Читајте книги. Фикција. Ритуализирајте го читањето со лабава облека, пијалок, газирано, кафенце, бисквитче, чокаладце, лабава музика, класика, џез, lo fi, бел звук, природни звуци, фотеља, кревет, ќебенце, клупа во природа, тревник,... читајте што е можно почесто.
Се е до мозокот вистина Мора хоби,занимација ,дружење затоа што дома затворен ништо не бива само мисли ќе се вртат во круг без крај. Јас супер си бев до пред некое време и пешачев сама по кеј и се но ме фати тежок вирус корона ли беше што беше не знам и од тогаш ми се направија филмови милјарда и почнаа паниките пак. Не знам само како да се врати таа позитивна мисла,размислување.
Дома не, никако затварање, полошо е. Занимација мора да се најде, кој, што и како милува, оти дома заклучен депресии маваат. Интроверт сум, од дома не излагав, а сеа поише од 2 дена не можам, склет фаќа, нервоза, сакам да се раздвижам, телото само си бара прошетки, активности. Не ви требаат ни луѓе, доволно е да правиш тоа што те исполнува, да уживаш во времето поминато сам со себе, да се релаксираш, и да се мотивираш дека ќе биде се' подобро. Сам ако не си помогне човек, никој не го оправа
Џабе Коа јас сама ова не можам да си го исполнам.. Ве молам не бидете ко мене Колку е најбитна поддршката за излез од ова срање Ценете ги тие кои ви ја пружаат.
Од се по нешто. Омалаксаност 0 енергија Раздразливост Ми се плаче Се лутам за се Се нервирам за се Ми се дига кортизол Ми се дига притисок Тахикардија Се напињам Краток здив Се штрекам и станувам успаничена навечер коа спијам, лапам диазепам и се враќам у кревет Иам денови коа не ми се постои Се гушам у гужва, галама Главата знае да ми е ко матна, некое такво чувство, не ми се врти буквално но е незгодно, ко ошамутеност Жештина и топлина ко да вријам Нетрпеливост, 0 толеранција Нелагодност околу желудникот Чувство дека сакаш да си искочиш од својата кожа.. Истовремено имам и хормонски дизбаланс, па што како и од што крај не можеш да му најдеш Али немој, убави сме биле за да сме анксиозни Бог да чува.
Правам таму на 6 месеци отприлика цел хормонален статус, и на ехо ме имаат глеано. Во ред била структурата, немаа најдено нешто до сеа. Тсх знаел да ми скокне, променлив ми е, тироксинот бил нормален секогаш. Ми немаат предложено терапија, што знам. За анксиозност не, ако мислеше ад. Пропранолол пијам, и Глукофаж заради инсулинската резистенција. Резистенција регулирана уште пред 6 години, репродуктивни хормони дивеат се'уште. Ма упм све, никој не се ни замара @ALISA0000 да, неам само анкс, затоа и викам да не се препишува одма све на психичка основа, а така и праат. Се жалиш, абе иди на психијатар ми кажуваат
Ја бев 5 години вака како тебе Се тоа од тсх 5 -6 Коа ми дадија терапија после 5 години мачење се се стабилизира предходно демек не е за терапија