Јас не знам како сами на себе си препишувате кога да намалите или зголемите терапија? Не сте вие доктори! И така само полошо правите, и поголема штета на организамот! Не сфаќам како се опседнувате дека пиете апчиња, а од друга страна ве дрма анксиозноста на најјако Не прекинувајте сами терапија НИКОГАШ! Повеќе штета, отколку придобивка, ќе имате.
Ќе биде , само без брзање, работи на себе овој период додека си смирен. Не мисли ги апчињата, тие еве ти помогнале да бидеш подобар. Докторот ќе си процени кога ќе ги редуцира.
Анксиозноста сега е смирена, повеќе ме мачи депресијата. Не можам рационално да го објаснам моето однесување кон апчињата кои реално ми го спасија животот или да не завршам во болница. Јас уште не почнат со терапија размислувам како и кога ќе ја откажам.
Така ако размислуваш нема да си помогнеш, мораш да прифатиш дека нешто мора да правиш, сам знаеш дека ти спасиле живот, додека треба да ги пиеш- ќе ги пиеш. И тоа е. Исто како што пијат терапија за притисок, за шеќер, итн.... така сме и ние со анксиозност.
Ич не ти треба ова. Погрешна визија ти е. Наместо да го искористиш периодов за да си го средиш животот во делови кои сметаш дека ќе направат да се чувствуваш стабилно, ти трошиш време на терапијата која ти помогна. Јас те разбирам, ама пробај да го смениш тоа. Многумина мака мачат додека им се погоди терапија...
Сите ми го велат ова, јас да ми кажеше некој пред еден месец дека ќе бидам вака немаше да верувам зошто немав никаква надеж. Сега кога сум малку подобар со моите потези може да се вратам назад.
А бе види ако така размилуваме нема да функционираме. Јас си пијам и си терам денот. НЕ се оптоварувам со тоа. Битно дека функционирам. И кога ќе ми текне како може да бидам без нив ....