Па, смени си го друштвото. Барај луѓе кои не пијат алкохол или барем такви кои нема да ти вршат притисок да пиеш. Некогаш ти предлагај локација. Не мора цело време да е кафеана или кафуле. Да гледате филм/претстава или да посетите музеј. Кој сака ќе најде начин.
Јас денес се напив пола од тоа Аклонол и заминав да се видам со другарка.... Не сакам да пијам и не ме тера и ако ме тера некој не го фермам. Убо поминав, да ви кажам сега сфаќам колку сум си се стегала. Без слобода сум била
Епа, гледаш дека може да биде и арно. Нема зошто да се стегаш. Ќе си планираш излегувања според временските услови и работата. Ќе научиш да филтрираш луѓе. Не губи време на такви кои те нервираат ептен.
Јас немам такви симптоми ама сум си плачка општо па ако нешто ме погоди си плачам. Него не можам да те сфатам, кога те викаат зошто те викаат, кога не те викаат зошто не те викаат. Можеш ли бар за момент да се потрудиш и да не го правиш толку голема работа добивањето менструација што знаеш дека ти се случува секој месец, да пробаш да се опуштиш, да си кажеш нема да се дадам на хормониве што ме пукаат додека треба да добијам, да се дотераш, нашминкаш и излезеш да видиш како ќе ти е? Нема да ти се слоши веројатно, нема да припаднеш, нема ништо да ти биде ако се напиеш алкохол и ја опуштиш душата, баш во спротивно мешањето со луѓе, бидувањето со нив, смешки, шали, разговори може да ти помогне многу на психата. Друго, дали психотерапевтот кадешто одиш ти помага за овој конкретен проблем што го имаш или само те клукаат со апчиња зошто не може во рок од којзнае колку години да нема никаков ефект одењето таму? Дали се чувствуваш дека ти помагаат, и дали можеби си размислила да смениш психолог ако не ти помага? Претпоставувам дека ти е многу мачно постојано да се соочуваш со вакви мисли, чувства а не ми изгледа како да прогресираш, па тогаш би превземала нешто посериозно во поглед на тоа. Ништо лошо, само тука сме за помош и поддршка и од она што го согледувам го давам овој коментар
Strav od agorofobija Kako da se nadmine izleguvanje nadvor megju lugje,kacuvanje vo avtobus? Cuvstvo deka ke se pande nesvest?
Чекорите се многу на мала далечина. Помислата да се качи во автобус ствара огромен страв со паники со нагони за повраќање,вртоглавици,губење на воздух едноставно невозможна мисија.
Агорафобија се лечи со изложување. Доколку е толку јака како што кажувате, најпрво нека почне дома да легне и да визуализира со затворени очи тоа што и е најстрашно. Секој ден да вежба тоа. Полека со некој со неа/него да се ослободи. Прво до автобуска. Па после една страница. Па така полека. Дали има страв само од автобус? Или генрално од излегување од дома и на широк простор? Дали зема терапија? Што и се десило да и се појави агорафобија ? мене ми беше појавена од паничен напад на отворено..
Генерално излегување од дома мешање во гужви посебно преку ден А нојќе може да излезе и да шета,интересна работа ,денот гужвите ,сообраќајот и ствара вртоглавица ,нагони за повраќање, невозможност да се стои на семафор од страв да не се падне во несвест да се помине улица и сл. Терапија хелекс зема
Можно е да има проблем со видот или вeстибуларна мигрена. Се дразни од јаки звуци, светло.. штом навечер нема гајле нека види органски да не е нешто. Агорафобија нема само дење или ноќе. Вестибуларната мигрена е невролошко нарушување кое комбинира мигренозни главоболки со проблеми со рамнотежата. Симптомите вклучуваат силна вртоглавица (вертиго), гадење, чувствителност на светлина и звук, и губење на координацијата, а понекогаш се јавуваат и без придружна болка во главата. [1, 2, 3] Еве подетален преглед на оваа состојба: Главни симптоми: Нападите можат да траат од неколку минути до неколку дена. Пациентите често чувствуваат како сè да се врти околу нив, дури и кога седат мирно, а секој физички напор или движење на главата дополнително ги влошува работите. [1, 2, 3] Дијагноза: Често се дијагностицира погрешно бидејќи симптомите се преклопуваат со други нарушувања на увото. Детални информации за причините и дијагностичките процедури може да се најдат на порталот на Apollo Hospitals. [1] Управување со симптомите: Нападите можат значително да влијаат на секојдневниот живот. За препознавање на симптомите на време, корисни совети нуди статијата на BAP Vesti. Дополнително, како помошна терапија за смирување на сетилата при вестибуларна дисфункција, се посочуваат сензорните помагала како тешките ќебиња, за што можете да прочитате на huggy-mk. [1, 2]
Нема органски проблем се е проверено. Видот исто е добар Не дека ноќе нема напади на паника но не се така изразени како ноќе.
Исто ми било, сите симптоми сум ги имала, на крај и паднав и изгубив свест, колабирав. Уште повеќе ми беше страв тогаш. Решението е едно, да се посети психолог и психијатар, ако треба и терапија да се препише, со тек на време ќе се среди, со стравот се соочуваш, за да го победиш, само така и на никаков друг начин.