@nena2010 а шо кажа @Angie1432 толку шо би повредило некој со дијагноза (еве пример јас)? Оти сериозно не видов проблем во кажаното.
Дај кажи шо кажав што е навредливо? Темава иначе не е олимпијада за ментални болести, ниту па се осеќам должна да кажам со што јас сум се соочувала или се соочувам за да имам право да искоментирам.
Супер за тебе што не се пронајде. Ама мене многу од мислењата ми личеа како кога ми велеа мене Ништо не ти е, си замислуваш. Мојот психијатар е и психотерапевт. Не дава он лекови туку така. Дај боже сите да се како него, а не само пари да зедмат, да напишат рецепттата и да те откачат. Јас не зависам од апчињата. Не драмам ако заборавам да ги испијам. Не ги носам со мене како магично нешто кое ќе ме излечи. Потполно погрешно си ме проценила. Како што кажав, секој како сака нека се носи, како сакате лечете се. За да доловам подобро треба да пишувам премногу лични работи и затоа тука застанувам со ова. . Мојата поента беше дека ова не е болест, нема да се умре од ова, не е терминално нешто, ова е состојба од која има излез. Јас сега сум супер. Дали пијам АД, да, бев на чекор до отажување ми се десија реботи кои се премногу лични за да ги пишувам овде и ме вратија назад. Сега сум добра. Јас функционирам. Јас не сум болна и никогаш нема да се етикетирам како болна затоа што ја имам оваа дијагноза. Ова кај мене е последица од многу работи низ кои сум поминала. Затоа и велам цело време овде на темава. При прв стресен момент одете на психолог/ психијатар. Полесно се засекува во старт. Не давајте да пушти корени. За жал јас живеев во едно време кога одењето на психијатар беше за луди, сега за среќа имате повеќе можности.
Дечки бидување анксиозен не е натпревар. Сите на некој начин си имаме анксиозност, некои поизразена што ја решаваат со терапија, некои не толку изразена, што ја решаваат на сосем друг начин. И тоа не го прави човекот нелегитимен да си каже како се чувствува или дека нема анксиозност. Секако е дијагноза со којашто многу се борат и справуваат секојдневно. Бидете живи здрави и давајте го максимумот од себе да сте добри секој ден, лоши денови има и секогаш ќе има додека сме живи. Вежбајте, медитирајте, одете на јога, бидете почесто со блиските ако тоа ви создава мир, читајте повеќе книги, не гуглајте симптоми, бидете благодарни и за најмалата работа што ја имате, кров над глава, храна и работа. Нема потреба од натпревар кој е анксиозен и колку време е и како се лечи, темава е да се дава поддршка и да се олесни душа
Ве читам цело време за психолози, психолози, психолози. Ако сакате вистински да помогнете дај кажете ги со име и презиме од искуствоо... значи јас до сега саглам немам најдено зашто секој стана психолог. Ајде дајте препорака. Не е проблем ни финансиски кога човек има мака. Јас 3.000ден.плаќам сеанса на психијатар...
Немаат сите. Лош сјебан ден не е анксиозност. Ниту лош период е анксиозност. Од шо толку е популарна дијагнозава, сите почнаа да се расфрлаат со термини, а не се дораснати
Ја избегнувам ситуации што ме прават анксиозна но тоа не го решава проблемот ако се ставам у таква ситуација пак анксиозноста се појавува.
Нена, be for real. Јас еве во овај момент од ко видов шо си ми реплицирала, се вратив на мислењето и го прочитав пак и читав со „умисла“ дека ќе има нешто за „ништо не ти е, си замислуваш“. Ова многу пати го имам кажано на форумот, и ќе го кажам пак. Пред се за вас, не препишувајте чувства и мисли на други луѓе и да дополнувате празнини како шо ви одговара за наративот. Џабе се тегниме и збораме за нешто шо искрено не видов да го пиши. Те молам, ако сакаш нормално, посочи ми каде го пиши то. Сакам да разберам. Ама буквално имаат сите?! Скоро се во психологијата е „спектар“ благо речено (сем посериозни состојби, ама па тие се под психијатрија). Она шо ние го коментираме како анксиозност, состојбата, е кога „нормалната“ анксиозност шо сите ја осеќаат понекогаш станува проблем и влијае неповолно на секојдневниот живот. Зошто „нормалната“ анксиозност (или анксиозност како чувство) е нормална реакција на потешкотии и стресни ситуации и си има свој тригер. Ко океј е во исчекување ко ќе сум да осетам одредена доза на вознемиреност, стрес, анксиозност. И некои луѓе осеќаат поќе стрес во тие ситуации, некои помалку. И чим помини стресорот се враќаат на некоја нормалност шо ја имале пред то. Ама, ако то чувство ме обземи и јас со деној не можам да комуницирам со никој, да јадам, да работам, постојано осеќам психо-соматски проблеми ... не е поќе само „чувство“ туку е „проблем“. Колку често за ADHD велат „па сите сме малку хиперактивни“. Реалноста е дека сите некогаш осеќаме немир, престимулираност, хиперактивност. Ама реалноста е дека на „нормален“ чоек то е нешто шо се случва меѓу другите работи и не му влијае на секојдневието. На чоек со ADHD не е нешто шо се случва, туку