Дали некоја од вас има дадено отказ и има одморано месец, два. Стварно, не можам повеќе, и не можам да трпам тортура на работа, 3 години со исто, па и фирмава овде уште побетар е. Никој буквално не ме разбира. Одма мислат како ќе заработувам понатаму дека е и без пензиско и здравствено ќе бидам... А никој не гледа дека внатре јас сум преуморна.
Следи ги сигналите што ти ги праќа телото и слушај си се. Мене за среќа на тоа ме научи советникот кај кој одам и ми олесна многу откако почнав да се ставам себеси на прво место.
Како што ти кажаа и другите, верувај ни ќе ти годи одморот, ем физички, ем психички ќе се одмориш. Мораш ти за себе да гледаш. Не трпи повеќе од колку што можеш, јас така и еве пак ме стигна ова и решив дека е време за одмор.
Ако можеш да си дозволиш да не работиш од финансиски аспект, зборам ако немаш некаков кредит којшто мора да го плаќаш и слично, јас сум апсолутно за тоа да одмориш и да си го слушаш телото, психички и физички да одмориш од втори смени, да излегуваш повеќе, спортуваш, читаш, некое друго хоби и верувам дека ќе ти олесни.
Реално, ако имаш пари (заштеда) и можеш да си дозволиш зошто да не. А за пред луѓе нема што да се објаснуваш, гледај си го здравјето. @GirlLove
Jас имам дадено отказ од место каде требаше да работам 2 смена до 12и 45,па спиење ми се поремети организам ,не функционирав така.Се случи да добијам ужасни болки во бубези и песок ,и тогаш пресеков,пишував овде за тоа.2недели ме држеше болка и сфатив дека не можам повеќе.Ова твоето ми личи на брноут повеќе ,анкс,стрес,терапија.Нема да те резберат сигурно,посебно дома.Заштеда не е многу ама за 2 месеца мислам ќе имаш.Како и да е ти си ја знеш ситуација подобро.За мене сега мисламќ е прифатам и помалку плата и минималец,отколку да прегорам,здравјето ми е најважно,или работа повремено на дневница.Толку можам.СОБЕРИ .одземи ,најубаво си ја знеш ситуација .
@GirlLove Возрасна жена си. Се додека бараш одобрување за секој чекор ќе тонеш се подлабоко и подлабоко. Давањето отказ заради Burnout и заради твое здравје не е дека си згрешила, дека не си успеала, напротив. Така да седни си сама со себе, пресечи и одлучи. Во меѓувреме ти кажав, следи огласи, преквалифицирај се ( кол центар е убиство и само кој не работел не знае како е) така да само напред.
Мислам дека се претстави како психолог еднаш,некој што завршил филолоши факс -психологија мислам.Психотерапевт е различно, за тоа треба години обука и менторство,супервизија насока и правец.
Денес која мајка изгубила дете на филозофски психологија ќе го најде. А овде секако може да се прикаже.
Да. Плачи, не го стегај го организмо. Или ако ти иди да истрчаш, истрчај. Се направи само да излези негативната енергија од тебе
Не сум лиценциран психотерапевт - туку едукант по Гешталт психотерапија. Ова што го кажав го темелам на мое лично искуство и знаењето што го стекнав во едукативниот процес. Гешталт психотерапијата е најраспространета во светот и на многу луѓе има помага да се справуваат подобро со анксиозноста. Голем дел од текстот препознав и принципи од Гешталт - затоа и така искоментирав. Но не мора да веруваш на никого. Тестирај и експериментирај и докажи си дали нешто функционира за тебе или не. За мене функционираше