Многу лесно,телевизор и вести не пуштам,ако ми треба читам само економија делот -на лаптоп.Филмови со убиства и крвови не гледам никако.Се тоа намерно за да не ме растресува,и онака некој околу тебе ќе ти каже што има ново.Сега е време на КРИСМАС филмови ,што секогаш завршуваат убаво на крај сите се сакаат и се блеска во црвено.
А зошто и нс Крисмасниве филмови очекувам лошо? Леле како се нервирам значи.... Се на лошо мислам, општо
Здраво и мене ми се случувало ова, јас би ти препорачал прво кратки излегувања со поблиски кој го знаат проблемот, за да го смениш размислувањето во мозокот, таа нелагодност станала навика и сега се јавува.Не знам почни на обично кафе, прошетка, една пијачка, некој десерт, нешто било што, пола саат пола саат, саат саат, битно да го навикнеш мозокот дека е тоа нормално и дека можеш убаво да си поминеш, се ти е во главата и ќе се среди со време. Нема да анализираш, ќе игнорираш, океј војна во светот некаде, ти секако не можеш ништо да смениш, нема потреба од анализа, тој што починал денес е негова судбина, не е ни моја ни твоја, ние еве живи сме, не можеш цел свет да го жалиш дома и да си додаваш анксиозност која веќе доволно ја имаш. Гледај за себе, за своите најблиски, не за во Нов Зеланд, кој умрел кога како, од што, млад стар.
Ништо не решаваш со избегнување на вестите. Подобро само да филтрираш и да проверуваш еднаш или два пати неделно колку да си во тек бидејќи тоа може да биде битно во даден момент. Попрво гледај смешни видеа со куцо и мацо. Нешто поучно, како да стекнеш нова вештина или да си ја подобриш постоечката. За дистракција, де. Не ни се допаѓа, но факт е дека сме смртни и еден ден ќе ни дојде крајот. Мора да го прифатиме тоа и да научиме да се носиме со тоа.
Колку и да бегаме, тоа е реалноста, шо мораме да се соочиме. Исто, како и лоша ситуација, смрт на близок и сл. Мораме едноставно да се помириме.
Тоа значи да се биде возрасен. Колку и да го негуваме и штитиме детето во себе, толку и мораме да го надминеме за да бидеме подобар пример за помладите генерации. Можеме да си кажеме дека починатите блиски не би сакале да потонеме во својот очај и страв. За анксиозен човек најлошо е да се заглави меѓу 4 ѕида. Малку по малку мора да се собира храброст.
Детето во нас е најбитно да го одржуваме. Во смисла да се забавуваме на детски начин понекогаш поопуштени да сме.
Да, но со претерано штитење не се прогресира. Кај кое стручно лице и да идам, го добивам истиот совет. Не седи и не оптоварувај мисли. Стани и вежбај како полека да се соочуваш со луѓето и нештата. Ако сакаш промена, мораш да направиш чекор напред.
Па да, намали користење на социјални мрежи, зошто да не. Освен за комуникација, реално не мора бар одреден период да гледаш што се дешава во светот (ниту пак луѓето што ги знаеш irl), ништо посебно нема да пропуштиш ако не си во тек, побитна ти е психата. Исто така, селектирај што имаш на мрежите. Во меѓувреме фокусирај се на други работи неповрзани со с.м. Океј е д немги Како што на пример?
Многу лошо, да ти кажам ептен лошо ми влијаат мислам дека од тоа западнав во ваква ситуација. Секое второ видео некој болен од тешка болест, некој починал и нема крај.
Крисмас филм со лош крај нема ,романтични филмови исто.Многу сакам и комедии да гледам или серијали од нив,дури и 10 пати да ми се гледани.Убави се и национал географик,патување,култури и за диви животни документарци.Она како спасуваат животни не гледам,знам деќа ќе ме вознемири бидеќи многи ги сакам и го скокам каналот,едноставно НЕ МОЖАМ. Користам и оние долгите звуци со медитации на дожд,море и бранови ,релаксирасирачка музика без текст за навечер ,не знам како се вика точно,ама ме разбравте се надевам.
Дали имате испитувано Б12? Наводно од дефицит на Б12 доаѓало до анксиозни нарушувања. Јас никогаш тоа немам испитано, ајде и тоа да проверам, белким ќе се средам ако бил витаминот проблем за состојбава. Дали може да споделите искуства?
Здраво. Се соочувам со ситуација за која не знам дали се работи за анксиозност или не. Имено,пред околу половина година сменив работно место,но многу ми е тешко да се вклопам. Се доведов во мн тешка психичка ситуација,преголем страв и не ми се оди на работа. Кога е викенд и знам дека сум утре на работа,не можам да спијам. Почнува да ми чука срцето забрзано,постојано мислам како не знам да работам,дека има грешки направени од мене за кои ќе ме нападнат сите во тимот,самодоверба на многу ниско ниво. И постојано истите мисли во главата,не ми се оди,не сакам да одам,ќе се случи нешто страшно,ќе ме избркаат од работа и ме фаќа паника. Не можам на ништо друго да мислам. Не слушам што ми зборуваат другите,скроз се исклучувам и само тоа го мислам,негативни мисли. Дали мислите дека тррба да побарам стручна помош?
Здраво ти го пишав ова, но сакам и тука да го споделам затоа што мислам ќе помогне и на други Сочувствувам со тебе за тоа што го искусуваш на работа. Сум поминал и јас низ тоа, поминуваат низ многу други. Едно би ти кажал за што се надевам ќе ти помогне за самодовербата. И ова не ти го кажувам колку да го кажам, туку од мое искуство се покажува многу релевантно Никој нема поима што прави. Сите сме идиоти до некаде. Никој не знае се, никој не е совршен. Сите грешат и скоро секој се соочува со сомнежи во себе и самодовербата. Многу од нас не се самоуверени како што изгледаат. Многу од нас имаат стравови за иднината и прават тешки грешки. Да знаеш дека по тоа што го напиша, ми изгледаш на сосема паметна и нормална личност. Нема зошто премногу да се сомневаш во себе. И да и ти не си совршен и ти ќе правиш грешки, но од друга страна имаш право на тоа затоа што си човек кој е по природа несовршен како и сите други. Од друга страна имаш капацитет да растеш и да се осознаваш. Имаш право да бидеш подобра личност и професионалец и никој не може да ти ја одземе таа моќ и право. Имаш право и да си простиш за грешките и да се прифатиш за тоа што си. Имаш право да бидеш сакан, виден и почитуван. Дали е ова анксиозност. Да анксиозност е. Телото и умот ти праќаат пораки преку симптоми. Некои делови во тебе се плашат од новата работна ситуација и не се слушнати. Го бараат твоето внимание. На твое место би почнал да истражувам од каде доаѓаат тие стравови, само-критика, сомнежи. Можеш тоа да го правиш сам или со помош на стручно лице. Можеш да истражиш за Internal Family Systems или да почнеш Гешталт психотерапија. Во основа овие сомнежи и само-критика можат да доаѓаат од наученото однесување да се мразиме себеси, наместо да се прифаќаме и сакаме за тоа што сме. Поздрав и се најдобро