I se bese na moj grb i na majkami grbot bodejki sestrite mi se pomali baska idev plus vo skolo ne bese lesno nisto
100% токму така. Апсолутно не е едноставно и не постои лекување, постои: 1. Справување со неа, 2. Променување на нештата во животот кои предизвикуваат анксиозност. И ти самаа викаш, сега си супер. Затоа што работиш со години, и работењето вродило позитивни резултати да ти сега си супер. При стресни ситуации се враќа, оти нема лечење, дел е од нас. Некогаш може и да не приметиш дека си под стрес, па да се чудиш од каде сега пак. Ама има причина, не е тоа туку така од никаде. Затоа викам, мора конзистентно работење, нема паузи. Ете ти даде супер примери што ти предизвикува анксиозност (најчестите примери кај сите нас). Трауми од минатото, 'живеење' во иднината, неприсутност во сегашноста, очекувања кои сме си ги замислиле, несигирност и неизвесност што ќе биде, постојана желба да имаме контрола, итн, итн. Значи мора да се работи на тоа да се биде повеќе присутен, да не се лута по минатото и да не се заглавува во замислување на иднината. Мора да се работи во прифаќање на фактот дека врз многу нешта немаме контрола, едноставно така е, тоа мора да се прифати. Исто како што со сигурност еден ден ќе умреме, така со сигурност немаме контрола врз многу работи. Ама врз многу работи ИМАМЕ КОНТРОЛА. Не сме толку беспомошни. Има практики и тактики. Има лекарства. Има психологија. Има филозофија. Има многу нешта. МОРА ДА СЕ ПРИФАТИ И ФАКТОТ ДЕКА НЕ СМЕ ТОЛКУ БЕСПОМОШНИ. Може да се лечи, треба да се лечи, а не да се откажува. Конзистентно лечење, негување, исцелување. КОНЗИСТЕНТНО.
Те разбирам, тоа ти е траума. Ама е нешто што не можеш да го смениш. Се случило. Болно е. Неправда е. Но не можеш ништо да направиш за да го смениш. Нема поента да патиш денес, после толку години. Се надевам татко ти е добар и покрај сè, и дека имате убава врска исполнета со љубов и грижа.
Не реков дека не може да имаш вртоглавица или болка некаква од анксиозност. Али истиве симптоми да ги имаш и од органска причина или и без некоја причина, ама упорно секој пат тука си ја поврзуваат со анксиозност. Па така имаат повеќе анксиозност ради болката него обратно. Добро е да научиш како телото ти реагира "на психичка база" за да не си поврзуваш сѐ со тоа.
Темава е пола добив вчера и ме боли стомак, дали е од анксиозноста, пола препишување на секој симптом на анксиозноста. Мислам дека и многу луѓе си се само-дијагностицирани. Се сложувам со тебе, ако веќе знаеш дека некој симптом ти е како ти реагира телото на стрес, воопшто не си правиш услуга ако постојано се фокусираш на тоа и го повторуваш.
Абе и да стварно те боли од стрес, анксиозност, факт е дека е као да речам, нормално, до негде. Не постои човек што никогаш не е под стрес, анксиозен, што 24/7 е насмеан уво до уво па со тоа и што не осеќа никогаш физички симптоми. На работа коа имам тежок, стресен ден, обавезно ме боли глава али ете, ќе одморам, ќе се напијам апче и тоа е, луѓе сме, некогаш ќе боли нешто. Пред стресни настани обавезно повраќам, али пак, си имам tips and tricks како да се смирам Знам и панични напади шо се, сум ги имала али претерано е опседнување со секоја болка. Друга работа е што мислам вакви состојби кога ги прати само психијатар, некако једини начин на справување е со лекови и ништо друго. Па затоа немаш сам механизми да се справиш, пак ќе речам БАШКА од лековите. Не лековите сами по себе туку кога буквално немаш никакви други начини како да си помогнеш. Барем од мое искуство, психолозите имаат подруг пристап, попријателски и се фокусираат на лична одговорност при вакви состојби. Затоа мислам дека се потребни двата.
Глеј, и тоа опседнување со болка е дел од дијагнозата, скроз нормално за некој што има анксиозност. Ама после години и години, мораш да добиеш некој вид awareness и да си речеш чекај сега, се фокусирам на ова и ова заради анксиозноста. Дали морам да напишам на форум или да зборувам секогаш кога ќе ми се случи тоа и тоа? Па, не мора. Ко шо викаш ти, си учиш трикови и продолжуваш. Мислам дека и тоа е дел од менаџирањето.
