Па одам редовно кај психијатар и психотерапевт. Тие првенствено ми кажаа, па сето да се потврди кај интернисти. Не се контрајте одма.
Многу често се жалиш дека немаш со кој да излезиш а ти се излегува и како никој немал време за тебе. Еве сега те канат, ти прават чест, ти одбиваш константно. Не ја сфаќам поентата. А дека ќе ти биди подобро ако се затвориш дома меѓу четири ѕида и кукаш, не нема да ти е. Од искуство. Мешај се шо повеќе меѓу луѓе во секоја прилика и неприлика, то е од огромна помош.
Ми се урла не ми се плачи. Хормони се. Нормално е. Ако имаш тежок циклус нормално е да не ти се излегува. Јас првите 3 дена од кревет не би станала.
Да, последно излегов и почнав цела да се тресам и ги викав комшиите да ме соберат оти бев пред онесвестување , излегов еднаш во 12 ч да прошетам, добив паничен и дијареа и дома да ме нема. Седам со другарка, добивам напад на плачење и тресење, се усрамив. Ете така ќе продолжам само напред, и не се предавам.
Нормално дека нема да излегуваш во најжешкото. И разбирливо е со добиено. Ама, како што ти велат, не е добро ни стално да си затворена дома. Следи прогнози и при прва прилика со постабилни температури размисли со кого би можела да се видиш барем на саат време.
Јас ко ќе станам, да ти кажам поручувам и одам фрлам ѓубре, вртам околу зграда еден круг, ќе се видам со, комшии, муабет, после едњн круг низ маало и ете денеска тоа. Одручек пак ќе излезам со другарка и така
До кога мислиш да тераш вака, што мислиш уште колку можиш да издржиш,со години не си мрдната од една иста точка,се изнададе пари по доктори,џабе, само ти констатираат нешто од шо не знаат повеќе што да ти кажат, а ти се врзуваш за нивната констатација и само тапкаш во место,пресечи веќе еднаш,почни да живееш, а не да преживуваш, колку пати си рекла ќе се онесвестиш а никогаш не си се онесвестила.
Се од наведеново, само што не добивам. Успат на темава, имам разговарано со психолог и психијатар, на истава тематика. Ми препорачаја хелекс/димитрин да ме опушти пред вакви собири но воопшто не ми промени. Едноставно во вакви средини се осеќам како туѓинец. Ми препорачаја најмала доза димитрин 5 или хелекс 0.25.
Деметрин и хелекс се за физички манифестации на анксиозност, така да џабе ќе ги испиеш пред кафана кога проблемот е во главата. (Не ти се оди, не сакаш гласна музика, не ти е погодено друштвото и сл.).
Па физички и е. Кога сите околу тебе пијани а ти не пиеш алкохол, како да се опуштиш во таква атмосфера? Замислата да одам ми е добра, ама кога ќе појдам, во првите 15 минути зажалувам.