Точно! Тоа е всушност и коренот на анксиозноста: Самосаботажа! Само со тоа што сме тука и споделуваме искуства, без разлика дали периодов сме функционални или не, треба да си честитаме за трпението кое најчесто забораваме дека го поседуваме.
Си проверила анемија, спондилоза, мениер, тироидна жлезда. Анксиозност да се дијагноатицира мора да се елиминираат органските причини, е после почнуваш со елеиминирање или контролирање на тригерите. Што дошло до тоа и дома да си вака вознмирена? Дали си имала некој голем стрес кој си го потиснала и сега излегува на површина? Води дневник што се случувало во денот и како си се осеќала и ќе видиш дали нешто што можеби и не го приметуваш е причинител за анксот и вртоглавиците. Психолог со една сесија нема да те излечи. За психолог да има успех треба работа и работа со него/неа. А скапи се а и денеска секој стана психолог. Секој стана експерт. Секој стана лајф коуч, па она НЛП и остале секти. Апропо функионална анксиозност. Јас ја имам години, има добри има лоши периоди. Ама туркам, одам, функционирам како знам и умеам. Дали има денови кога од кревет не ми се станува? ИМА. Ама нема пари од лежење. Мора да се работи.. мора да се функционира. И така има денови станувам се изнаплакувам, мијам лице, ставам шминка и влегувам во улога од 8 до 16.. доаѓам дома и се опоравувам.. тие денови се најтешки. Ама поминуваат.. зашто светот нема да застане јас да се оправам.
Имам испитано железо. Малце ми е ниско од 8.9 е а мене ми е 7.6 Фолна на долна граница и б12 на долна граница. Можеби кога ќе се средат ќе се средам и јас хаха
Испитај и феритин. Б12 и Фолна земам на NOW Methyl Folate i Methyl B12. Верувај дека ти е од тоа. Послушај ме, земи среди тоа па ќе видиш разлика. Јас сум сега за истото на терапија. Ќе видиш за 2 недели ќе си друга. А за 3 месеци ќе се стабилизира ама со секјдневно земање на терапија. Метикирана фолна и Метилиран Б12 се раградуваат одма во телото.. затоа таа форма е најдобра.
Феритин испитав, супер ми е Интернист ми рече фолна секој ден и 1 неделно по една инјекција б12. Незанам дал ќе се средам
Многу е погрешно некој органски симптом веднаш да се препише на анксиозност. Значи прво се исклучуваат физички болести, не може секој непознат симптом да се препише на анксиозност. Да, може и истовремено да ја имаш таа анксиозност која си ја имала + друга причина која ти ги предизвикува тегобиве, ама многу е битно прво да направиш физички иследувања пред да се донесе толку лесен заклучок.