Порано сум одел. Ако имаш страв, воопшто не оди. Гз преку глава е и уште поголем страв ќе ти набијат. Боље земи си за на седиштата горе.
Здраво Поради стресна ситуација која што траеше со месеци ми се случи сериозен крах. Анксиозност до плафон и депресија. По три месеци терапија конечно последните 10 денови се чувствувам добро ама терапијата ми е многу сложена според мое лаичко мислење. Пијам депрозел 40мг, Заласта 5мг, Мирзатен 15мг и Аклонил 1мг. Последно ми го додадоа Аклонил поради тоа што ми се појавија тикови. Искрено сум нестрплив да ги откажам апчињата, но ми е страв дали тоа некогаш ќе биде возможно.
не прашувај. Тотално се незгодни. @Ivan12 освен лекови за тиковите дали то дадоа терапија со дишење и вежби за тело?
Полека другар, првиот чекор си го направил, сега треба да се сконцентрираш да си го вратиш животот во нормален тек што си го имал пред да ти се случи тоа што те извадило од колосек. Возможно е да ја оставиш терапијата, но треба да си трпелив и да работиш на себе, не ти е време сега да размислуваш за неа, земај ја како што ти е напишана, ќе и дојде редот и на неа за баталување.Добредојде во клубот на борците.
Хорор искуство, не бев во Македонија кога почнаа најсилните симптоми. Повеќе од 20 денови спиев 2-3 часа на ден. Сега можам да кажам дека функционирам како нормално секако без желба за одредени активности.
Јас мислам дека ќе ги откажеш апчињата, затоа што поради стресна ситуација ти се појавило.. Јас едно време поради стресна ситуација имав панични напади, не беше толку интензивно како кај тебе ама како ми помина тој период ми стана се нормално.. И да не ги откажеш ништо страшно не е нешто срамно или невообичаено.. Што и да било ќе си дојде на свое, не се откажувај пи си ја терапијата колку и да треба.
Тоа е паранервниот систем на сите им се случува тоа кога ќе се олабави телото. Јас нарочно правам соматски вежби да се релаксирам после работа , цела се тресам се трзам ама после сум како нирвана.
Здраво. Имав повремени панични напади кои ми беа 5-6 годишно. Пред 4 месеци поради стрес и промена на работа почнаа да ме лупаат шо 5 6 на ден. И анкциозност, мислев дека полудувам. Бев на психијатар ми препиша Зепира од 5мг. 6 дена со нејзе и полудев тотално. Симптоми пута 10. Ја прекинав. Почнав да пијам хелекс од 0.5 по едно дневно 2 месеци и се осекам 75% подобро. Во план ми е да го намалам хрлексот. Мегутоа се плашам дане се врати како што беше пред тоа... некој искуство со хелекс, без АД, дали се има средено ситуацијата? Или кога ке го прекинам хелексот пак ке се вратам на старо...
Kolku vreme go pies heleksot inache ne preporacuvam naednas da go ostavis moras postepeno moe iskustvo go ostaviv naednas i si gi dobiv istite simptomi pa pak si se vrativ na nego
Јас сум буквално опседнат со терапијата, мислам дека не можам да имам нормален живот додека пијам терапија и поради тоа постојано се мислам кое апче да го намалам или отфрлам. Секое одење на доктор ми се комплицира ситуацијата. Кога почна ова јас се надевав дека ќе поминам за неколку месеци со елицеа и хелекс ама...