегував и влегував. Така да се е нормално, не си сама, не си само ти, не се оптеретувај.
Ехее, гадење константно имав, дење ноќе ништо не ми се ставаше во уста, два залака кифла каснував, замо гадење имав, болки во желудник, дијареа, па стегање во гради и рамо, ужасен период! Прелош, хаотичен! Секој симптом мислев дека е рак, одев по триста доктори, се живо испитав, и се беше добро, ама јас не! На крај со психолог и психијатар се подобри ситуацијата, полека но сигурно, пијам веќе 2 години елицеа 10мг. по потреба дијазепам ама тоа е мн мн ретко, имам анксиозни епизоди и мисли понекогаш, ме фаќа лудило и знам да трчам по доктори, ама терам понатаму, се соочувам со стравот, никогаш не престанав да бидам со луѓе, да се кријам, да сум сама, одев без разлика колку и да беше тешко, успех ми беше да отидам сама во продавница, да останам сама дома, да спијам сама дома, итн. Ако не се трудиш, џабе, ако се откажете тоа анксиозноста и депресијата го сакаат, да сте дома, са не правите ништо, да сте безволни, да не јадете, да сте хипохондрик за секој можен симптом! Не се предавајте колку и да е тешко, лошо, да мислите дека нема излез... ИМА! Излезот сте самите вие, да му гледате на стравот во очи, да го победите, да одите напред без разлика на се, излез и спас има секогаш, ако доволно силно посакувате! @Peppa Pig
А само него или во склоп со терапија? Јас го почнав, само него го пијам наутро и навечер, засега супер си ја врши работата некако опушта многу...
Браво,многу ме радува твојата подобрена ситуација и борба ! Јас сум уште со почетна терапија,ја пиам 4 месеци скоро,се надевам на добро!