Нема конкретна причина. Јас си излагам по други доктори пример Ама со психолог сеуште сме на ноу-ноу Мојата логика вика дека сеуште ја немам стигнато точката на превривање да тоа ми биде единствениот излез. Тука пак има врска сигурната зона. Барањето по добри техники за справување со години ме имаат донесено до мислење дека Секогаш има нешто што ќе проработи, а да не е психолог. Садо-мазохизам би рекла
Мислев поинаков ти е репертоарот, ме изненади. Супер штом можеш да слушаш таква, и да ти годи што е најбитно. Ја или мрачни и депре, или трансови, трето нема Ооооо да, се пронаоѓам, јас долги години не знаев да плачам, озбилно не знаев, не ми идеше такво нешто, си голтав у себе, сеа затоа све ме допира, и за солза да се истркала не се потребни ни 2 секунди.
Ќе ми се фатат. Ме заболе од ЧР што ќе кажат. Јас сум рекла гласно дека ако излезе дијагноза од боледување за мене а ќе излезе само од ЧР дека ќе ги тужам. И дека ќе биде големата ќе се оди до CEO. @LiquidLuna и јас како тебе дома ми е конфорт зона ама па психиjатаров ми забрани да најдам работа од дома за да не се дозатвроам да почне пак. Ама пусто убаво ми е од дома да работам па си манифестирам некоја таква и да се олабавам од овде...
Ма нека излези муабет, јас си зедов боледување и си поолакав в парк прееска и галје ми е. Си испешачив 3 спрата. Си вртев околу маало. И психотерапија иам закажано и уште чекам термин кај Карагоцева, ама ништо... Ќе мора кај Александар Марцикиќ .
Е, така. Посвети си се на себе и ич да не ти чуе дал и што ќе дрндаат. Јас и вчера и денес убаво си се раздвижив од дома до Ист Гејт и назад. Ем протегнав нозе, ем се растеретив од нервози. Не чини човек да се задушува во една просторија.
Браво за тебепродолжи со спорт! Тоа е многу добро за телото, а и за душата. А тие на работа и да те зборат, што ти е гајле. Терај си свој живот и не се замарај Јас со јога почнав, па и вежби за рацете. Колку добро се чувствував после тоа топ ми беше
@LiquidLuna Жал ми е што си морала да се соочиш со такво нешто, а од друга страна свака ти част што си останала јака и позитивна, што се трудиш да се избориш. Не можам да знам точно како ти било, зашто не сум осетила на своја кожа, ама на моја блиска особа ѝ се случи истото, за жал доживеа спонтан. Пред да ѝ се случи тоа, беше најпозитивниот човек што го познавам.. Исто не излагаше од дома сo месеци, напушти работа, се повлече и од друштво.. За жал, ретко кој имаше разбирање за неа, а во вакви ситуации најбитна е поддршката од блиски, да знаеш дека не се справуваш сам/а со траумата. Баш ради тоа луѓето се отвараат само тука на форум и на Chat Gpt.. не дека очекуваат професионална психолошка поддршка од АI, туку дека се осеќаат несфатено, осамено.. Немаат на кого да се искажат, и тоа е многу тажно, според мене. Сега фала Богу, си има детенце, ама верувам дека таа траума никад нема скроз да исчезне.. На сите што имаат близок со анксиозност, би им рекла да покажат повеќе емпатија, да не форсираат и да не си сфаќаат лично кога особата не сака да излезе. Кај мене тригерот за анксиозност е друг, смрт на близок, трауми од детство.. но, се пронајдов во некои работи што ги имаш напишано. И јас се изолирав, не сакав да се гледам со никој, немав желба за ништо, нит па негде ми се излагаше.. Музиката исто ми беше спас, и пишувањето.. Имам испишано цели тетратки и којзнае колку страни во Word и Notes за тоа што ме мачеше, зашто сум позатворен тип, тешко ми е да се отворам и да кажам дека нешто ме мачи, не сакам да замарам други луѓе со мои проблеми. Затоа и те разбирам зашто не си отишла на психолог. И мене ми требаше многу време да се натерам да закажам, ми беше потребна голема храброст за тоа. И сепак не можев сѐ да ѝ раскажам, сирота жена, буквално што се вика, зборови со клешти