Доколку е исклучен секаков здравствен проблем, можно е да е паничен напад. Сепак, со вакви симптоми соодветен е преглед на тироидна жлезда.
Ако е во тироидната жлезда проблемот, може да е нешто опасно? Ќе направам преглед, иако ова ми се случува само кога ме фаќаат панични напади а деновиве ептен ми се зачестени.
Не е. Обично тироидната дава тахикардија. Така што не мислам дека е тироидната, ама провери ја ти сепак.
Вчера напишав дека 90% од причините за анксиозност и депресија се лоши емотивни односи со токсични луѓе. Денес ќе го поставам обратното прашање. Дали човек кој има макар еден позитивен, близок, искрен емотивен љубовен однос со друг човек, може да има анксиозност и депресија? Според мене, не може. Притоа, под љубовен однос не мислам само на партнерски однос, сериозна врска или брак, туку и однос со близок другар/ка, близок член на семејството, или било кој друг човек со кого можеме да разговараме отворено за секоја тема. Сакам да кажам дека постоењето на тој макар еден позитивен емотивен однос (најверојатно) е доволно да ја компензира и неутрализира лошата енергија од токсичниот однос со другиот човек на два начини. Преку споделување на болката од токсичниот однос и преку општото позитивно влијание на љубовниот емотивен однос. Потисната, неискажана и премолчувана, несподелена болка предизвикува анксиозност и депресија. Кога веќе патиме и сме во емотивна болка, мораме да кажаме некому или мораме да побараме стручна помош. Стихот на Оливер Драгојевиќ во песната "Кад ми доџеш ти" е прекрасен пример од секојдневието. " А кад ми доџеш ти и осмијех вратиш ми сва патња и бол живота мог че проч" ( Напишав кирилица, како што мислам дека е најдобро и најточно од јазичен аспект. Поентата е главна, а не хрватскиот поетски јазик ) Да скратам и да завршам. Три услови има за анксиозност и депресија: 1. Токсичен емотивен однос со некоја личност 2. Несподелена и потисната болка од тој однос 3. Отсуство на позитивен, љубовен емотивен однос со друга личност. Тоа е во суштина осаменост или чувство на осаменост и беспомошност Да, подобро е да се биде сам, отколку во лоша врска или лош емотивен однос. Но, за да немаме анксиозност и депресија, мораме да имаме макар еден позитивен емотивен однос исполнет со љубов, разбирање, блискост и неограничена доверба.
Секако дека може, не доаѓаат анксиозност и депресија по дифолт од други луѓе. Може сè да ти е скоцкано у животот, и пак да патиш. Пошо во принцип "сè е во главата" (за депресија е покомплицирано од тоа, ама да не навлегувам). Луѓето секакви говнарии си зборуваат сами на себе, имаат ниска самодоверба, претеруваат со непотребни размислувања, се стресираат со непотребни работи, не се присутни во моментот, сами себе се убедуваат во негативни нешта. А тоа нема врска со другите, има врска со себе, работата на себе на сопствениот менталитет, трауми, комплекси, развивање на сопствената свест. Така што, и 10 позитивни блиску луѓе да имаш што ќе те разбираат и подржуваат, ако си заглавен у лош менталитет, нема да ти сменат ништо.
Имам една врска (другарска) и една роднинска што е баш таква целосна, и баш пред некој ден се прашував што ќе беше да не се они кои во целост ме разбираат, мислам дека е многу битен човечкиот однос со друг човек макар бил и еден.
Она што го опиша дефинитивно личат на психички причини за појава на твоите симптоми посебно затоа што кратко траат и се појавуваат за време на паничен напад ама за секој случај посети ОРЛ доктор. Треба да се исклучи заболување на тироидната жлезда како и ГЕРД односно рефлуксна болест. Откако ќе се исклучи органска причина за болеста треба да си најдеш психотерапевт со кој ќе научиш подобро менаџирање на стресот, техники за дишење, техники за релаксација на мускулите. Техниките за дишење ќе ти помогнат да се опуштат згрчените мускули во грлото. Види на youtube примери. Еве ти некои примери за истегнување и опуштање на мускулите: Пример: подигни ги рамениците во насока на ушите,задржи ја кратко "напнатоста" па спушти ги опуштено(како да паѓаат рацете). Друга вежба: Брадата ја доближуваш до градите, ја задржуваш таа положба кратко па полека ја креваш главата. Силното и свесно зевање исто може да помогне во твојот случај.
Доколку има хипертрофија (зголемена) тироидна жлезда, можно е да се јави гушење. Сепак, не е исклучен моментот дека симптомот е само псхиолошки. Затоа е добро да се направи преглед, за да се исклучи проблем со жлездата и тегобата да се препише само на анксиозност.
Ако ти е за утеха, од април коа ме фати првиот паничен напад ми стои „грутката“ во грлото. Убаво ти кажале, тоа ти е од паничниот напад, што ти се стегаат мускулите. Јас мислев дека вилицата и вратот ми се укочени, дека неможам да дишам и ме држеше едно добро сскоро 2 саата. После тоа почнав со психотерапија и психологот ми рече, тоа ти било последното предупредување од телото дека мораш да почниш да се грижиш за себе и да ги пушташ емоциите да излегуваат. Значи мнооогу големо плачење, за таа грутка да се намали. И од тогас драга моја, се си плачам, вентилот ми се пушти, ама сеа грутката не ме зеза повеќе. Ја знам од што ми е и не и придавам значење.