Човек не се чини дека ја слушаш ако постојано се споредуваш со неа. Дали ја слушаш само за да кажеш дека ја слушаш и да се споредиш како на тебе ти е најтешко, а неа многу лесно затоа што работи прва смена? Не разбирам што не разбираш. Никогаш нема да успееш да се подобриш ако постојано се споредуваш со некого и ако постојано си велиш дека тебе ти е најтешко а на некому му е полесно.
Да, се споредувам и се фаќам дека се споредувам. Ама не можам да трпам, да ми се жала за се и сешто и јас ко ќе додјдам на ред.. Е ајде, ќе си најдиш работа. Е ајде то е. То е. Еден совет не дала
Тогаш смени си ја другарката, најди си нова. Не знам што се дружиш со луѓе што не те слушаат. Луѓе отпишуваат фамилија, ти за една другарка се замараш. Не мора да се дружиш ако не ти одговара. А како ѝ е на нејзе и кому му е потешко, прво не можеш да знаеш и второ немаш потреба да се споредуваш со други.
Те читаме, но не добиваме таков впечаток од твоите мислења. И вистинско слушање е само да слушаш за неа без да правиш споредби со твојата ситуација. Можеби несвесно и на неа ѝ даваш знак со кој мисли дека не си ѝ доволно важна. Ова лесно се решава. Седнуваш и правиш еден долг и јасен разговор. Двете да ставите на маса што имате. Потоа ќе увидиш дали односот може да ви се подобри или секоја да си тргне по свој пат. Секако не е задолжително да сте другарки.
@GirlLove Никогаш не се споредувај со друг, туку со самата себе, труди се да бидеш утре подобра од тоа што си денес. Спореди си го напредокот од пред година дена и денес.. На секој неговите проблеми му се најголеми... Другарството не е исто што и психијатар.. Ако се имате како другарки само за да си споделувате на која и е потешко и да очекувате едната на другата да глуми психолог не сте другарки.. Вистински другар се радува кога неговиот другар постигнал успех и поголем од неговиот, не е љубоморен.. Да и во лошо треба да ти се најде, еве те ислуша и таа сигурно тоа што тебе не ти олеснило после тоа не таа виновна, може едноставно слуша ама не знае како да те утеши освен да рече "ќе биде добро". И на крај не мора да се дружиш со некој што не ти одговара..
Како сте на жешковоо,многу ми ствара паника и анксз од жешково како да ми се свртува потам цела ,не се можи секое лето иста приказна. ..
Не можеме да ги кривите другарите,никој не е должен да слуша 24,7 за болести,секој излегува да си помини убаво
Нит зборуваме само за болести. Јас си тлеам во себе пред други и напади ко ќе имам, одам вц, и таму плачам и се тресам.
Да де. Апсолутно, исцрпувачки е некој постојано да ти се жали и да ти збори само за свои проблеми. Тоа не е спорно. Ама општо реков за другаркава, пошто повеќе пати се жалеше од нејзе. Ако толку не ти одговара некој, не мора да се дружиш по секоја цена. Има и други луѓе за дружба, ќе си се пронајдат.
Денеска паничен напад.. Од своите мисли.. Се осетив дека сите сакаат да ме контролираат. Што сум јас? Не ме остава никој на раат одлука да донесам секој нешто си кажува. На мајками и сметало дека идам кај дечкоми често, нив сум ги запоставувала, а таа има 100 маки и секако дека ми е жал за неа. другарками ми вели не верувај во дечковци вакви такви се... Некао сите ми се умепуваат и ми солат памет. Ве молам и во моментоб баш сум за никаде како да се смирам? Ќе излезам од кожа ме пецка се пеив сега дијазепам 5 зошо ме смири малце...
тоа што другите имаат мислење не значи дека мораш сега веднаш да ги слушаш или да одлучуваш. Твоите чувства се важни
Нека си зборат. Ти не мора да ги слушаш. Излегувај си некаде или седи си во собата и пуштај си музика.
И мене исто посебно кога е вака тешко као ќе заврне а нема да заврне. Секое лето и кај мене иста приказна
Текст од Социјални медиуми кој можеби ќе помогне некому Голем дел од анксиозноста доаѓа од нашата потреба да бидеме сигурни дека ништо лошо нема да се случи. - Никогаш да не останеме без пари - Секогаш да сме здрави - Партнерот да остане засекогаш со нас - Планетета да опстане Но токму тука започнува проблемот. Затоа што животот никогаш не бил сигурен, ниту стабилен. И навистина… Не можеме да предвидиме што ќе се случи во следниот момент - Утре може да скршиме нога - Да се разболиме - Да нѝ дадат отказ - Да заврши врска за која сме мислеле дека ќе опстане до крајот на животот Но, кога очекуваме секој ден да биде стабилен - токму тогаш се создава анксиозноста. Токму тогаш почнуваме да градиме невидливи ѕидови меѓу нас и животот. Да ги очекуваме најцрните можни сценарија. Да го преиспитуваме секој наш следен чекор. Да се плашиме и од најмалите промени. И незабележливо почнуваме да се криеме од животот, наместо да го живееме. Но, најважно од се…Ја пропуштаме можноста за раст. Можноста да го изградиме капацитетот што нѝ помага да се справиме со сите непријатни изненадувања што животот може да нѝ ги донесе. Оттука, прегрнувањето на животот со сите неизвесности - го гради нашиот капацитет за помирно пловење низ следната бура. Па замисли се неколку години од сега… Си се впуштил со раширени раце кон животот. Влегуваш во различни врски, партнерства, работни места, искуства. Дел од нив веројатно ќе завршат и нема да траат вечно. И тоа ќе те боли. Но, не е важно.. Важно е што низ тие искуства учиш дека можеш да го преживееш следното изненадување од животот. Дека можеш да се справиш и со она што никогаш не си го планирал/а дека ќе го дочекаш. И тука една работа почнува да станува јасна. Со тек на време живееш помирно, послободно и постабилно. Но, не затоа што светот станал попредвидлив. Туку затоа што си посилен/а кога животот ќе стане непредвидлив. Затоа што имаш самодоверба дека што и да ти донесе животот - ќе го прифатиш и поднесеш. И можеби мирот не доаѓа кога конечно ќе успееме да го контролираме животот. Туку кога ќе престанеме да бараме гаранции од него. Кога ќе научиме дека животот постојано ќе се менува. А ние, чекор по чекор, учиме како да се менуваме заедно со него.
јас многу се нервирам така,човек со мака испитувања во ред на крај испаѓа ништо не ти е а стварно имаш мака.