Јас откако работам од дома, си го најдов мирот. Сум го искусила и тоа и тоа. Има платформи за комуникација со колегите, така да не е толку страшно. Сакам луѓе, интересна и духовита сум меѓу луѓе. ама си сакам и мир. Лесно ме нервираат ситници, на пример не сакам некој кога штрака на тастатура, да џвака мастика како да ја силова, да ми шлапка некој додека јадеме на пауза. Башка шушкања, оговарања, рекла казала. Особено во средини со поголема група на луѓе. Па прашања што си денеска тажна, среќна, нерасположена, расположена итн, Мислам дека hybrid систем е најдобро. Ама не секоја фирма го нуди тоа. Ако имаш по анксиозен карактер, подобро ти е меѓу луѓе, за да се челичиш
Дали некој бил на државно кај БОЈАН ЃОРЃИОСКИ ?На клиника ,ако може искуство.Се работи за студент со малку финаасии ,па сака на државно,или некој друг,било кој во СКОПЈЕ?Моите искуства се со приватни лекари и психолози,па не можам да препорачам.
На неколку денови да ме пушта ќе летам хахаха Најчесто кога сум сама, кога сум излезена итн. А сама сум со бебчето секој ден. Маж ми во 17 доаѓа од работа. Жал ми е многу за детето што и тоа ми е постојано затворено ради мојов ум. Чекаме татко му да е дома за да излеземе болноооо Кога доаѓа маж ми изгледа се олабавувам и само ми се спие, лежи, се осеќам изморено и без енергија