Kako se spravuvate so visok pritisok i bolki vo gradi gadenje denes zavrsiv na intna pomos poradi toa ekg napraveto i drugi pregledi sta se potrebni pa kazaa deka se e vo red
Не сум мерела, можи да ме фати на работа, кај мене притисокот е нормален но откуцаите ми се кажуваат до 100
Исто ми е од Елицеа. Заматен вид и визуелна перцепција. Веќе три недели и тоа на мала доза а мене ми е се' полошо. Вчера дали некој предмет ми заличи на птица или навистина беше птица не знам оти зборував на видео чат истовремено, кога погледнав подобро ја немаше, што резултираше со паничен напад дека можеби халуцинирам. Имаше слични искуства? Те молам пиши ми оти си правам филмови дека шизнувам. Прв пат ми се случува ова откако почнав со неа. Ми се плаче.
Хелп. Пијам Елицеа 10мг. и до пред 10 дена пиев Заласта 5мг(1/4 на секој втор ден). Откако ја откажав Заластата имам во текот на денот анксиозни напади и се плашам дека може пак да ми се влоши ситуацијата. Имал ли некој вакво искуство? Се е ова со совет од психијатар. Ми препорача да пробам да пијам Аклонил 1/2 во такви ситуации. Ме смирува ама не ми е тоа тоа...се плашам да не ми стане ептен лошо,имам дечиња за коишто морам да се грижам за нив,а и останувам сама кога сопругот е на работа. Инаку 7 месеци ја пиев терапијата(имав смрт на свекрвата што прилично лошо ја поднесов нејзината загуба)....
Одам на психијатар. Посетував и психолог ама неизбежно беше да ја почнам оваа терапија..свекрва ми почина,ми се роди бебе,имам прваче..се ми се собра и многу тешко ги поминувам овие промени.
Како некој што има мигрена веќе скоро 10 години, можам да потврдам дека неколку дена после нападот ќе се чувствуваш безвеза. Намалена енергија, тек тук пак главоболка или како што викаш струја во главата, едноставно како камион да те згазил.. Не знам дали самиот напад ми е полош или откако ќе помине па сите тие симптоми... И после 10 години не можам да ја надминам анксиозноста кога чувствувам дека ми доаѓа нов напад, особено ради тоа што знам како е откако ќе помине... Тоа ти се типични симптоми на пост мигрена и стравот кога пак ќе се случи, а со тој страв секако си правиме дупло полошо да се чувствуваме ама ајде оди против психа... Дијазепамче и б12 кога осеќаш страв и ќе се олабавиш малце
7 месеци ја земав. Пред 10 дена ја откажав. Мене сеуште ми е лошо. Ќе морам пак да ја вратам. Еве сега имам срцебиење и мисли дека ќе ми се слоши и нема да можам да се грижам за нив. На моменти ми студи па ми е жешко. Беспомошна сум. Разговарам со домашните,сите се запознаени ама не знаат како да ми помогнат...имал ли некој барем слично искуство за да ме утеши...?
Имав слично искуство со друг тип на медикамент и ми беше многу лошо зашо го откажав многу брзо по шема на психијатарот. Е сега шемите од психијатрите се базирани по проценка на поголем дел од масата која нема да развие апстиненцијален синдром или ќе биде нешто подносливо да речам. Ама постојат луѓе кои се повеќе сензитивни и им треба подолгорочно намалување кое е најбезбедно за да се избегнат симптоми на повлекување. Да му кажиш на психијатарот и да му предложиш буквално осминки од четврт да кршиш и некое време така пополека да ја откажуваш додека не дојдеш до мрвица. Ако треба и месец дена и повеќе. Кажи му слободно.
Дали имате искуство со Каликста 30 мг. Поконкретно како ви делува… Дали ја покачува телесната тежина прекумерно, како ви влијаеше на мотивација, станување наутро и слично. Мене трет пат ми се повторува оваа болест имав прекини нормално во консултации и по насоки на психијатар. Но после 6 месеци повторно ми се врати анксиозноста, стресот тешко поминав првите два месеци со секакви мисли. Почнав со Зепира 5 мг и дополнително мапразакс од 0.5 половина наутео и навечер две недели. Потоа скоро 8 недели психијаторот ми смени на Калискта 15 мг ни не даде резултат. Сега една на Калискта од 30 мг па во оваа недела тек денес почуствував подобрување па се решив и тука да споделам … Па споделете искуства … Поздрав до сите кои се борат со ова чудовиште од болест
Дечки, некој искуство со витамин 5хтп на Солгар? добри се? читам дека се за стимулација на сератонин, анкциозност и сл. Јас никогаш не сум била на ад терапија, повремено дијазепам од 2мг, мегутоа искочив од мн лоша анкциознс и панична фаза па сакав да земам. Ако има некој искуство би ми значело многу