Гледам една многу честа појава во работата со луѓе кои се справуваат со анксиозност. Доаѓаат до одредена свесност за тоа како нивната анксиозност се одржува. Разбираат дека можеби во голем дел од животот научиле дека: - Мораат да бидат совршени - Да се критикуваат постојано - Да бидат секогаш тука за другите - Да издржат се сами И дека токму тоа ја храни нивната анксиозноста. Но, иако денес имаат можност да изберат поинаку, сепак тоа е најтешкиот чекор за многумина. Зошто? Затоа што следниот чекор бара нешто многу потешко. Да направат нешто различно од тоа што го правеле изминатите 5,10,15 или повеќе години. И тогаш се појавува стравот “Што ако направам чекор и погрешам?” “Што ако кажам “Не” и бидам напуштен/а? “Што ако престанам да се критикувам и станам мрзелив/а?“ “Што ако престанам да бидам совршен/а и ме отпуштат од работа? ” И токму тука многумина остануваат во добро познатиот круг на анксиозноста. Не затоа што сакаат да останат таму, туку затоа што старото им изгледа побезбедно од новото. Но, оттука имаме два избори. 1. Да останеме уште долго во анксиозни искуства 2. Да направиме еден мал некомфортен чекор и да видиме што друго е можно. Со еден мал различен чекор можеби ќе откриеме дека - Кажаното „не“ не е себично. Напротив, можеби ќе имаме повеќе енергија и за себе и за другите. - Постојаната само-критика не нè прави подобри. Напротив, нè прави понесигурни и поисплашени да не грешиме. - Не мора да бидеме совршени за да нè сакаат луѓето што навистина ни се блиски. Напротив, токму нашата човечност и несовршеност нè прават поблиски. - Нема да нè напуштат ако побараме помош. Напротив, можеби ќе почувствуваме поголема блискост и поврзаност. И на крај… Доколку не успее овој нов начин на однесување, старите шеми секогаш ќе бидат тука. На старото секогаш може да се вратиме. Но ако никогаш не експериментираме и направиме нешто различно - никогаш нема да дознаеме дека можело да биде и поинаку. Дека сме имале право да го пуштиме тоа што не го сакаме. Да го побараме тоа што го сакаме. Да избереме да жиееме мирно, задоволно, среќно и автентично. Доколку сакаш можеш да го погледнеш бесплатниот вебинар “Што е анксиозноста и како да се справиме со неа?” https://www.gestaltmacedonia.com/webinar
Здраво на сите. Сакам да прашам дали на некој му се случило синкопа или несвестица. Често почна да ми се случува тоа и многу е непријатно. Симптомите почнуваат со будење од спиење, болка во стомак гадење, општа омалаксаност во раце и нозе. Направено еег, кт на глава, екг ехо се е во ред, едноставно нема одговор. Дали има некој искуства со ова да споделиме мислења. Фала.
Здраво на сите. Имам анксиозност од мојата 18-та година. Имам периоди кога сум одлично, па повторно ми се враќа, па пак сум добро – и така во круг. Барем не е толку честа како порано, но сè уште е присутна. Последниве денови сум преокупирана со грижи. Најмногу за моето здравје, а веднаш потоа и за моите најблиски. Многу ме вознемирува туѓиот стрес и туѓата нервоза. Дури знам да си помислам дека од толкава нервоза ќе им се случи нешто лошо на луѓето што ги сакам. Поради тоа избегнувам стресни разговори и ситуации, затоа што веднаш почнувам да паничам. Последниве десетина дена имам чувство дека секој што ќе седне до мене ми раскажува некој проблем, а јас наместо само да сослушам, ги преземам тие грижи и си создавам дополнителен стрес. Размислувам и да дадам отказ од сегашната работа. Веќе 8 години сум во истата фирма и искрено чувствувам дека можеби токму таа средина многу ми влијае на психата. Од друга страна, имам прекрасна врска. Дечко ми е навистина добар човек, но едноставно не разбира што е анксиозност. Неговиот совет секогаш е: „Не се нервирај“ или „Не се стресирај“. Знам дека има добра намера, но понекогаш чувствувам дека не сме на иста бранова должина кога станува збор за ова. Дополнително, тој сака речиси цело време да сме заедно – постојано сме во контакт, се слушаме, се гледаме. А јас чувствувам дека ми треба личен простор. Кога ќе му кажам дека сакам малку да одморам сама дома, тој не го разбира тоа и се чуди. Дали некој поминал низ слично? Како се справувате со тоа што постојано ги впивате туѓите грижи? И како на партнер кој никогаш немал анксиозност да му објасните дека потребата за личен простор не значи дека го сакате помалку? Благодарам однапред на секој што ќе одвои време да ми одговори. ❤️
Исцрпена си. Ти треба бар краток одмор некаде сама или со луѓе кои имаат разбирање. И да си побараш стручна помош. А, на дечко ти јасно кажи му дека се гушиш. Не мора да му креваш на секој повик и не мора секогаш да му отвораш врата. Ако треба, замоли некој твој близок да му објасни да ти даде простор. Не е задолжително постојано да сте заедно.
