Луѓе, дали знаете некоја фарма нешто кај нас да бара работници со сместување. Или по манастирите дали има такви опции да се помага и да се отседне таму некој период. Многу ми треба природа, мир и физичка работа. Мислам дека би ми помогнало за анксиозноства. Такви идеи ми се мотаат низ глава.
Prasaj vo Bigorskiiot Manastir otidi tamu I prasaj ke si najdes I duxiven otec so ke te vode so post ispoved pricest I molitva
Дали на работа имате земено боледување под шифрата за панични напади? Срам ми е да и кажам на матичната.
Не разбирам зарем она не ти дава упат за психијатар и лековите нели ти ги пишува на рецепта?Како тогаш не знае,ако не се осеќаш добро.
Нема зошто да ти е срам ни од нив, ни од други. За твое здравје се работи. Кога ти треба, земи си и ич не мисли дали они ќе речат нешто.
Не треба да се срамиш и да бегаш. Ти си таа што си и толку, што побрзо го прифатиш, толку полесно ќе го надминеш. Највише од тоа патиме, што ќе речат и мислат другите, ич уво да не те боли за другите, гледај тебе да ти е најубаво. Што мислиш, тие од чр или кој и да е, совршено им е и совршени се??? НЕ! Не познавам човек што нема анксиознот, само што добро си ја менаџираат, ние за жал незнаеме да ја менаџираме и така се осеќаме, заробени и во лавиринт... Сите се справуваат, со трема, страв, притисок и сл... ТИ НЕ СИ БОЛНА! ТИ ИМАШ СОСТОЈБА! Што немора да значи дека нема да ја надминеш. Се е од мајнсетот. Опуштисе И зашто боледување за панични напади? Верувај дека еднаш ако земеш ќе почнеш почесто да земаш и на крај пак таа преовладала над тебе. Анксиозноста е НАЈГОЛЕМАТА ЛАЖЛИВКА што ужива да не затвора и да не спречува од секојдневното нормално функционирање. Еве пример. Јас вчера од сабајле "умирав" милион симптоми, милион филмови. Се натерав да излезам, едвај. Не дека и надвор бев совршена, но 3ч ги отепав, се дефокусирав колку толку, да останев дома само ќе тонев, ќе се анализирав и полошо ќе ми беше. Кога се вратив дома одма подруго се осеќав. Како друга Биба си бев
Да. Зашто да ти е страм? Ќе си земеш. Мене психијатарот ми дава , до дега за 10 години 2 пати сум земала за тоа. Не се срамам воопшто. Аман бе 2026 дојдовме уште со срамови за ментално здравје?
Јас не сум земала боледување ко боледување зашо такво нешо нема кај мене у фирма ама имам кажано дека ми е дојдено превише и дека ќе земам 2 слободни дена кога ќе ги завршам обврските. И тоа е крај на муабетот. Ко дојдов веќе у темава, да шкртнам малку нешо - Може ќе му се најде на некој. Јас сум со функционална анксиозност повеќе од 10 години. Како функционирам еве појма немам, мислам дека ги имам препознаено сите тригери и ги одбегнувам тие што се превише. За некои сум имала храброст да се соочам, за некои сеуште немам. За некои никогаш нема ни да имам. И тоа е сосема ок. Мора да постои нешто од кое шо се плашам, I am only human after all. Имав и тешки панични напади шо траеа со саати, и цели 27 месеци немав излезено од дома, ни до продавница. Дома ми беше најсејф зона шо постои, па земав си најдов работа од дома хехе. Фак ју анксиозност. Ќе бидам ем продуктивна ем у комфорт зона. Јас се "помирив" дека ова е дел од мојот карактер и начин на живот. Имав спонтан пред нова година и тек тогаш сфатив дека јас сум и посилна од гомново. И веќе не го сфаќам толку трагично, не и давам толку значење. Ќе се притресам, ќе се преиспитам 170 пати пред да направам нешто ама ќе го направам. И тоа е уствари мојата победа. Јас не игнорирам дека имам анксиозност, туку ги завршувам работите што сум ги наумила иако имам анксиозност. Се надевам дека сите ќе си го најдете мирот