ми вадеше. Имав еден вид социјална анксиозност, буквално толку се изолирав што секое излагање од дома беше борба со самата себе, ми се лошеше, осеќав ненормален страв дека нешто лошо ќе ми се деси ако излезам. Ова може нема да ,,упали" кај секој, ама мислам дека најдобриот начин да се избориш со анксиозноста е уствари да се соочиш со неа. Мене ми помага тоа што во последно време се трудам колку можам повеќе да излагам од комфорт зоната, да правам работи што за повеќето луѓе (и за мене до пред скоро време) не се баш најудобни и најпријатни. Пример, почнав да излагам и да шетам и сама, без да викам некој да ми прави друштво по секоја цена. Дури и во друга држава отидов сама. Не сум се изборила скроз со анксиозноста, тука е, ама секој пат е сѐ помалку ,,страшно" од претходниот. Благодарение на една драга особа што многу ме охрабри и ме врати во живот, а тоа ретко кој го може. Пак ќе речам, ова ми помага мене, не значи дека и кај други ќе функционира, но можеби сепак, барем некому ќе помогне. Сметам дека секој човек треба да си одвои време за себе и да го прави тоа што го исполнува, да не се запоставува.
Колку што приметувам овде скоро сите се со фунционална анксиозност.Штом наоѓате сили за 8 саата работа надвор,или пак да чуваш мало дете и да трчаш по него цел ден и да собираш тоа е супер.Некогаш треба да си се частиш и честиташ СЕБЕСИ што секој на свој начин се снаоѓа како знае и умее.Тоа е успех.Лоши денови,епизоди или недели нормално е секој да има.Браво за сите јунаци.
Ајде малку, позитива. „Лекувај се, затоа што Бог го создал и лекарот и лекарствата, и во Негови раце е твоето оздравување“. И не само тоа, тој повторува дека ова може да се прочита во триесет и осмата глава од Книгата Сирахова. Таму се зборува дека Бог навистина го создал лекарот, ги создал и лекарствата и му дал власт на лекарот да исцелува. Во неа е кажано уште нешто, кое е многу важно: пред да се оди на лекар, во текот на сето време што ќе ти треба за да бидеш излекуван по природен пат, барај покајание, барај духовно очистување. Болеста е поврзана, од една страна, со сеопштата судбина на човекот, со неговото заслабнување, со самото тоа што сме смртни и потпаѓаме под страдањето и болеста, а од друга страна, со таа состојба на душата што владее во нас. Св.Серафим Саровски
Полека малку со господ во лечењето, да не отидеш во друга крајност. Најди го коренот на твојата анскиозност а не да се лечиш со молитви, библии и слично. Немам ништо против практикување на вера ама не за лечење вакви состојби.
@nena2010 Полека малку со ставање на тапет православнатна религија за која очигледно немаш доволно инфо и не си запознаена.Ниеден поп или пак свети книги не кажува дека не треба лекар и терапија за анксиозно депресивни болести или некои други.Во крајност може да се забега ако за се што не ни е добро во живот се препорачува АНА Бучевич,па она позитвни афирмации,разно разни лајфе коучови,НЛП техника ,и друго како наши така и странски што продаваат магла и позитивни мисли.Сега се намножија и психолози што излегле од клупа факултетска ,завршиле курс и ај ќе лечам сега.Реално мислам тие што поминале низ оваа болест прочитале повеќе книги и знаат многу повеќе за темата од лично искуство. @GirlLove Не мора да се правдаш ако читаш Библија и одиш на литургија,и јас го правам тоа редовно,и одам на психијатар редовно,и одам на психотерапевт редовно.Не одам само на гатачи и бајачи бидејќи СВЕТО ПИСМО тоа го забранува и плус не верувам во тоа.За да помогне нешто треба прво да веруваш во твојот матичен лекар кога ќе пише лековите .''Плацебото сте вие''книгата од Џо Диспенца баш за тоа пишува,дека верата-мислата може да го појача дејството на лекот или да го минимизира.Ова само го поедноставувам,инаку има повеќе во таа книга.....
