Дали ви се случило да имате паничен напад со затнатост во ушите, срцебиење и тежина во главата?Пред пет минути бев добра најнормално фунционирав сега........
Се случува, во такви моменти пробај да дишеш и издишиш убаво, да допреш неколку предмети за да се вратиш во нормала и вели си “паничен напад е само, диши” повторувај си го додека полека не се смириш. Мене ме смирува чај од нане, па ако имаш направи си.
Не се родивме анксиозни... Како бебиња точно знаевме кога сме гладни кога нѝ се спие кога да си играме кога сакаме близина кога нешто не сакаме Но, како што ги правевме првите чекори, така ги учевме и првите правила. "Не смееш да се лутиш" "Не смееш да бидеш чувствителен/на" "Не треба да си ќутлив/а" "Треба да си тука за сите" "Треба да си самоуверен/а" "Мора да си амбициозен/а" 'Мора да го сакаш спротивниот пол" И сè што е спротивно на тие очекувања на околината како Неамбициозноста Тагата Лутината Тивкоста Несигурноста Неуспехот Стравот Различноста Почнува да станува закана. Па така, за да бидеме прифатени - почнуваме да ги отфрламе тие делови од нас. Се фокусираме на тоа да ја задоволиме мајка ми, татко ми, учителката, врсниците, партнерот, општеството. Да бидеме “сѐ како што треба”. Како по книга. И токму тука тивко се создава теренот за анксиозност. Зошто ? Бидејќи деловите што се обидуваме да ги отфрлиме - не умираат. - Неамбициозниот дел е исто толку жив колку и амбициозниот. - Тажниот, исто колку среќниот. - Успешниот, исто колку неуспешниот. - Несигурниот, исто колку и самоуверениот. И кога постојано оттурнуваме нешто од себе, всушност потиснуваме дел од себеси. И што се случува? Од една страна тој дел притиска да излезе. Од друга страна постојано го потиснуваме. Така се создава постојана внатрешна напнатост. Напнатост помеѓу тоа што навистина сме и тоа што мислиме дека мора да бидеме за да бидеме сакани, прифатени и безбедни. Токму таа внатрешна напнатост често ја чувствуваме како: анксиозност, немир, прекумерно размислување, тензија, внатрешен страв. Но има надеж… Делот од тебе што знае што му е потребно, сè уште постои. Не е исчезнат. Само е затрупан под години прилагодување и потиснување. Затскриен зад стравовите и правилата да бидеш тоа што „треба“, “мора”, “смееш”. Оттука мирот не доаѓа кога совршено ќе се модификуваме за да ја задоволиме околината. Туку кога ќе ги препознаеме, интегрираме и прифатиме сите аспекти од себеси.
Zdravo dali ve plasi toploto vreme ? Mene mnogu me fakjaat panicni napadi si mislam vo mojata glava deka ke se onesvestam od toploto i deka nema da go izdrzam toplovo vreme duri imam i vrtoglavici merev pretisok 102/70
Ми рекоа дека од едниот до другиот притисок треба да има 30 разлика. Иначе 102 е низок. Јас со себеси си носам Кока Кола или Електролити обавезно и благо.
Нема зошто да те плаши. Ти пишав претходно за Б6 и магнезиум. Земи си од која било фирма, според цена што ти одговара (види во аптеки и ДМ, ги имаш во комбо и во посебно). Пиј течности. Оди под сенка. За нешто повеќе советувај се со матичен лекар, ама немој да си правиш филмови во главата.
Дали некој овде чита книги од професионалци психолози и психијатри?Конкретно ПАТ ПО КОЈ РЕТКО СЕ ОДИ -Скот Пек.,ГАБОР МАТЕ,Ирвин ЈАЛОМ со Џелат на љубовта ,Проблем СПИНОЗА.и други негови или пак ХОРХЕ БУКАЈ ?Ова се добри насоки за разбирање на психички состојби и опишани реални искуства од нивната пракса со вистински примери од нивното богато искуство со пациенти .Било кој,многу ми помогнале за да разберам некои состојби ?.
Преминав од Елицеа на Пароксетин во консултација со психијатар. Не осеќам некоја разлика искрено...анксиозна сум имам епизоди и по потреба земам Аклонил 1/2. За брзо ме смирува ама не сакам да ми е вака. Пароксетинот го пијам 20тина дена. Треба ли време за да постигне целосен ефект? Друго прашање,дали е можно интензивно потење да е несакан ефект?
Јас скоро ја читав од Јалом, Starring at the sun, односно се раскажува за луѓе што се плашат од смртта, здравствените предизвици итн, не е тешка толку книгата за читање мене лично ми даде и некој спокој како Јалом им зборувал на пациентите, 4/5 Ја препорачувам таа.
Тебе те чекав да се јавиш,ама не знам да означм.?Јалом е прекрасен и разработува тешки теми,за живот и смрт и загуби.Тоа му е правец-егзистенцијализам во неговата психотераписка пракса.Love's Executioner and Other Tales of Psychotherapy прочитај ја, има и на македонски ЏЕЛАТ НА ЉУБОВТА со вистински делови од негова псиотераписка пракса ,ама секоја приказна е различна и ново поглавје.Сега ми е ново ГАБОР МАТЕ-Kога телото вели не,Митот за нормалното,и др.Исто ако можеш и СКОТ ПЕК-Пат по кој ретко се оди,читана едно 10 пати минимум.Ова се вистински книги,а она коучи и позитивни мисли се инстант решенија ,за да не ти реши ништо,само обланда со чоколадо.И јас лично читам многу и се тресам на книга кога ќе видам,психологија ми е фејфорит тема ,и руските класици како ДОСТОЕВСКИ,обработени ликови внатрешно и надворешно Masterpiece.