Како успеа 27 месеци од дома да не излезеш? јас неколку дена ако не излезам од дома паника ме фаќа да не неизлезам никогаш иначе и јас се затворам дома сама нигде не одам, мора некој да има со мене иначе излагањето ми е хорор Како успеа да го надминеш? Јас 17год сум со анкс
Само маж ми знае И сега не излегувам многу, можам со денови да сум дома. Со музика. И само така функционирам, мора секогаш да има музика со мене. И дома ми е пуштено цело време. Не поднесувам тишина сеуште. Пред да излезам имаше цела "церемонија", купив спешл блутут слушалки , си направив цела плејлиста. И не знаев кај терам ко излегов Немав поставено цел - Да стигнам до таму и таму. Само знаев дека така веќе не се живее Брзо после тоа останав и трудна па психички ми требаше да излезам и да прошетам без тоа да биде гледање на гинеколог де
Браво. Многу ми е мило кога ќе прочитам позитивен исход. И маж ми знае како е Како привезок сум му, без него не излагам Иначе остана бремена и абортира или збориш сега за успешна бременост? Јас останав бремена и после пораѓај уште полошо ми е со анксиозноста. Претходно имав бременост, скоро и да ја немав анкс но за жал почина на пораѓај после тоа имав биохемиска, таа неуспешна бременост ме доутепа и со последнава бременост само јас и Господ знаеме како поминаа тие 9 месеци (зборам за психа иначе уредна бременост имав) фала му на Господ се роди живо и здраво ама јас со паметов сум папа
Јас имам дете од 4 години веќе, првата бременост. Со нејзе се е полесно веќе. Детево има подобар социјален живот од мене , и покрај неа се опуштам и јас Втората бременост ми заврши со спонтан. Секое искуство си остава траги кај нас. Обично вадење на заб може да биде тригер за панични напади дури и кога поминуваш покрај забна ординација. Важно е само да не се откажеш никогаш и да знаеш дека нема лимит, колку излитено и да звучи и кога си во тој магичен круг овој муабет ти нема смисла. Барем мене ми немаше. Сега го разбирам, кога сум колку-толку на средина. Една нога накај анксиозност, една накај "слобода". Звучам ко некој Гуру да си ебам матер, ама поминав низ пекол во својата глава.
Каква? Колку и да сакам музика, почиња да ми се плаче во тешки моменти, а не можам да слушам некоја која не ми е во склад со расположението Алал да ти е навистина, алал да му е и на маж ти, огромна работа сте надминале. Секоја чест.
Ние од мака и гуру имаме зафркнато. Мене психологот ми вика сигурна сум од тебе дека ќе научам нови работи за анкс. Прашај паталец не гатачец, ти 17год се справуваш и нема нешто што не знаеш
Македонска Не се заебавам, ги слушав сите Македонски песни од '64та. Има една песна Какви очи имаш ти од Олгица Андонова, на памет ја научив Сега сум опседната со новиот албум на 2 бона Научив да го одделам расположението од музиката, ама да ми помага за да ми ги затне "гласовите у глава" Исто и научив да плачам кога ми се плаче. Не дека мислев порано дека е срамота да се плаче ама.. не плачев. Ми требаа бааги години да си го сменам мислењето дека така уствари јас вадам негативност од мене. И работев многу во тој поглед и сеуште работам затоа што сакам да "одбирам" за што ќе плачам. Во мојот мозок сеуште работите се делат на битни и небитни за плачење. А, и околу ПМС кога ми се хормоните на најјако тогаш барам најмногу занимации и избегнувам тригери. Дури и кога ќе се фатам дека мислам на нешто што апсолутно е непотребно во моментот, се штипкам. Буквално, за раче. Тоа е мој начин да си кажам "Ај врати се у реалноста, кај забега". Е ова ми е мене најголемиот проблем. Види ја парадоксалноста. Анксиозноста ме има "спречено" да одам на психолог за да бидам подобро. И шо направив јас? Се снаоѓам Имам прочитано премногу книги, премногу техники и изнаслушано многу подкасти само за да не идам на психолог Еден ден ќе имам сила и за тоа. Ќе одам да си ги раскажам траумите