Знам дека е, ама некогаш мораш сам да се справиш. Сам, не мислам без стручно лице него на краток или долг рок да си наоѓаш механизми. Затоа никогаш не сфаќам кога ќе речат дека советите од типот спортување, хоби, читање или што год да сакаш да правиш се булшит кога имаш аксиозност или друга слична состојба. Лекови и прегледи се потребни, у реду,, не негирам тоа, ама настрана од тоа, што правиш? Што те смирува друго? Што ти го држи паметот зафатен да немаш лоши мисли? Што ти е издувен вентил? Или засолниште кога се осеќаш лошо? Во моментот што можеш друго да направиш за да не те обзема тоа? И тако даље. Мене лично да не ми беше трчањево, не знам дали ќе ме имаше денес. Едит Исто и за физички состојби, не се потпираме само на доктор и терапија, него и сами гледаме што ни помага да правиме. Нешто со исхрана, нешто со активност, нешто со масажа, нешто со суплементи се поправа.
Да, апсолутно е така. Да напоменам само, не сакам да звучам како да инвалидизирам туѓи искуства, туку среќа што анксиозноста е состојба што се менаџира и иако е хронична може да се подобри и со менување на самиот однос кон себе си и животот. Воопшто не треба да се има став дека е како други растројства кои реално, немаат големи шанси за подобрување само со шеткање. Плус е мнооогу широк поим, некој можеби има органска причина, друг има некоја реална стресна ситуација која предизвикува анксиозност, трет има чисто анксиозно нарушување. Многу е битно и тоа, а не секој втор човек да се става во комплетно истата група.
Уште ова само За ова е битно и самите психијатри да знаат да упатат кај психолог наместо да гледаат на пациентите како беспомошни заложници на анксиозноста па само доктор ќе ги контролира, они сами не можат ништо. Не знам колку упатуваат, иако некогаш имам чувство дека некои се сметаат над психолозите пошто нели, вториве не се доктори, немаат појма. И обратно кога е потребно, фала богу. Ја лично бев советувана од мојата терапевтка за психијатар во една прилика, ама се работеше за нешто краткотрајно и минливо па немаше потреба. Мислам убаво е да се збори на темава, ама што велев еднаш, некои луѓе од толку што сакаат да покренат свест, прават само полошо. Искривена перцепција за ментално здрав човек, пронаоѓање во сите знаци, пробуваш да "лечиш" нешто што е нормално. Па така кога нешто доживуваш моментално, одма си го сфаќаш трагично дека ете, пак се враќам на старо, ете готово нема да помине, оти тумач си прајме притисок да сме добри 24/7, да не сме нервозни или анксиозни. Али и гледам кој све работи у таа фела, ене у другана тема полна со искуства што се замишљаат бог и батина со клиенти (ми се чини и од тебе читав лошо искуство) па не знаат да се постават со личноста карши нив.
Со оглед на тоа дека денес секој стана психолог, не би била баш толку сигурна. Кога знам какви профили на луѓе станаа психолози само зашто тате или мама се лекари или ете ИН е да си психолог па ај на филозовски ќе го завршат.. Не не..
Искрено, мислам дека има и уште една причина зошто е така, а тоа е зашто е тенка границата измеѓу кревање свест и комплетно идентификување со состојбата. Едно е објективно да се кажува кои со какви предизвици се соочува, друго е живеење со идејата дека ние како луѓе сме само болеста што ја имаме, која и да е таа. Ова особено на форумов го сретнувам, многу членки во прв план ја ставаат анксиозноста, секаде е спомната, секаде ја кажуваат како да е нешто кое најмногу ги обележува и кое мора да го нагласат.
Знам Нена, јас долго време лутав и кога више кренав раце, сосема случајно ми ја предложија моменталната и женава испадна све што барам од еден психолог во едно. А имаат да речам одговорност на ниво на доктори. @Angie1432 истото сакав да го кажам, ама не знаев како
Луѓе се држат за маките/дијагнозите/траумите демек идентитетот ќе им пукне ко меур од сапуница ако ги пуштат и се ослободат од нив.
Лично за мене ќе зборувам: Токму тоа што не дозволив Анксиозното пореметување и паничните напади да ме дефинираат мислам дека полесно се справувам. Едниставно не мислам на тоа. Имам терапија, имам психијатар, знам дека ќе има и добри и лоши денови ( ама кој нема) и терам напред. Најлошо е кога личноста ќе се идентификува со состојбата. Тогаш секој божји ден живее за да добие напад, потсвесно секоја сензација на телото ја преувеличува и со тоа ја храни состојбата. Никако не се давајте на тоа. Мене ми помога кога ќе ми надојде анксиозен напад да го осознам, пуштам да помине и продолжувам. Осеќам дека иде, и си велам: "Ок, Нена сега без паника, телото реагира, само диши, полека, концентрирај се на друго, ќе помине. Не е страшно, не умираш. Уморна си, не си наспана, имаш ПМС, имаше нервоза итн.. и телото реагира. Ќе помине". И тоа е тоа.