Имам доволно познавање. Знам што зборам. Знам и луѓе кои ја користат верата не дека се верници туку забегуваат. Затоа кога станува збор за ментално здравје не треба да се злопотребува верата. Било која. Христијанска, Муслиманска.. зашто лесно може да се премине границата. Еве што сакав да кажам и Чат Гпт ми го сложи убаво. 1. Анксиозноста и паничните напади се медицински и психолошки состојби Тие имаат: биолошка основа (нервен систем, хормони, мозочна хемија), психолошка компонента (мисли, трауми, стрес), телесни симптоми (забрзано срце, гушење, вртоглавица). Молитва или пост не го регулираат директно автономниот нервен систем, ниту ги учат мозокот и телото како да престанат со паничната реакција. 2. Веронауката може да создаде чувство на вина и страв Често се слуша: „Немаш доволно вера“ „Ова ти е казна“ „Ако се молиш доволно, ќе помине“ Кај анксиозен човек ова може да: ја зголеми вината, го зголеми стравот („што ако Бог ме напуштил?“), ги влоши нападите. 3. Одложува или спречува вистински третман Кога човек се потпира само на вера: не оди кај психолог/психијатар, не учи техники за смирување, не добива соодветна терапија (CBT, медикаменти ако се потребни). Анксиозноста ретко поминува „сама од себе“ ако не се третира правилно. 4. Паничниот напад не е духовен проблем Паничниот напад е: лажна алармна реакција на телото, активирање на „бори се или бегај“ без реална опасност. Ако се толкува како „духовен напад“ или „испит на верата“, лицето: уште повеќе се плаши, станува хиперфокусирано на симптомите, влегува во маѓепсан круг. 5. Верата може да биде поддршка, но не и замена за терапија Здрава улога на верата е: утеха, надеж, смисла, чувство дека не си сам. Но лекувањето доаѓа од: психотерапија, правилна дијагноза, работа со мислите и телото, понекогаш медикаменти. Кратко и јасно ➡️ Бегањето само во веронаука не лечи анксиозност ➡️ Може да ја влоши со вина и страв ➡️ Верата е помош, не терапија А тие од типот на Бучевиќ и слични би ги забранила со устав и кривично би одгиварале. Како зезнале луѓе..
Чат Гпт убаво ти сложил ,ама не ме прочита мене .Тоа што некои забегале не е вера,туку само интерпретација на ОНА ШТО НИВ ИМ ОДГОВАРА .За тоа некој може да најде 1000 причини и да си тера по свое,и да му служи за изговор.Постојат и група на професионални пациенти кои одат редовно на лекар,ама не пијат ништо,или сами си прават доза што им одговара.Ако ме сфати добро,ако не ме сфати исто.
Ве молам кажувајте чаре. Неможам да функционирам од вртоглавициве Сум имала вртоглавици ама ова во последно што ми се дешава е алармантно! Постојано сум со вртоглавици па дури и додека спијам, се разбудувам од сон и ми се врти. Јас више и се сомневам да не не е анксиозност да не е некоја сериозна состојба Имате искуства да споделите? Иначе комфор зона ми беше дома, таму си наоѓав прибежиште и многу ми беше убаво, ретко по дома да се осеќав анксиозно. Но за жал веќе и во домот се осеќам исто како и секаде, постојано во паники, симптоми и стресови. Немам више прибежиште немам кај да се засолнам, како што се засолнував до скоро од оваа проклетија Имам дете, имам обврски а блокорана сум да ги обавувам обврските