Кога е облачно во телото доаѓа до пад на серотонинот, а зголемување на мелатонин. И мозокот мисли дека е време за спиење, а сепак треба да бидеш активен и затоа се чувствуваме поспано и уморно. Вие што се борите со анксиозност, уште потешко ви делува ова и доведува до панични напади, напнатост.. Обидете се да го залажете мозокот така што ќе седите во екстремно осветлена просторија што ќе доведе до зголемување на серотонинот. Исто така нека ви биде топло, пите топли напитоци, затоа што топлината дава чувство на сигурност. Ова го имам прочитано, не ми е испробано затоа што немам анксиозност, ама може ќе помогне на некој.
А не ми е мене веќе анксот проблем. Ме боли главава ми е мачно од времево. Одамна ја ја конторилирам анксиозноста. Едноставно си ја прифатив како сензација, знам ќе помине и тоа е.
Луѓе, ич не сакам да звучам вака ама претешко ми е. Никогаш олку не ми било. Најмногу ме плаши тоа што не можам да одам ни на работа последниве месеци и дојдов да живеам кај моите. Во последно имам тегоби со желудникот и палпитации. Бев правев тестови се' беше во ред. Ми дадоа Елицеа ми е страв да ја земам да не ми е полошо. Охрабрете ме да почнам значи многу многу ми е тешко. Имам егзистенцијални стравови со иднината, стареењето, чувство на вина постојано дека сум можел повеќе, немам нежност и разбирање кон ова растројство. Се однесувам со себе како јас да сум крив што го имам.. Би сакал да чујам искуства со анксиозност на повозрасни години што им се случило.
Јас пијам антидепресиви 11 години,и благодарение на нив одам и на работа и се дружам и шетам по одмори, иначе не бев три години од дома излезена,пробав многу врсти, не мо беше добро, најдобри се покажаа зепирата,исти состав како елицеа,од страв пиев само по 5 милиграми а требаше 20 милиграми,со таа доза исто како да не пијам ништо,и пак не функционира,еден ден си реков, или ке почнам да живеам нормално или нека умрам не можам повеќе, малу по малу ја качив терапијата на 20 милиграми, без никакви проблеми, ево веке три години сите ми викаат дека се врати старата јас, и кола возам,што беше незамисливо,и сама одам секаде. , едвај чекам да излезам на свирки на забави, да се забавувам да одам на море на зимување,ако треба и цел живот ќе пијам ад само да не се вратам во тој кошмар што бев, изборот е твој,дали ке живееш или само ќе преживуваш ден за ден., и да, 50 години имам.
Диши длабоко полека вдишуваш со броење до 7 држи здив до 4 и издиши до 8. пушти слушалки некоја музика, излези од мислите.. ништо не ти е. и друг пат си имала вака поминало.
Одма по апче посегнуваш? Оди во вц кога ти е така, и смири се. Можно е да те тригира гужва, телефони, луѓе, светлост, топлина.. ќе се навикнуваш да се контролираш. Не може одма апчето...
Притисокот е нормален, пулсот ти е висок затоа што одма се вознемируваш, мораш да се смириш самата со себе прво, прави нешто што во момент ќе те оттргне од таа мисла, што и да е тоа, еве пример може и дишење.
Во последно време ептен чувствувам дека имам некои панични напади односно а ме заболи нешто готово мислам умирам. Еве денес пример изгледа сум се укочила од неправилно седење + сум спиела некако чудно и цел ден гуглам симптоми за срцев удар. Не бев ваков хипохондрик, и затоа решив тука да ви пишам да ми дадете некој совет. Пробав со дишење неколку пати да се смирам и се чини подобро, исто пиев вода, ама не знам со мозоков како да си решам дека до мозокот ми е а во реалноста ништо веројатно не ми се случува. Како се справувате во вакви моменти? И исто одбегнувам да читам многу симптоми на гугл најчесто ама а отворам а ми се полни главава со милион работи. Веројатноста дека исто така имам некои панични напади од секој ден читање црна хроника се исто така големи.
Б6 напиј се ако имаш дома или јас пијам 5htp и избањај се ќе те опушти водата.Јас така правам и плачам исто..многу ми олеснува на душата и се смирува паниката.Поздрав и убава дождлива недела
Размрдај се по дома или проштеј малку надвор. Напиј се б6. Барем два дена не пуштај ништо освен музика која те орасположува.
Фала ти многу! Не ми се плаче ама така некако паничам дека нешто постојано ми се случува, немам Б6 ама ќе видам да си купам. Фала ти исто, се размислувам искрено да избришам скроз социјални мрежи ама нема тоа да. ме заштити баш така.
Најпрво исклучи ги нотификациите од апликациите кои не ти се од итна важност. Потоа ако имаш значајни контакти не ги бриши профилите, само обиди се да ги игнорираш мрежите неколку дена. Или деактивирај ги привремено или избриши една, остави друга ако ти е потребна (само не ја проверувај секој ден). Подобро вака затоа што ако правиш целосно бришење наеднаш може пак да ти се створи паника поради чувство на изолација.