единствен фокус и предизвик на тој ден. Или уште еден пластичен пример. Секој еден шо се мие раце после секоја активност (ШО Е НОРМАЛНО) вели дека има OCD. OCD е толку комплицирана и длабока тема ама во поп култура се сведва на миење раце прекумерно. А, уствари можи некој да се мие раце прекумерно ама да не осеќа анксиозност ако не се измие 5 пати, и друг шо ќе осеќа анксиозност зошто не се измил доволно. Првиот нема проблем. Вториот има. Спектар е. Колку поќе ти влијае неповолно на секојдневието - е поголем проблем. Можи да се аргументира дека разводнуваме важни состојби на овој начин, или можи да се аргументира дека со зборање вака нормализираме состојби и сме инклузивни, укажувајќи дека ете, менталното здравје е спектар. И сликовито, зошто знам дека се загинав во поентата: И да не цитирам посебно сите, само грубо сакам да прокоментирам за медикаментозната терапија. За мене терапија за подобрување на ментално здравје е нешто нормално. Како шо има апче за висок крвен притисок, така има и антианксиолитик, или антидепресив и се со ред таму. Некој проценил дека треба и препишал. Би рекла един проблем е шо знам дека на државна препишуваат на лепе очи лекови без да држат психотерапија. Ама онаму каде вистина требаат лекови + во комбинација со психотерапија = побрзо растеретување. Лекови без психотерапија е џабе. Исто и психотерапија не е доволно ако се потребни лекови (се осеќам дека морам да нагласам дека онаму каде не се потребни ... логично ... е доволно).
Здраво, Повелете текст и вежба за справување со стравовите од перспектива на Гешталт психотерапија. Се надевам ќе ви помогне Кога чувствуваме страв често не го препознаваме како мисла, туку веруваме дека е факт. И кога е силен, толку сме споени со него што не можеме да разликуваме: - дали навистина има опасност - или сме во замислени сценарија Но, ако му пристапиме со љубопитност, меѓу нас и него се појавува мал простор. Во тој простор наместо да бидеме целосно обземени во него можеме: - да разликуваме дали стравот е факт или само мисла - да разбереме зошто толку често се појавува Кога ќе се појави стравот направи ја оваа кратка вежба. Можеш да земеш тефтер и да ги запишуваш одговорите. 1. Препознај го стравот Кога ќе почувствуваш страв не бегај од него. Забележи: Сега чувствувам страв во мене и се плашам дека _________ Понатаму забележи: „Каде го чувствувам стравот во телото?“ “Каква форма и боја има стравот во телото?” “Како би изгледал стравот ако го замислам?” Ова ќе ти помогне да стапиш во контакт со стравот, наместо да си целосно обземен/а од него. 2. Дијалог со стравот Замисли го стравот како седи спроти тебе и постави му неколку прашања Кога и зошто се појави во мојот живот? Од што се обидуваш да ме заштитиш? Што ќе се случи ако не ме штитиш повеќе? На крајот заблагодари му се и провери како се чувствуваш сега. Дали има промена ? Дали стравот се намали, зголеми или остана ист? Дали доби некои интересни одговори од него? ______________________________ Кога ќе ги разбереш твоите стравови добиваш нови свесности за нив: - Дали се навистина реални или се замислени сценарија. - Зошто се појавуваат толку често. Така стекнуваш поголема самодоверба дека можеш да се справиш со нив без да те котролираат. Со тек на време почнуваш да живееш помирно, послободно и похрабро.
Дали е можно од бурноут и стрес да ме боли глава, притисок чувствувам како во ушите? Имав пренапорна недела и бев под постојан стрес, веројатно телово само реагира.
Може. Одмори малку, напиј се аналегтик и нешто за опуштање, чај од Маточина можеш, магнезиум, Б комплекс, и релаксирај се. Секој викенд после напорна недел ми е така. Ќе помине.
Малку си се подисплашив зошто никогаш ваков притисок во уши и како затегната вилица не сум чувствувала. Треба да доработам денес па не сакав да се успијам нешто. Се надевам ќе помине ова. Може и од промена на времето да е
@bookslover, дали можеби стегаш заби а притоа да не си свесна за тоа? И вилица, и уши може да болат од тоа.
Ги имаш стегано забите од стрес. Ќе помине без гајле. Ако е за работа никаков стрес, Седни си сработи и готово. И да не стегаш заби земи мастика или молив во уста држи хоризонтално. Мене тоа ми помага.
Сега кога ми посочи верувам дека може и ова да е, изгледа од стрес и нервоза сум стискала заби и ме болеше сега тука кадешто се поврзува увото со вилицата. Дека последна недела ми беше на ова работно место и одам на ново па затоа можеби и малце ми беше постресно и од несвесност сум направила така. Ќе ги пробам методиве, фала ви женски.
Јас многу се плашам од смрт не толку од тоа дали јас ке умрам ама ко ке почнам да мислам на моите на мајка татко сестра сопруг внучина и почнуваат филмови во глава леле немаш појма колку ми е тешко плачам плачам додека не ми помине некое време,а најлошо е тоа што ова почнав да го помислувам понабрзо скоро секоја ден