Многу се пронаоѓам во твојот карактер, затоа што до пред извесен период бев иста, секоја човекова тежина беше некако и моја, додека не прегорев од грижите на сите, а да си ги запоставувам моите и почнав да си ставам јасни граници. Анксиозните луѓе посекако се преемпатични и од таму потекнува целосната грижа за туѓите проблеми, повеќе отколку твоите, затоа што сите ги разбираш и веќе не знаеш да разграничиш дали е тоа твој проблем или не е. Што е многу нормално, ама мораш да почнеш да ставаш јасни граници доколку не сакаш да се доведеш до ситуација на бурноут од туѓи проблеми, а твоите да ги пикаш под тепих. Јас лично се приметив сама себе дека сакам на сите да помогнам, сите да ги ислушам и тоа почна едноставно многу да ми пречи за себе затоа што честопати не си се слушав себеси и така си почнав со една мисла дека можам да бидам тука за некого, ама морам да престанам да ја носам нивната тежина. Од таму можеш да почнуваш да си поставуваш некои свои граници во глава затоа што треба постојано да се потсетуваш кога некој ти кажува свој проблем, твојата улога е да го сослушаш, а не да го доживуваш нивниот проблем како твој личен. Многу полесно ќе ти биде кога ќе сфатиш дека туѓите проблеми, грижи и стравови не треба да ги доживуваш како твои и треба да си слушател само во таа ситуација, и нормално да дадеш совет. Секој што нема да ја испочитува таа граница јас би го тргнала од животот затоа што многу често луѓето знаат само да се жалат, без ништо да превземат за тој конкретен проблем и само да ти ја цицаат енергијата. За работата сакав да напоменам, јас годинава исто си дадов отказ од фирмата кадешто работев 2 ипол години затоа што максимално психички и физички ме истошти. Ако веќе и самата чувствуваш дека таа средина те исцрпува, послушај си ја својата интуиција и почни да си бараш нешто друго. Не мора одма да дадеш отказ, ама почни да разгледуваш други можности и види каде се пронаоѓаш на пазарот, па појди од таму, аплицирај на некои места и види како ќе ти биде. За дечко ти, не знам колку долго време сте заедно, меѓутоа еве ќе зборувам од моја перспектива. Ние сме 9 години заедно и мислам дека е многу важно и како му го кажуваш тоа што му го кажуваш, не воведувај трети или четврти личности во вашиот однос затоа што тоа само ќе ги влоши работите и само пробај да му ја објасниш ситуацијата најсмирено. Те читнав низ темите и видов дека се обидувате за бебе што е самото по себе прекрасно и би требало со тој човек да си премногу поврзана за да планираш таква иднина, па сигурно и он би те разбрал. Можеш да му објасниш дека кога ти треба време сама, не значи дека не сакаш да си со него, туку ти треба време да си го смириш умот за да можеш да бидеш поприсутна во работите што ќе ги правите заеднички. Ако живеете заедно, мене тоа многу ми помогна, излагам сама на кафе со книга, или да возам точак, или да си одам на шопинг и некое време си го пуштам мозокот на пасење. За крај, не знам дали одиш на психолог, меѓутоа со оваа блага анксиозност јас би отишла да си поправам муабет. Среќно
Така е, превише е поврзан со мене и како што реков многу е добар, а сум му кажала уште пред да бидеме заедно дека си имам понекогаш потреба од личен простор, ама тешко иде да се дообјасни тоа некако.
