Ти благодарам еве ги одма плачките кај мене , мерев притисок во ред ми е а пак имам главоболка, истоштеност.... Пијам кисела вода, електролити каснав малку.... И еве вентилатор дува во мене..... И сеа се нервирам оти сите шетаат јас седам дома.
И јас седам дома. И? Ме заболе кој каде шета. Јас сум си дома си седам на ладно, не поднесувам жешко и тоа е. Премногу се споредуваш со други. Премногу даваш значење на туѓо мислење. Оцврсни малку. Испланирај си денот тебе како ти одговара.. ти се спие- спиј, ти се шета-шетај, читај книги, гледај си комедии.. не се замарај кој што прави.
Искрено, глупо се осеќам оти откако ќе се напијам апче за смирување Аклонил, што ми ги даде Др. Васка од Охрид, одма ми поминува. Тие ми рече по потреба. Иначе пијам Вела факс 75 XL na сабалје и ма вечер 5мг Азолар.
Значи све ти е на нервна база,немаш здравствен проблем само си вознемирена,кога ти е лошо напиј се аклонил и ке помине
Да, од лекот е, околу 2-3 недели ми требаше за да се навикнам, кога почнав пред 2 години. И главоболки и вртоглавици имав, ќе ти биде подобро за некое време, многу ми помогна Елицеата во целиот процес, само јас не останав ма 5 мг. ми зголемија уште тогаш на 10 мг. Супер терам со нив 2+ години.
Смени си го докторот. Толку ќе кажам на таа тема. И потруди се колку можеш да не си ставаш на дневен ред такви особи, тоа за нив кажува.
Леле јас пак страв се сонував на сон и после одма барам значенје ми излегува дека ми престои теска болест и јас страв сега неможам да се смирам
Здраво, Во 2021 по една пост ковид епизода (екстремен замор) животот едноставно ме примора да станам свесен за тоа што се случува во моето тело и ум и да се соочам со сите грижи и стравови кои ме држеа заглавен во состојбата. Решението беше во поврзаноста помеѓу умот и телото. Преку знаењето и алатките од Гешталт и Internal Family Systems психотерапевтските модалитети, како и преку моќта на мајндфулнес и медитацијата јас успеав да излезам од состојбата. Сите овие техники не само што ми помогнаа да ја надминам пост ковид ситуацијата, тие ми помогнаа да живеам многу позадоволно , помирно и посреќно. Увидувајќи колку сето ова знаење и техники за менталното здравје придонесоа да живеам многу поквалитетно и помирно - добив силна мотивација да помогнам во споделување на сите овие знаења до што е можно повеќе луѓе. Затоа од неодамна се вклучив во проект на Гешталт советувалиштетозахуманасоработка - Гешталт Македонија - каде што сум и едукант за Гешталт психотерапија. Од овој проект треба да произлезе онлајн програма / курс за справуавње со анксиозност и стрес. Целта е овој онлајн курс да биде ефикасно и лесно достапно решение за што повеќе луѓе во Македонија. За да може да го креираме најдоброто решение потребно ни е мислење од што е можно поголем број на луѓе кои се соочуваат со анксиозност и стрес. Затоа би сакал да ве замолам да одвоите 5-10 минути од Вашето време за да го споделите Вашето искуство и мислење на тема: “Како се справувате со анксиозност и стрес?” Како благодарност за Вашиот придонес – веднаш по пополнувањето на прашалникот ќе имате можност да пристапите до аудио вежба од Гешталт психотерапијата и прашања за рефлексија. Овие вежби ќе ви помогнат да ги истражите вашите емоции, мисли и сензации во телото, а со тоа и да изградите поголем капацитет за свесност за тоа што се случува со вас во сегашниот момент. Линк до прашалникот: https://www.gestaltmacedonia.com/prasalnik-kako-se-spravuvas-so-anksioznost Ви благодарам за Вашиот придонес и се надевам дека ќе имате убав и мирен ден Филип
го пополнв. Благодарам. Иако немам некој тежок степен на анкс сепак ме интересира било која информација
Јас од 75кг на 90кг од антидепресиви.. Издржи една недела ќе ти помини, јас пиев Елицеа го имав истото една недела дури да се навикни организмот.
Ти благодарам. Во иднина планираме едукативни содржини на тема анксиозност и стрес во форма на блогови, newsletter, работилници и онлајн курсеви. Поздрав и убав ден
Денеска незнам искрено што ми се дешава. Лежам и такихардии осеќам пулсот ми оди 80, 85. Дали нешто потсвесно ме мачи или е нешто посериозно само Господ знае. Дали ви се дешава да имате такихардии во лежење? Обично кога ќе легнеш телото се опушта и срцебиењето се снижува
јас имав главоболки цели 2 години секој божји ден. Прво препишував на постоквид реакција ама на крајот морав на лекар пошто не се издржуваше. Сега еве пак почнуваат ама проследени со вртоглавици и морам на невролог
Istoto mi se desava eve vejke povejke od edna nedela isto i vrtoglavici pomena na lokacija na bolka vo glava mi zakazaa snimanje pa ke vidime na 2.9
Анксиозноста знае да прави страшни главоболки и вртоглавици, јас лутав со месеци пред да откријат дека сум со анксиозност на психијатар, ме болеше глава секој ден неколку месеци со ред, ужас е благ збор за тоа што преживеав! Веќе 2 години пијам терапија и сум мн подобро, ретко имам вртоглавици, а главоболки од промена на време ми се појавуваат. Мене ми препорачаа ЕЕГ да правам тогаш, и се беше ок.
јас сум свесна дека имам некој степен на анксиозност. Ама некако одам да ги испитувам физичките симптоми а не сум била да проверам за анкс. Е сега за вртоглавициве искрено ме фаќа страв пошто се појавуваат одеднаш како некој да ме удира по глава па за секунда како да губам координација па ми се врти. Се тоа многу кратко трае. Не сум се посомневала дека можеби е од стрес или анкс повеќе ми се врти низ глава да не е некој благ мозочен удар или некаков потрес....
Благ мозочен удар не постои, потрес од што? Треба да има пад за потрес на мозокот. Посети психијатар.
Постои.Минлив исхемичен напад.Симптомите се повлекуваат во рок од 24 часа, што не значи дека не е сериозна ситуацијата.Симптомите се замор,губење рамнотежа..