Нејзино право е да се обиде.Никој не и стави пиштол на глава и и кажа да го направи тоа, напротив не треба така лесно да се откажува од мое гледиште.За нејзино добро го кажав.Не и реков ништо лошо.
Како се справуваш со притисокот, во кои рамки се движи, од напнатост ти е или од нешто друго? Возраст?
Утре ќе има нагла промена на времето. Очекувајте појачана анксиозност, главоболки, поспаност. Не ви пишувам да ве плашам туку да ви кажам дека не сте болни само до времето е.
Јас пиев една година, за анксот не ми помогнаа баш и ми ги сменаа ама за спиење, се изнаспав, од пола апче спиев супер, одма заспивав и не се будев воопшто Нека си се менува времето не мора да значи дека ќе влијае на нас,сега само што им напиша така, пола ке се поболат уште вечерва, автосугестија, мене никогаш времето не ми влијаело, анксиозност имам 13 години,башка ние си пиеме терапија, времето нека си се менува слободно.
Од Нервоза на работа, од повици. Од то дека не можам раат да појдам до ВЦ, морам да брзам да не губам минути. Скопје, автобуси, гужва и пешки да одам премногу ми е нервозно од гужва. 35 години. Имам нормален притисок, откуцаите ми се од 90 до 120, при нормален притисок
Баш поубаво што членката пиша бидејќи има метеопати. А, инаку некои ќе почнеа да си прават филмови во главата за тоа што им е од ова и она.
Последниве два-три дена константно се чувствувам вознемирено и нервозно. Нема никаква причина за чувствово, немам некој проблем за вака да се чувствувам, не знам што да направам веќе. Само некои лоши мисли си вртам во глава, ќе спобудалам. Генерално не сум ваква личност, сум имала лоши моменти, панични напади, ама не знам што ми е сега.
Зависи за што концентрација. Ако е за работа, мене најмногу ми помага кога си правам time blocking. Односно 2 часа работам на овој таск, 2 на овој, пола саат или 1 саат ручек пауза, после продолжувам пак со истото темпо. Исто многу ми помага телефонот да ми е во друга соба на полнач инаку ептен лесно ме дистрактира. Е сега има денови кога немам ич концентрација и тоа е сосема во ред, не е ок секој ден да немаш. Многу големо влијание има и тоа што сме престимулирани со short form контент којшто е секаде околу нас и немаме концентрација за ништо што одзема повеќе време од тоа.
Телефонот да е подалеку од тебе. Исклучи го или стави го на do not disturb mode. Направи кратка вежба. Внесувај Б витамини и Омега 3.
Почнав на своја рака да земам Омега 3,покрај антидепресиви. @bookslover јас секое сабалје не сум наспана, имам како површен сон, на средбата со психијатарот ќе зборам. Пак сум кастмер кеар и пак морам в екрани да буљам цели саати, а на претходното место кај што работев 3 години, повик по повик постојано в екран.
Зависи за што, во принцип за моментална концентрација праам брзинска медитација за да се пренасочам во моментот, земам поголема шоља кафе или енергетски пијалок, и ако имам услови пуштам инструментална музика, јез, lo fi, lounge, класика. За на долгорочно, ги бришам сите социлајни од телефон на одреден период, се фокусирам на читање книги, решавам судоку на хартија, шетам повеќе, седам во парк повеќе, возам точак (кога немав дете и имав повеќе време возев и по 20 км), вежбам повеќе (неодамна вклучив скокање со јаже и некои тај чи потези), повеќе медитирам, филмче и серии оставам за на крај од ден за релаксирање. Порано кога имав повеќе време периодично ги посетував сите изложби, галерии и музеи во моментот. Сега да немам детуле би си купила неколку големи сложувалки и aid-dry глина да се занимавам. Повеќе надвор и раздвижување, и интернет на минимално само ако ептен морам за работа, иначе скроз ич. Едит: консултирај се и за мелатонин, јас се будам по неколку пати во тејот на ноќта, и на сабота и недела пијам мелатонин за да барем тогаш поспијам подобро. Доаѓаш дома од работа, пиеш магнезиум, б комплекс и мелатонин, легнуваш, место тв и мобилен, читаш книга, книгата успива.
Рано е, немам уште една доза испиено, ама гледам со медитација и фокус само на дишење ми помага. Општо, немам концентрација, ко посилни боите ми идат на раб