Те разбирам многу, затоа што и јас поминувам низ слични работи. ❤️ Анксиозноста знае да направи да чувствуваме како да ја носиме тежината и на нашите, и на туѓите грижи. Тоа што ги впиваш емоциите на другите не значи дека си слаба, туку дека си многу чувствителна и грижлива личност. Но со време човек учи дека не може да ги носи сите туѓи товари. За партнерот, искрено мислам дека ако никогаш не почувствувал анксиозност, тешко е целосно да разбере низ што поминуваш. Најчесто кога велат „не се нервирај“, тоа го кажуваат од љубов и затоа што сакаат да помогнат, а не затоа што не им е грижа. Но за нас што се бориме со анксиозност, тие зборови не го решаваат проблемот. Исто така, потребата за личен простор е сосема нормална. Тоа не значи дека го сакаш помалку или дека нешто не е во ред со врската. Понекогаш едноставно ни треба време сами со себе за да се смириме, да си ги средиме мислите и да ги „наполниме батериите“. Ако те сака, со време ќе научи дека тоа не е оттурнување, туку начин на кој се грижиш за себе. Не си сама во ова. Биди нежна кон себе и не чувствувај вина затоа што ти треба мир. Те гушкам и ти посакувам што повеќе мирни денови. ❤️
Секој човек мора прво да е со се себе па да биди со друг. Еве не се осеќам океј. Имаш дечко коа имав 17 год и цело време мислев дека тој е љубовта на мојот живот, мн се потпрев на него и што? Мислев тој ќе ми помогне, да си се засакам себе, мислев ќе биде со мене, ќе ми дава поддршка и сл. Ама ништо....како му кажуваше сестра му, тој така правеше.... И оттогаш си ја влечкам анксиозноста. Не сум, со него фала Богу. И до ден денес никој не ме сфатил како ми е. Мораш сама прво на себеси да си угодиш па на друг. Еве одмарам јас, и тоа е... Подобро отколу што бев заглавена во токсична раб средина и врски. Тоа е. Работам на себе, водам дневник, ко ќе ми е убо излегувам, сама шетам, ама не се замарам со другарки, и така тие не ме сфаќаат. Коа сакам сум дома, се излежувам, не сакам луѓе некогаш. Иам закажано на психотерапевт и психијатар за да видам до кај сум со себе. Си вежбам јога. Се слушам себе. Неќам да слушам поќе да ми се жалат, пример го кажав тоа со другарка ми, си зема 1000 евра плата, прва смена од 8 до 16ч, си оди на курс. Јас коа бев втора смена, немав време за себе и и кажував, и ме убедуваше дека исто и таа нема време за себе. Таа не работеше државни празници и си спојуваше, јас не. И ми вика исто сме биле. Не, не сме. Јас цело време ја ислушувам. А, кога ќе дојди на ред јас да зборам, аха добро ми вели исто и јас. Значи, не ме слуша, не сака. Се случува да ја нема да ме праша како сум - и само рилчиња ми праќа. Wtf? Така да шуткај пред себе. И дирек в лице кажувај му, ако треба нека се лутат, нека ти речат не беше ти ваква, лоша си мн и сл. Јас сакам да работам на себе и на поставување граници и сл. И да ви кажам yin yoga мн ми помогна во искажување на емоции, внатре трауми што ги имам. Проблемот кај мене е што почнав во себе да ги држам - најлошо нешто.
Искрено со тоа што се споредуваш со другарка ти, не си правиш многу подобро, ама не сакам да солам памет. Не знаеш на кој и како му е, па да споредуваш и колку плата зимала и од колку работела и каде одела на курс, споредување со други и да си во натпревар на кого му е потешко е најлошо нешто.
И јас поминувам низ анксиозност и знам како е и пишував од срце ако на некој му помогне тоа ми е доволно поздрав ❤️
Те сфаќам дека поминуваш, ама тогаш многу повеќе ќе и значи на членката ако напишеш мислење од срце и како ти се справуваш, без чатгпт.
Финтава е само јас ја исслушувам и и кажувам шо ни недостига на двете. А јас ко ќе збронам, кој ме бипка
Тоа е мое мислење и мое искуство. Ако на некого му помогне, тогаш коментарот ја исполнил целта. Не мислам дека начинот на кој е напишан коментарот е поважен од намерата. Јас искрено сакав да ѝ дадам поддршка бидејќи знам како се чувствува.
Ти кажавме и претходно во разни теми. Ако сакаш да те слушаат, треба и ти да слушаш. И да не минимизираш туѓо искуство. Тоа што на тебе не ти изгледа лошо таа, не значи дека на неа ѝ е супер. Споредувањето не помага. Секоја планина е со своја тежина. Можеби има мака за која ти не знаеш, ама која ја обзема и нема многу време за тебе да те примети. Ама не сака да те замара. Моите другарки не знаат за сите мои проблеми и јас не знам за сите нивни проблеми. Сите споделуваме онолку колку што ни е комотно во даден момент. И тоа е во ред затоа што некогаш на човек навистина му требаат моменти само за и со себе. Другите не се должни да бидат оптоварени со нешта што не ги засегаат. Едноставно е. Можеш или да подобриш комуникација или да ја прекинеш скроз.