Тие што анксиозноста или други слични проблеми им се буквално идентитет, комфор зона и што сакаат останатите само да ги сожалуваат и не можат да се замислат во "нормална" состојба. Многу ги има, верувај.
Не е мрза, како што многумина ќе кажат. Некогаш е разочарување, вложување премногу напор во работа, врски. Трауми, смрт на близок и сл. Соочување со сите проблеми.
Не ми е верно искрено но ок ете штом постојат такви. Можеби деканне се чувствувам ко таква па затоа не ми е верно...
Џабе е и секој ден да сме тука, кога не секој/а сака да ги примени советите кои му/ѝ се дадени. А, ништо надворешно не може да помогне додека самата личност не се реши дека ѝ е време за промена.
Што ви помага кога сте анксиозни? Јас посегнувам по (брза) храна и емоционално прејадување со слатки, кафе за да се "фокусирам", doomscrolling на инстаграм, се "гасам" со слушалки на уши, а сите овие работи ми ја влошуваат психичката состојба. Наместо тоа пешачење, разговор со другарка, тренинг, и слично знам дека би ми помогнале но не секогаш имам енергија за ова.. Единствено можеби пишување на лист хартија како де чуствувам ја вади анксиозноста од мене.. Дајте идеи што друго ве смирува вас?