Појма немаш од сериозна анксиозност. Иначе, да, сите имаат анксиозност ако гледаш така. Анксиозност исто ти е страв од неуспех, страв да не те удри кола по пат и затоа си претпазлива о внимаваш, исто претпазлива си и струја да не те фати па не чепкаш голи жици и сл. Ние уште кога се раѓаме анксиозноста ни ја всадуваат и родителите со тоа што ќе го удриш по раче, немој во штекер, може да те удри струја или не скокај од високо, ќе се повредиш и сл. Нормално е да има човек анксиозност и дека убаво да ја има заради претпазливост и ризик од опасност. Но, ние тука говориме за сасвим десетто, што не попречува во секојдневието, како стравови од болести, стравови за животот и тоа е више манифестирано и преку физички симштоми што постојано сме во аларм
Мене анксизоноста и паничните напади воопшто не ми се потребни. Ти ја имаш онаа позитивна анксиозност која секој човек ја има. Ама кога станува збор за анксиозно растројство и панични напади, верувај ич нема да ти е потребна.
За едно чудо и мене воопшто не ми се потребни Иначе, да, се сложувам дека си има позитивна анкс и дај Боже секогаш да си е така. Да не даде Господ нашево да го почувствува зашто ептен иритира
А бе денес малку ќе се вознемират одма си лепат дијагноза анксиозно растројство. Не дај боже никому овој пекол со панични напади, со деррализација со мака да функционираш...
Те сфаќам како ти е. Или има луѓе ко ќе им е така тапа денот без врска и викаат лелее во депресија сум. Или врне дожд и се жалат дека се во депресија. Скраја да е да дознаат што е вистинска депресија.
И те како анксиозноста може да биде лоша, ако се таложи, а ништо не правиш, ти го намалува квалитетот на живот, те прави несреќен. Не може да те штити ако ти создава напади на паника кои се тешки за издржување, те парализира да не можеш да дејствуваш, те прави нерационален, ти ги одзема храброста и самоувереноста, итн. Да, дел е од нас, да, треба да се прифати дека постои, но исто така треба да се работи на неа за да се контролира до одреден степен за да не ти го уништува животот. Тоа е целиот муабет. Не смее да се остави да ровари по тебе, а ти само да плачеш и да се чудиш. Мора да се открива причината и да се работи на причината. И секако, има тактики кои помагаат во моментот за смирување, и тоа е многу битно.
Мислам дека темава треба да се преименува во Анксиозно растројство и панични напади. Зашто вака е премогу општа.
Многу зависи што подразбираме под анксиозност. Да, сите во некои моменти од животот сме се осетиле анксиозно. Тоа е таа нормална и блага анксизност пред испит, интервју за работа, прв дејт. Нормална реакција на стресни животни настани. Тоа не е анксиозно растројство, затоа што е нормално. Анксиозно растројство се дијагностицира кога веќе таа анксиозност го нарушува нормалното функционирање и ги попречува луѓето да ги извршуваат секојдневните обврски. Кога на некој анксиозноста му влијае до степен да не може да излезе од дома, тогаш е проблем. Битно е да правиме разлика. Нема универзално решение, зашто секој случај е различен. Генерално, да, психотерапијата е клучна во решавање на проблемот и подобрување на состојбата. Ама тоа е многу тежок чекор, не е воопшто лесно анксиозен човек да се натера да побара помош. Апсолутно е точно дека треба да се трудиме да ни биде подобро, ама првиот чекор е најтежок. Не сакам да звучам како некој гуру и како цитат од популарна психологија, ама кога ќе го направиш тој прв чекор, секој нареден пат е сѐ помалку тежок од претходниот.
Koga imate bolka vo gradite osobeno leva strana kakva vo e bolkata i kolku trae ? Mene me izluduva ovaa bolka mi predizvikuva panika
Зошто мислиш дека не сум поминала низ истото? Не би сакала да зборувам на форум, знам низ што поминав и како. Но, се уште работам на себе, затоа што тоа е вечен процес да се осознаваш. На крајот на денот, јас немам веќе анксиозно растројство и панични напади. Веројатно од таа причина знам што пишувам. Но, ако ти е полесно да гледаш како што гледаш на анксиозноста, јас не можам да те спречам.
Neznam dali e grc bockava e ponekogas stega i pusta ne trae mnogu ekg napraviv pred mesec ipol se bese vo red
Штом е во ред, немаш проблем со срце, ако на тоа мислиш. Грчеви може да имаш ако седиш премногу, слабо си физички активна, дишеш плитко. Сепак доктор да ти објасни.
Може само од стрес да ти е, боцкање, трнење знае од стрес да се јавува, да пробаш да се движиш повеќе во таква ситуација место да паничиш.
Од анксиозноста ти е, и кога ќе помислиш на тоа уште толку го храниш мозокот и ти се создава слика дека навистина се случува. Ништо не е, диши-издиши.