Терапијата нека ти биде како потпора дека еве си покриена ама никако да не зависиш од неа. Само работа на себе, изложување на она што ти е најтешко. Кога ќе треба да одиш некаде а почне да ти работи мозокот како холивудска продукција за што би било како било, седни, земи длабоко воздух додека да се смириш и изброј 5,4,3,2,1 и тргни. Не мисли. Само тргни. Не давај на мозокот да работи. Не иди со тоа Леле сега ќе излезам, ако паднам, ако ова ако она. Нема да се случи ништо. Речи си одам до маркет ми треба ова ова ова, одам земам се враќам, кога ќе се вратам ќе правам ова ова ова. Не оставај мозокот да биде без обврска. Тука е најголемата заебанција. Направи си план за денот. И на тоа концентрирај се. Можеме ние силни сме посилни од се.
Мене најчесто рака или нога ме боли и од анксиозноста ми е. Одма после тоа настапуваат панични напади. Кога ќе се опуштам, дефокусирам и игнорирам, болката поминува.
Дали може од анксиозност да се тресе цело тело онака како треска да се има? Вчера може еден саат да ме држеше, и вилицата почна да ми игра
Zdravo!Makata moja postojana e sledna so simptomi mnogu!Mnogu imam zestini vo gradi glava lice,trnenje po lice bockanje i ne cesa a nemam nisto.Sto se seto ova a i prosledeno so stegnata glava vrat mislam gotovo mi se slucuva cesto.Poduen stomak losenje!Mnogu se plasam sve me boli sveeee Pomosss
Рано е за скроз да си подобро, ама со тек на време ќе бидеш, ќе видиш! Апчето не е магија, се зависи и од самите нас. Не се предавај, не седи дома сама, биди со луѓе, имај занимација, хоби.. нека ти биде паметот зафатен со нешто, за да нема време да мисли на анксиозност!
Ова е исто стратегија на избегнување за да не се чувствува целосно стравот. Ако личноста со Агарафобија не може да се пазарува без тие помошни средства(очилата и слушалките) не е постигната целта. Целта на експозиционата терапија е да се соочиш со стравот без никакви помошни средства. Целта е да се сменат мислите. Како што реков, ќе се појават симптомите пр :срцебиење, слабост, желба да се напушти просторот но тоа е нормално и очекувано. Она треба да го почуствува тоа и покрај тие симптоми да продолжи понатаму. Еднаш ќе купи нешто па мозокот ќе сфати дека нема ништо страшно да се случи. И со вежбање, изложување на таа ситуација во најмала мера ќе се намали интензитетот на симптомите, а може и целосно да исчезнат. Се зависи од колку личноста е спремна да работи на своите стравови.
Јас кажав како јас почнав.. полека чекор по чекор. Сега немам гајле .. ама ете лед светлата ми сметаат зашто ме заболува глава од бела светлина и си влегувам со наочари. Ти така се справуваше со анксиозноста и агорафобијата?
Луѓе дали и на вас ви излегуваат видеа на инста за крај на светот, за трета светска војна и такви нркој глупости. Јас многу страници блокирав и пак ми излегуваат такви видеа. Не можам стварно, а го фатиш телефонот се негативности. Само ми се дозголемува анксиозноста а не знам што да правам
пушти си комедија некоја и не гледај.. сега се живо ќе вадат и реално и со ВИ направено. Книга земи ..
Тоа е проблемот, не знае човек во што да верува. Те симпсонови, те некои патници од иднината. (Не верувам во такви работи). Но сепак страв ме фати дека на многу видеа беше дека крајот на светот ќе биде на 29ти јуни. Ако ми верувате ми стана два пати полоша анксиозноста ради тоа
Јас си имам мака со вратна спондилоза и хашимото тироидна и од вратот имам болки и вртоглавица и од жешкото кога ќе сетам да ми се сврти ме фаќа одма паника страв и одма жештина ми се укочуваат нозете бре грдо нешто ми се чини како да неможам да одам како да лебдам и одма срцето лупа и ми се свртува уште повеќе ми се чини ќе паднам значи аман до кога со овие паники ,период сум океј период ме фаќа страв..
Носи си гел за ладење во ташна и кога ќе те фати така земи истри на вратот или само на ракатa и вдиши. Полесно ќе ти биде од ментолот ќе те смири. Лето е најтешко за нас. Што немам пробано )
Хаха нема што не носам вчанта секогаш со мене од лекарства од ментол гелови руска вода и заради проблемот со вратот,ама незнам зошто почнаа вака паники не обрнував баш многу внимание на вртоглавиците и сега незнам дали стврано ми се свртува или анкс е во прашање повеќе