Мене па психијатар ми ја намали дозата од 100 на 50 и јас, будала, си тргнав одма, иако знам дека не смее така нагло, туку постепено. И сега сум хаос.
Веќе три дена имам чувство на краток здив. Незнам како да објаснам....како неможност убаво да земам воздух па цело време ме тера да се прозевам. Ова одамна ми се немаше случено. Порано еднаш баш одамна И сега заборавив...нормално е ? Или некој друг проблем имам?
Како си тргна одма? 50 пиеш или 100мг? Мене ми кажаа да не намажувам или зголемувам сама без препорака, искрено јас пијам мн мала доза од 10мг. елицеа, сакав да намалам на 5мг, доктор ми дозволи, ама не можев да издржам цела недела страшни главоболки имав, и си се вратив пак на 10мг, па супер ми беше, некако во лето ми е многу подобро отколку на пролет со сите тие промени на време, не можев да функционирам, тебе ти менува нешто временскиот период? Ич не можеш да спиеш, или како? Дали си пробал да смениш психијатар, психотерапевт?
Еден вид симтом на анксиозност е Кај асентратата 50 мг најмала доза мислам , различно одат со дозите со елицеата.Дали некој се чуствува поспано од асентрата?
Така, несвесно, иако знам дека не треба. Но, бев на контрола и така ми беше препишано. Очигледно психијатарот не се замара (да не навлегувам во детали сега, приметив и за други работи дека така некако од рака ги вади лековите). Инаку одам во друг град и не можам да си дозволам пак да одам на контрола, нема баш термини кои ми одговараат (комплицирано е). И така, претходно од 50 на 100 одма ми даде, сега од 100 на 50. Ваљда ќе се смирам, не ми е првпат.
Дали некој знае за андидепресивите како одат , дали некој с е повеќе за анксиозност а некои се повеќе за депресија?
Дали имаше неодамна стрес? Побарај психотерапевт. Појди на психијатар. Прави што ти се прави моментално. Пиши лп
Луѓе, наредна недела треба Струга да идам сама. Другарките откажаа. Сама си останав пак. Се мислам дали да одам. Страв ми е сама да не ми се случи нешто..... А ми треба друштво..... Срам ми е и страв сама
Имам гадење и ми се замаглува пред очи се мислам да идам на психијатар а ме убедуваат сама бори се а јас сила немам .На психијатар ќе ми давале апчиња ќе сум била успана совет како се справувате
Гел со ментол ,еукалиптус да мирисаш неколку пати или малку на врвот на носот стави или пак намачкај на малку поголем дел од телото,пример од рамото кон градите,или задниот средишен дел на грбот,ќе ти се земе вниманието поради сензацијата од гелот и ќе можеш да земеш убаво и длабоко воздух. Мене лично ми помага,а советот го прочитав во група за поддршка баш во периодот на ковид,кога мислев дека не дишам воопшто бидејќи сетилото за мирис не ми функционираше,анксиозност на најјако ме маваше. Иако помина доста време,сеуште го носам гелот со себе и доколку осетам вознемиреност одма се размирисува околу мене на ментол Пробај нема што да изгубиш. Може ќе ти помогне и тебе. Јас бев многу скептична но бидејќи бев и многу очајна си реков што ќе изгубам освен 250-300денари. Искрено не очекував дека ќе ми биде спас.
Значи жешковоооо ме изедеее,толку ми е тригер за паничен,страшно,едвај чекам да поминат овие месеци ....
Не излагајте на жешкото ако не морате, јас никако да си ја научам лекцијата. Бев пред малку сладолед да си купам оти ми се пријаде, и сеа ми се лоши од топлиот воздух надвор. Саат време не можам да се соземам. Истовремено и ми се повраќа и ми се врти. Сочувствувам со сите анксиозни, држ'те се! Искрено, исто се имам осеќано и алкохол ми помага. Не викам да се пијанчиш, ниту советувам да пиеш ако не смееш (бременост, лекови)... Ама јбг поарно е него дијазепами според мене. Еден коктел е сосема доволно да ти ги опушти нервите и ќе видиш дека само анксиозност било.
Дечкии како сте со топлово. Како го поднесувате одењето на одмор, далеку од дома. Јас сакам одмор, сакам да прошетам и дојде ли моментот да се оди ми е тешко. Од една страна сакам да одморам од друга страна не можам да се опуштам, мисли, симптоми, срцебиење. Да не зборувам за одмор надвор од мк, тоа тешко, само избегнувам одење на одмор надвор од мк.