Ви испратив линк до блог текстови поврзани со анксиозност од Гешталт перспектива. Тука не можам да го постирам линкот заради правилата на форумот. Но еве еден од текстовите. Се надевам ќе биде од корист. Контакт со себе - Првиот чекор кон помирен живот Многу често имаме доживување дека анксиозноста се појавува ненадејно и без предупредување. Како темен облак кој одеднаш нѐ обвива и нѐ носи во насока што не ја бираме. Во тие моменти можеме да се чувствуваме како да сме во магла, без јасност и без можност за избор. Но, како и кај облаците, и тука постои нешто подлабоко: зад нив секогаш има сонце. Тоа сонце е нашата свесност – секогаш присутна, иако понекогаш скриена. Кога ќе успееме да останеме во контакт со себе и со она што се случува во моментот, почнуваме да ја чувствуваме таа светлина во нас. Таа не ги брка облаците, туку ни овозможува да ги видиме појасно и да се движиме низ нив со повеќе јасност и стабилност. Кога ја активираме свесноста, можеме да се вратиме во контакт со себе и да ја осветлиме бурата од емоции. Во контакт со емоциите Во Гешталт терапијата контактот е суштинска точка – место каде се среќаваме со себе, со другите и со светот. Кога чувствуваме страв, бес, тага или вознемиреност, често имаме доживување дека тие „нѐ напаѓаат“ однадвор и нѝ се наметнуваат. Можеби некогаш сме почувствувале како „тагата ме обзема“ и не можам да дишам, или „таа вознемиреност што ми ја „убива“ концентрацијата“ и ме спречува да се движам. „Стравот може да нѐ парализира“, а „бесот да нѝ го загрее телото“ до точка каде не можеме да размислуваме јасно. Во Гешталт перспектива, овие емоции не се непријатели туку делови од нашето сопствено битие. Тие се пораки од нас за нас – сигнал дека постои нешто што заслужува внимание. Кога му давам име на моето чувство, јас влегувам во контакт со него – го препознавам како нешто што се случува во мене, а не како целата моја личност.“ Во моментот кога ќе кажам: "Сега јас чувствувам страв", јас создавам простор за дијалог со тоа чувство, наместо да бидам целосно обземен од него. Во тој простор се отвора можност: наместо да ја потиснеме емоцијата, да застанеме и да ја слушнеме, наместо да нè понесе целосно, да останеме во контакт и љубопитно да ја набљудуваме, наместо да ја осудиме, да се обидеме да ја разбереме како порака која носи нешто значајно за нас. Токму тука почнува нашата интеграција. Зошто контактот со емоциите е значаен за справување со анксиозноста? Емоциите се дел од нашиот организам и тие се појавуваат за да сигнализираат нешто важно. Кога ги избегнуваме или ги потиснуваме, тие остануваат незавршени и продолжуваат да бараат простор за изразување. Кога ќе влеземе во свесен контакт со нив, тие можат да се појават во целост и постепено да се интегрираат. Не исчезнуваат, туку се смируваат затоа што биле признаени и прифатени како дел од нашето искуство. Анксиозноста често е сигнал дека постои нешто во нас што е потиснато – некоја потреба или емоција што не сме ја изразиле. Ако успееме да ја слушнеме таа порака, тогаш анксиозноста од „непријател“ станува наш сојузник кој нѐ упатува кон автентичен живот. Примерот на Филип - како изгледа ова во пракса Филип често доживува силно срцебиење пред важни состаноци. Наместо да го игнорира или да се бори со тоа чувство, тој учи да стапи во контакт со него. Кога ќе почне срцебиењето, тој свесно го насочува вниманието кон сензацијата и без осудување ја набљудува. Не се обидува да ја отстрани и си вели: „Знам дека си тука за да ме заштитиш. Го чувствувам твоето присуство и ја разбирам твојата грижа. Сега можеме заедно да одиме во ова искуство.“ На овој начин, Филип не ја одбива анксиозноста – туку ја прифаќа како дел од себе. И токму преку тој дијалог чувството постепено се смирува. Како да стапиме во контакт со емоциите? Препознај ја емоцијата. Не само силните како бес или тага, туку и суптилните како досада, празнина или чувство дека ништо не чувствуваш. Дај ѝ име. Кажи: „Сега јас чувствувам ____“. Остани со чувството. Следи каде го чувствуваш во телото, забележи го неговиот интензитет, неговиот ритам. Слушни ја пораката. Прашај се: „Што сака оваа емоција да ми каже? Кое е моето потиснато барање?“ Со оваа едноставна практика учиме дека емоциите не мора да бидат пречка – тие се дел од нашиот пат кон повеќе автентичност. Клучна поента: Контактот со себе и со сопствените емоции е првиот чекор кон внатрешна стабилност. Во Гешталт терапијата велиме: таму каде што емоцијата е свесно доживеана, таму се создава можност за промена. Со тоа што остануваме присутни, ние ја враќаме моќта во свои раце. Како што сонцето секогаш е таму и зад најгустите облаци, така и нашата свесност е секогаш достапна – за да нè води низ бурите кон мирни и послободни денови.
Zdravo utre treba da izvadam 500 ml krv za namaluvanje na visok feritin ama me fakja strav da ne mi se sluci nesto prv pat vadam tolku krv
Zosto se osekam loso kako da ne ke mozam da prodolzam so mojot zivot smaceno mi e nesto nonstop fakjam urinarni infekcii nonstop nesto me boli kako da se spravam so ova?
Tука сакав да напишам.ова на ФИЛИП е убаво пишано ,ама реално не заменува психолог ни терапија,и не нуди помош..Оние што не биле читања и убави реченици нема да им помогнат.
Ми се слошувало од премногу топло, имам дијагноза, и можам брзо да изгубам свест, со страв надвор сум излегувала, ама лани во 14ч на работа одев на 40 с, зошто така мора, стравот се победува кога ќе се соочиш со него.
Е така кога ке треба да донесеш храна за себе и деца,мора на работа и на ладно и на топло,и ако не помога голташ апче и одиш понатаму.Друго нема,ако мора ,мора.Лани на работа не пушташе газдата клима налето,цркнував од топло,а зимно време исто огромен простор и се штеди на струја ,настината и измрзната ккочан ладно.И си офкав после ,ама тоа беше и помина.Психички не ме напињаа ,па издржав некако .